Не користам ФБ, инста или некој други апликации, искрено повеќето инфо за збивањата со вирусот во МКД ми се од форумот така да може грешам ама до сега се што прочитав овде и се што видов прикачено јас сеуште не знам за некој од „дијаспората“ да се жали или да се вратил (единствен таков спомнат случај е другарката на
@Saber Rider која имала резервирано карта неколку месеци пред пандемијата).
До сега ако добро читам овде имавме случајот со Цаца, со брачниот пар од Дебар што живее во Дебар а бил на гости нај децата во Италија, со фамилијата од Тафталиџе, со типката докторант заглавена во Барселона што добила црн печат во Гер, со скијачите (сите од мкд, сеедно дали биле во Италија, Копаоник, Банско) со дечкото авантурист од Штип заглавен во факен Перу, таму се спомнуваат и 15тина други наши, со типкава од Скопје тргната на концерт, со циганите музичари од БТ што биле на турнеа во Аустрија па се жалеа за смештајот во Криволак, сега со оваа што живее во СК претпоставувам а била на службен пат во Америка...
Од форумската „дијаспора“ ко што гледам сите сме во државите каде што бевме затекнати. Имаше кукање на почеток од нашите во Шведска ама ко што гледам сеуште известуваат од Шведска. Во италија имаме 2ца ченови на форумот што се заглавени ама се во Италија. Шефот прележа корона во Русија и си е во Русија. Цел куп што сме „дијаспора“ и што сме надвор сме уствари надвор. Цел овој хејт е тотално безпотребен.
Тие што се враќаат во МКД се во принцип луѓе што се со постојано живеалиште во МКД или што се тазе отселетени на некаква работна виза па ги затекна ситуацијата. Тие во никој случај не се дијаспора.
Тоа дека доста иселеници идат во МКД и може да донесат вирус ДА, ама тоа традиционално се случува од Велигден до крај на Септември (зборам во 90% од случаевите). Тоа оваа година нема да се случи, затворени се границите. Пак безпотребен хејт.
Окулу последното лелекање на дотичната... Нема врска образованите ниту зашто била на патување.
Типкава со право се буни кога вика дека после 12 часовна одисеја да се врати од Америка или кај била глупаво е да пројде уште 12 часа (како што прошла) на МКД граница. Јас разбирам дека е вонредна ситуација и дека ќе има процедури и застој ама ова е премногу. На крај крајева нели не се достигнати 100% капацитетите на здраството не дека здраството има врска со чекањето на граница. Овде некој не си ја врши работата како треба. Значи имаме ЗАТВОРЕНИ граници. Стигаат група. Ги сместуваш и пријавуваш каде треба. Треба да си веќе спремен со транспорт да ги преземеш а ако не си еве организирај од најблискиот град да дојде некој бус... Па колку е тоа тешко бе луѓе? Ги носиш во хотел или ординација на преглед и тестови и ги сместуваш. Тука не треба да се бара и чека согласност од политичари или доктори или што ти знам. Треба да има процедура и протокол и некој што ќе биде поставен да го спроведе тоа ефикасно. Не гледам зошто ги држат затворени на граница или аутобус. Нема никаква логика и човечност. Ова е само уште една потврда дека незнаат што прават и дека се е импровизирано и централизирано, чекаат некој да им каже случај по случај наместо веќе да имаат стратегија за ова.