Коронавирус (COVID-19)

Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Што научивме од пандемијата досега!

➡ Не го напуштајте домот во никој случај. Освен во случаите кога мора да го напуштите. Не излегувајте после 21 часот, затоа што тогаш се шири вирусот. Или после 16. Или цел ден. Или после 19. Или 3 дена, затоа што е празник.

➡ Не одете во планина, ни на сонце, ниту на воздух, затоа што така го спречуваме ширењето. Но, слободно чекајте на ред во банка и маркет. Или причестувајте се со исто лажиче. Ама носетете маска додека го правите тоа.

➡ Сите продавници се затворени. Освен оние кои се отворени. И сите продавници мора да останат затворени, освен оние кои мора да останат отворени.

➡ Вирусов е смртоносен. Ама не се плашете - убива само луѓе кои се ранливи и луѓе кои не се ранливи. Или дебели. И слаби. Ама најчесто оние со нарушен имунитет. Освен, во некои исклучоци, кога не се со нарушен имунитет.

➡ Во самоизолација се седи 14 дена. Или 7. Или 10. Или 7 дена од последен контакт со заразен. Или колку сметате дека треба. Освен ако не добиете желба да излезете надвор, на бербер или да се повозите со мотор.

➡ Треба да бидеме во „локдаун“ за да го сопреме ширењето на вирусот. Но, вирусот ќе престане да се шири само кога доволен број од нас ќе се инфицираат, односно, кога ќе изградиме имунитет. Затоа, многу е битно да создадете имунутет, но исто така - многу е битно да не се инфицирате.

➡ Владата ќе ви помогне финансиски. Освен, во случаи кога не ги исполнувате условите - тогаш не ви следува помош. Освен ако не сте религиозна организација. Тогаш ви следува помош иако не плаќате данок. Помошта е најчесто за оние кои работеле лошо и имале загуба. Зошто оние кои работеле добро и го полнеле буџетот не им треба помош. Ќе се снајдат.

➡ Следните 2 недели се клучни. Или тие после нив. Или следниот месец. Или после пикот. Или следните 30 вонредни дена.

➡ Кризата чини пари, па затоа мора да се штеди. И донациите од приватниот сектор се битни. Кој реално не добива помош од државата.

➡ Солидарноста е битна, па затоа мора да се одложат кредитите за 6 месеци. Но, затоа ќе ви ги наплатиме дупло ратите за тие 6 месеци. Затоа е што немате пари, но ќе имате, затоа што не плаќате рати.

➡ Исто така, нема потреба да се намалат платите на администрација, затоа што администрацијата е битна. Иако, не одат на работа. Исто така, затоа што секој денар е битен, битно е ФИТР да спрчка што повеќе пари на „дигитални решенија за справување со коронавирусот“ кои никој нема ни да ги види.

➡ Не треба да одите на лекар или во болница освен ако не мора стварно да одите. Или, кога сте премногу болни за да отидете во болница.

➡ Битно е да се тестирате. Иако, за закажано тестирање се чека по неколку недели. Значи не е битно. Битно е да сме здрави и живи.

➡ Вирусот не е опасен за деца. Освен за оние деца за кои е опасен.

➡ Вирусот останува активен на различни површини 2 часа. Или 4 часа. Или 7 часа. Но, во повеќето случаи останува со денови, а не часови, му треба топла атмосфера. Или ладна атмосфера која е топла и сува. Во воздухот. Освен ако воздухот не е направен од пластика.

➡ Училиштата се затворени. Па, мора да ги едуцирате децата сами дома. Освен, во случаите кога не сте дома. Или може да ги едуцирате онлајн. Освен кога имате 2 или повеќе деца. Или тапа интернет. Или само еден компјутер. Или истовремено работите од дома.

➡ Маските се бескорисни во заштита од вирусот. Но, сепак мора да ги носите. Или да носите шал. Кој исто така е бескорисен. Ама, штити колку-толку. Затоа што може да спасите нечиј живот. И да се чувствувате како херој. Дури и кога не сте. Носењето на маски во некои случаи е задолжително. Или нема потреба да биде. Освен ако е на во јавен простор, Или во автомобил.

➡Не треба да одите на работа. Освен во случаи кога ќе најдете друга работа која можете да ја работите од бизнис кој има дозвола за работа. На пример, во фабрика. Или на скеле.

➡ Останете дома. Бидете херој. Не знам колку уште видеа со познати личности треба да ви кажат дека треба така спасувате животи. И дека е добро да се излезе надвор, затоа што тоа помага во одржување на имунитетот и менталното здравје.

➡ Животните не можат да се заразат. Освен тигрите. И по некое куче. Или мачето од Белгија.

➡ Лајв стримови и пресови мора да има секој ден. Така се одржува популарноста. И Lide Lide конечно ќе си најде дечко.

➡ Бројот на инфицирани, закрепнати и умрени ќе ги објавуваме дневно. Но, не знаеме колку точно се инфицирани затоа што ги тестираме само тие кои се речиси мртви, за да утврдиме дали умреле од коронавирус. Исто така, 26 од 28 излекувани се „лекувани“ во домашни услови.

✔ И секако, фала ви на сите PR експерти што ја држите ситуацијата под контрола. Епидемиолозите се најмалку битни во приказнава. Се гледаме на врвот!

Марјан Лазаревски

Што убаво срочено. :)
Ова на српски беше, некој уметник беше потпишан, а дечково го превел на македонски. Смешно звучи, иако сè е вистина :D
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Кој е овој бе Марјан и дали ставил извор на повеќето преведни точки кои беа постирани на англиски претходно?
Кажи му да додаде и ова со цигарите сега, најновово.
Еве кажи му ти, ако не сум грешка на @Acid е напишаното.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.729
Поени од реакции
12.162
Sega ke pocnat kaj nas namesto po edna kutija po dve kutii da pusat lugeto zatoa sto go slusame i citame samo toa sto ni odgovara.
па не е баш така. Ако читаш внимателно, процентот на заболени/заразени од вирусов е помал кај пушачите. А не дека ако заболат нема да имаат повеќе проблеми од непушачите. Треба да се чита нормално без предрасуди, јбг. Се отепаа овде да споредат Шведска со Македонија, а ниеднаш не напишаа каков е воздухот таму, каква храна имаат, благосостојба на живот итн итн.
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.705
Поени од реакции
27.662
да споредите Шведска со Македонија, а ниеднаш не напишавте каков е воздухот таму, каква храна имаат, благосостојба на живот итн итн.
воздухот е боље, храната им е тиња, благосостојбата е повисока ради платите ама немаат дружба
нерешено 2:2
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.729
Поени од реакции
12.162
воздухот е боље, храната им е тиња, благостосјтобата е повисока ради платите ама немаат дружба
нерешено 2:2
епа дружбата не јебе нас балканци. Социјална дистанца ли беше...
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.186
Поени од реакции
34.419
Кој е овој бе Марјан и дали ставил извор на повеќето преведни точки кои беа постирани на англиски претходно?
Кажи му да додаде и ова со цигарите сега, најновово.
Инспирација за објавата се некои клучни поенти кои ги објавија Анонимус пред некој ден.
Кои делови сметаш дека се „преведени“ според тебе и од каде?
Ова на српски беше, некој уметник беше потпишан, а дечково го превел на македонски. Смешно звучи, иако сè е вистина :D
Стварно? Од кај сум го превел? Дај линк да видам :)

Заборава да каже (или не знае) дека идејата е да се успори ширењето на вирусот. За да не се преплават болниците со пациенти. За да не умрат многу повеќе луѓе кои би умреле без медицинска нега, апарати за дишење, итн.
Еј фала, од вчера сум, не знаев дека поентата е да се успори ширењето на вирусот.
Поентата на статијата не е дека „вирусот е измама“ или дека „не постои“ или дека е „обичен грип“. Поентата е дека, по факинг четири месеци, благодарение на контрадикторните изјави и активности (пред се' на СЗО и владите) уште сме во невидино хаотична и конфузна состојба. Поентата е дека работите кои се прават за спречување на заразата се контрадикторни, а поради тоа делуваат несериозно и на моменти глупаво.

едит: На крај нели се гледаат резултатите од државите кои не спроведуваат локдаун (или ограничено/покасно го спроведуваат).
Резултатите може да се споредат и да бидат релевантни само доколку во сите држави кои спроведуваат „локдаун“ се спроведуваат истите мерки. Или се тестираат ист број на луѓе. Или се применува истата грижа за заболените и тн. Не може, да правиш споредба помеѓу земја со здравство од типот на Германија или Шведска, со земја во која „26 од 28 излекувани се лечеа во домашни услови“ или во која „регистрирани се 16 новозаболени од направени 25 тестови“. А благодарение на PR тимовите, тоа да биде прикажано како добро справување со ситуацијата, затоа што има многу „излекувани“ или „малку заболени“.
 
Последно уредено:
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Те знам одамна си на форумов, паметен дечко си, зошто упорно не можеш да сфатиш проста работа? :)

1. Првично закана е за старите ама младите шетаат насекаде (работа, социјални групи, обврски) и го пренесуваат вирусот.

2. Како што пишав и пред ден два - се преценува во Македонија здравјето на младите. Секој втор пуши по 2 кутии цигари, астма, алергии, дијабетес, загаден воздух, сето тоа е фактур минус кој влијае на состојбата. Не не споредувајте нас со Германија, Шведска не знам кој таму каде што 80 годишниците им трчаат маратони без проблем.

3. Не е фер некој да плаќа здравствено 50 години и туку така да го шкртнеме од мапата на постоење. Каква порака ќе прати сето тоа за овие сега што имаат по 30-40 години? Дека за 10 години ќе се небитна ставка во една статистика?

4. На Инфективна лежат и тинејџери, лежат и деца, лежат и старци. НЕ Е ТОЧНО дека на помладите не им треба лекарска помош. Асимптоматските случаи тргнете ги настрана. Предноста е што им е помлад организамот па полесно се изборува меѓутоа и на нив 10-14 дена им е потребен најмалку мониторинг од инфектолог/интензивист на 2-3 часа. Е сега она што му е потешко на народов да го сфати е дека цаката е што ако се преполнат болнициве со тие старите што ви се небитни, ќе снема капацитети и за овие помладите па ќе видите како одеднаш интервалот 20-40 ќе почне да се полни со крстчиња и месечинки.
Не знам шо се трудиш да му објаснуваш.Ако се прашуваат ваквиве ликови,тие воопшто не би ги згрижувале старите лица.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.831
Поени од реакции
10.100
Не знам шо се трудиш да му објаснуваш.Ако се прашуваат ваквиве ликови,тие воопшто не би ги згрижувале старите лица.
Ако има Господ, тој ќе им помогне?
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.705
Поени од реакции
27.662
Инспирација за објавата се некои клучни поенти кои ги објавија Анонимус пред некој ден.
Кои делови сметаш дека се „преведени“ според тебе и од каде?
Се шалам бе, не биди толку сериозен :D не е ова нешто толку значајно за извор.
Пред некоја страна некој имаше стаено 20-ина точки и повеќето се истиве што си ги напишал.
И тој фала богу ги зел од некаде.
Everything is a repost of a repost of a repost. Правило број 24
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.608
Кој е овој бе Марјан и дали ставил извор на повеќето преведни точки кои беа постирани на англиски претходно?
Кажи му да додаде и ова со цигарите сега, најновово.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.190
Поени од реакции
30.975
Не може, да правиш споредба помеѓу земја со здравство од типот на Германија или Шведска, со земја во која „26 од 28 излекувани се лечеа во домашни услови“ или во која „регистрирани се 16 новозаболени од направени 25 тестови“. А благодарение на PR тимовите, тоа да биде прикажано како добро справување со ситуацијата, затоа што има многу „излекувани“ или „малку заболени“.
Toчно, ако сакаме да правиме целосно точни статистички споредби. Во оваа фаза на развивањето на работите (уште не сме на средина) многу податоци тек ќе се менуваат.


