Коронавирус (COVID-19)

C

CoolIris

Гостин
Ивермектинот од друга страна има многу сериозни несакани ефекти (затајување на црн дроб, дури и слепило), ама ваљда се игра на cost vs benefit. Само се надевам нашиов народ нема да почне на своја рака да си го зема како што направија со Сумамедот и секој друг лек за кој се наслушна дека помага.
Мислам дека сеуште е рано за да се биде оптимист по прашање на ивермектинот. Резултатите од истражувањата ветуваат, но сепак ин виво и инвитро не е исто.

Една мала дигресија кога веќе спомна Сумамед. Кога ќе видам што се испримале Ковид + пациенти....сумамед × 2, панцеф, моксирал, зинат...партали во организам. Играјќи на таа карта и гледано долгорочно и тоа би било сериозен несакан ефект. Па на сето тоа додади ги и кортикостероидите (тензија и гликемија до плафон). Пандемија на антибиотска резистенција и кушинг, не ни бега.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574

Да, сега се гледа само да се спаси жива глава, а допрва ќе излегуваат на површина долготрајните последици, не само од лековите туку и пустошот на организмот од самиот вирус. Не е дека е банален аденовирус па за три дена оп-троп ништо не се случило.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Што значи ако човек има високо ниво на антитела после тестирање направено по 4 недели од денот на позитивност?
Зборам за 22-23 бројка.
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.498
Поени од реакции
2.622
Што значи ако човек има високо ниво на антитела после тестирање направено по 4 недели?
Зборам за 22-23 бројка.
Мислам дека Бијонс објасни во некоја од темите.Ако имаш само IGg антитела значи дека организмот се изборил со вирусот и створил антитела.И мислам дека колку повеќе толку подобро со оглед дека после некое време се губеле полека полека.

Каде се тестираше ако не е тајна зошто гледам си пишал некој бројки а јас како што имам читано само кажуваат позитивен и негативен на антитела?
 
Последно уредено:
C

CoolIris

Гостин
Што значи ако човек има високо ниво на антитела после тестирање направено по 4 недели од денот на позитивност?
Зборам за 22-23 бројка.
ИгГ антитела?
Значи дека има стекнато имунитет против вирусот.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Мислам дека Бијонс објасни во некоја од темите.Ако имаш само IGg антитела значи дека организмот се изборил со вирусот и створил антитела.И мислам дека колку повеќе толку подобро со оглед дека после некое време се губеле полека полека.

Каде се тестираше ако не е тајна зошто гледам си пишал некој бројки а јас како што имам читано само кажуваат позитивен и негативен на антитела?
Авицена. Им потенцирав дека сакам за антитела да праам тест.
ИгГ антитела?
Значи дека има стекнато имунитет против вирусот.
Igm + IgA 2,486
IgG 19 873

Друго ме интересираше исто, ако бројката е вискока, имунитетот е подолготраен или нема врска тоа?
 
C

CoolIris

Гостин
Друго ме интересираше исто, ако бројката е вискока, имунитетот е подолготраен или нема врска тоа?
Не би рекла подолготраен. Тоа уште со сигурност не знаеме колку трае имунитетот кај вирусов. Ама секако е подобро поголем број на ИгГ антитела да имаш во организмот.
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.498
Поени од реакции
2.622
Авицена. Им потенцирав дека сакам за антитела да праам тест.

Igm + IgA 2,486
IgG 19 873

Друго ме интересираше исто, ако бројката е вискока, имунитетот е подолготраен или нема врска тоа?
Според некоја си логика колку повеќе антитела толку подобро и подолготрајно.И да се губат полека полека си имаш резерва за подолго :)

Иако некој вика дека освен овој имунитет има и скриен имунитет некој си таму Т - клетки кој памтат и се спремни да нападнат ако се врати пак вирусот :)

Кажи ми која цена беше тестот..Сакам и јас за некој две недели да идам?
 
Не повеќе од 2000ки мислам беше, оти праев и стандардна крвна слика па платив на ѓутуре.
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.498
Поени од реакции
2.622
Ме интересира едно прашање од искуство ако некој освен Саладин во Авицена дали во другиве лабаратории приватни (Биотек,Систина и Жан Митрев) дали тестовите за антитела ги означуваат само со позитивни и негативни или во самиот тест ја пишува и количината (концетрацијата на антитела)?
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405

Кога се тестирав со ПЦР во исто време се тесетирав и за антитела со земање крв. Испаднав позитивен и си имаше и бројка за анѕитела, 0.18 и 0.8 шѕо означуваше рана инфекција.
Планирам во скоро да правам тест за антитела, да знам колку имам сега па ако има да се смирам барем психички. Инаку пред некој ден гледав 1 800 денари беше цената.
 
Оваа цена ја видов во Авицена а на другиве места приватни е 1200ден за комплетен тест на антитела а во Авицена само IGg да провериш е 1200ден и малце чудно ми паѓа со оглед дека Авицена од почетокот беше за 1000ден поефтина од другиве места за ПЦР тестот.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Ивермектинот од друга страна има многу сериозни несакани ефекти (затајување на црн дроб, дури и слепило), ама ваљда се игра на cost vs benefit. Само се надевам нашиов народ нема да почне на своја рака да си го зема како што направија со Сумамедот и секој друг лек за кој се наслушна дека помага.

Точно, далеку од безбеден медикамент.
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Ме интересира едно прашање од искуство ако некој освен Саладин во Авицена дали во другиве лабаратории приватни (Биотек,Систина и Жан Митрев) дали тестовите за антитела ги означуваат само со позитивни и негативни или во самиот тест ја пишува и количината (концетрацијата на антитела)?
Жан Митрев и Систина, даваат концетрација на антитела....од блиски што се тестирале. За Биотек не знам, треба да се праша.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.178
Поени од реакции
17.990
Авицена. Им потенцирав дека сакам за антитела да праам тест.

Igm + IgA 2,486
IgG 19 873

Друго ме интересираше исто, ако бројката е вискока, имунитетот е подолготраен или нема врска тоа?
Можеш да дадеш крв за плазма. Овие антитела ќе ти потрајат едно 2-4 месеци, како што гледам спрема истражувањето во светот.

И не се секирај имаш имунитет ако немаш антитела после тие месеци.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom