И за нецели 2-3 часа по таа несреќна изјава доаѓа денешната состојба. Повеќе тестирањеа (390) со мало отстапување од просекот (250 примероци) и веднаш раст на 44 ново заболени. И тоа 23 во Куманово. Затоа мора да се тестира помасовно...
Градоначалникот на Куманово домоли да се затегне повеќе работата кај нив со зголемување на тестирања, прогласување на кризна состојба со поголемо ограничување на движење. Никој не го есапеше и за жал може да избие сериозен проблем таму.
Мало отстапување? 40% мало отстапување? Кај си учел ти математика, или недајбоже статистика.
Ако се земе само бројот на заболени, тогаш зголемувањето е експоненцијално, ако се земе во однос на тестирањето, тогаш е линеарно, т.е. Cca 10% од тестираните се позитивни.
Пошто иаме оскудни бројки, вака може да се примето дека направени се доста тестови на кластерот од Куманово и идентификувани се доста заразени од тој кластер, очекувам во наредниот период да се намали оваа бројка од Куманово ако лицата се придржувале до мерките за изолација.
Друго, процентите се ниски со оглед на тоа што се таргетираат лица кои биле во контакт со заразени лица или имаат мн слични симптоми, ако се тестира што год тогаш ќе падне процентот, иако апсолутно ќе порасне бројот на заразени.
Се е ова статистика и дава насоки повеќе за мерките кои треба да ги превземе државата.
Како што пиша Фросе погоре, додека не е некој ваш близок, се се ова проценти, тогаш и 1 заболен и 0.00001% е многу.
Седете дома, излагајте до маркет и аптека со маски, не се собирајте во групи или да одите по гости, и остајте му на системот можност да се избори, да не губиме и медицински кадар.