Резултатите може да се споредат и да бидат релевантни само доколку во сите држави кои спроведуваат „локдаун“ се спроведуваат истите мерки. Или се тестираат ист број на луѓе. Или се применува истата грижа за заболените и тн.
Идејата е да се спореди ефикасноста на различните мерки кои се применуваат во различни држави. Од тој аспект дури и вакви „груби“ трендови сепак покажуваат значајни разлики во параматрите - како на пример жртви-по-милион-заразени.

Не ги споредуваме здравствените системи (како што ти индиректно предлагаш), споредуваме чиј одговор резултира со помалку жртви. Нормално дека Британија и Шведска имаат подобри здравствени системи од една Македонија. Но баш тоа што некој не спровел локдаун, придонесува до повеќе жртви па дури и кога има супериорен здравствен систем. Од друга страна истото резултира со помалку финансиски загуби. На крај изборот на тоа се сведува: Помалку жртви или помалку финансиски загуби... За мене лично тука нема дилема.


Инаку да, текстот беше пародичен и тоа не е проблем. Проблемот е што многумина ги разбираат работите буквално и сметав дека треба да се нагласи тоа што многумина ќе го разберат погрешно.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.186
Поени од реакции
34.419
Инаку да, текстот беше пародичен и тоа не е проблем. Проблемот е што многумина ги разбираат работите буквално и сметав дека треба да се нагласи тоа што многумина ќе го разберат погрешно.
Работата е што текстот не е пародија, туку ги пренесува работите како што се одвиваа. Финтата е што мерките, активностите и препораките, по сите контрадикторности кои излегоа на површина, сега ни се чинат како пародија.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.297
Поени од реакции
15.515
Резултатите може да се споредат и да бидат релевантни само доколку во сите држави кои спроведуваат „локдаун“ се спроведуваат истите мерки. Или се тестираат ист број на луѓе. Или се применува истата грижа за заболените и тн. Не може, да правиш споредба помеѓу земја со здравство од типот на Германија или Шведска, со земја во која „26 од 28 излекувани се лечеа во домашни услови“ или во која „регистрирани се 16 новозаболени од направени 25 тестови“. А благодарение на PR тимовите, тоа да биде прикажано како добро справување со ситуацијата, затоа што има многу „излекувани“ или „малку заболени“.
Имаш информации дека во Германија и Шведска секој се лекува во болница со лекови и тие се евидентираат како оздравени?
Еве @Del Boy кажа за другар што го лекуваат со ништо во Германија дома, тој ќе го рачунаш за излекуван?

Повеќе е терминологија, а всушност статистички сите земји исто евидентираат, и сите земји имаат и пациенти во домашна изолација. Тој што има потреба ќе добие лек, тој што нема потреба зашто би добил?
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.186
Поени од реакции
34.419
Имаш информации дека во Германија и Шведска секој се лекува во болница со лекови и тие се евидентираат како оздравени?
Еве @Del Boy кажа за другар што го лекуваат со ништо во Германија дома, тој ќе го рачунаш за излекуван?

Повеќе е терминологија, а всушност статистички сите земји исто евидентираат, и сите земји имаат и пациенти во домашна изолација. Тој што има потреба ќе добие лек, тој што нема потреба зашто би добил?
Па тоа го верглам цело време. Ако со нешто можеме да се пофалиме, тоа не е здравството - туку одличниот PR тим. Па така, ако во светот луѓето се Recovered односно ЗАКРЕПНАТИ, кај нас во инфографиците стои дека се ИЗЛЕЧЕНИ или healed.
Автоматски споено мислење:

Еве нов кикс. Од денес, шалот е класифициран како „заштитна опрема“.
1587634579369.png

Прашајте ги дали може ли да добиеме упатство за правилно користење на шалот кој од денес го класифицираа како „заштитна опрема“ и како можеме да манипулираме со него без да го допреме со нечисти раце?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom