Бев во Рим на почеток на месецов, сега сум дома во карантин и самоизолација, добар сум, нормално си чекам да поминат 14 дена, пред било какво напуштање на мојот дом. Е сега, накратко за ситуацијата таму (тогаш беа барем тројно помалку заболени), па споредба со тука. Прво, таму најнормално си се одвиваше се, дури на бројка од 10к луѓе заболени прогласија црвена фаза во цела Италија и работно време до 6 поручек на ресторани, продавници (сите освен супермаркети) итн. Но и тогаш имаше она балканското, каде што во 7-8 навечер продавницата свети и продавачот седи на врата, за ако дојде полиција демек затворено е само внатре средуваат, а ако не дојде, и се приближуваш до продавницата да ти рече дека е отворена. Ова нормално не можеше да важи за кафичите, ама важеше за продавници за чоколадо и други некој кој што ги приметив (кои требаа да бидат затворени). Значи несериозни се тотално луѓето дури и на четирицифрен број починати луѓе од вирусот. Е сега, таму со купување во маркети е хаос, ова кај нас што го гледам сликани редици од Кам и Стокомак е зезанција во споредба со таму, во Лидл си чекаат поштено луѓето од сабајле до вечер за да влезат, редот е цел паркинг, и имаат регулатива пример 30 луѓе да се во супермаркетот, еден кога ќе испазари, друг ќе влезе. Сите од еден до последен пазарат цела количка, и имаат сметки од промет над 1000 евра, пазарат за цел месец, и просечно еден пазари по половина час. Е сега, луѓето сосема смирено го прифаќаат тоа дека треба да чекаат до вечер за едно пазарење, трпеливи се, одалечени се на 3 метри. Исто така, крајно разочаран сум од односот према луѓето кои влегуваат во Грција и во Македонија. Бидејќи слетав од Рим до Солун, на аеродромот таму немаше ниту проверка на пасоши, ниту проверка температура, НИШТО, директно од авион на паркинг, а ти доаѓаш од Италија. Нема врска, од кај и да доаѓаш, крајно несериозно е, баш приметив дента кога дојдов 90 беа заболени во Грција, следниот ден 190. Во Македонија на граница иста приказна, му кажуваме на тој дека од Италија доаѓаме, ни вика ако терајте не треба ништо. Ниту температура ниту да потпишеме нешто дека ќе одиме во карантин, ниту адреса нешто да поднесат на полиција да проверува дали навистина си во карантин, тотално без замарање. Доаѓам дома и на вести има како на граничните проеврки детална контрола се правела, температура мерење, курци палци, реалноста за жал не е таква. Често гледам низ прозор сега дека повеќе слободно време имам, и кога и да погледнам, гледам баби како шетаат бебиња во количка да искористат убавиот ден сонцето, млади излезени, читам ДПА конгрес си одржале преполна сала, инстаграм сториња од луѓе надвор излезени, не е касно да проработи свеста сеуште, ама набргу може да биде, затоа останете дома.