Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Гледам министерство за здравство отворило сметка за донации. Се тоа фино меѓутоа од рубриката каде се и што прават во овие моменти некако ги издвојуваме тетка Мира и тетка Силванева, исто како и листана топ 10 најбогати во државата.

Да не заборавиме да спомнеме дека Општина Штип имаше тендер за набавка на цвеќе во вредност од 2000 евра.
 
Тоа што пропаднало не го креваш па мајка јана! Рестарт? Со кои пари? Еве јас имам приватен бизнис, двајца сме вработени, со сета сила и сите резерви ќе протуркаме 3-4 месеци. после од кој фонд јас ќе ја рестартирам фирмата? Од кои пари ќе живееме додека ги покриеме минусите од овој период, па додека стигнам во плус да дадам плата, ехееј!
Ако мислеше дека треба на друг да му поклонам се на кое сум работел цел живот, тогаш си у право! Со украдените пари од државата и поклон мојот 30 годишен труд, некој стварно и ќе ја рестартира мојата фирма!

Дај конкретен пример барем што работиш за да знам дали да ти верувам дека толку си погоден од ситуацијава, погодени има не викам не - ама огромен дел од оние што ги знам со мали фамилијарни бизниси викаат ќе протуркаме некако ако трае 1-2-3 месеци освен некој убер плачковци кои и од секогаш само плачеле.

Немаше да заврши работа 2-3 недели строг карантин, доволно е некој што живее со тебе да го фати 10 дена после тебе и пак почнува од поново кругот на ширење.
Инаку секој бизнис е различен, бербер пример може да биде он холд до крајот на кризава и да не трпи загуби. Проблем се фирми каде што чекањево ги кошта големи загуби. Месец два и јас верувам дека голем дел од бизнисите ќе издржат, ќе има последици ама ќе се преживее. Ако до крај на мај/јуни не се започне со опоравување, не само што нема да остварат профит туку и целосното вложено за оваа година ќе пропадне.

Во тие три недели максимално тестирање на оние што ќе пројават и најмали симптоми на грип, вака со сегашнава ситуација само се одовлекува или можеби целта им е постепено засилување кон построги мерки оти дел од народов е мек па ќе почне одма да се буни.. вака сантим по сантим ќе им влегува :LOL:
 
Јас мислам дека две недели ќе ни опнат строг карантин,овие две недели се очекува пикот кај нас, од денес па натаму очекувајте бројките да се зголемат, можи и до трицифрена бројка да имаме дневно, дај Боже да не е така ама мислам дека не ни бега такво сценарио со оглед дека сега вирусот е веќе распространет низ повеќе градови а самоизолација не се почитува.
 
Не, не за тебе, општо за постовите кои дискутираат помалку/повеќе починати. Рачунајте дека голем дел од тие починати се самохран татко/мајка, вдовец/вдовица и слични приказни кои носат надоле цела фамилија, не само себеси.

Fetisov za brojkive e preteran. I kako sto vikas i eden da e, a e nas blizok, odma poinaku gledame na rabotite. I sporedbite megju drzavite ne se realni so ogled sto sekoj poinaku gi vodi statistikite. Ete Kina od eden na drug den nema zaboleni a vsunost ne gi vnesuvaat niv vo statistika na novozaboleni, ako ne pokazat simptomi. Isto i so brojkite na pocinati. Nekade gi vodat site pocinati koi go imaat virusot kako pocinati od nego a drugi, ako pocinale od drugo, ne ni gi vnesuvaat vo statistikata.
 
Еве денеска огромна грешка прави владата со некратењето на платите во администрацијата, мораше да бидат солидарни и да превземат месец-два дел од товарот. Вака ќе се презадолжува државата и пак ќе нема доволно пари да го подржи приватниот сектор да ги одржи во живот што подолго

Ќе ја намалеле така и потрошувачката според експертот Бранимир Јовановиќ :ROFLMAO:
На никој секако не му во памет некоја потрошувачка во моментов, сите се стиснати вклучително и оние што можеби имаат одвишок
 
Значи не е можно се што постои од параноја во светов да потекнува од Србија
Мене омилен тренд кој кружеше периодов поврзано со короната ми е укрцавање тенковима :) со американските војници.
Се разбира после 5g, тој е на прво место без конкуренција.
 
Нешто не ми се бендисуваат овие работи низ Европа, светов и Македонија.
Не дека се секирам многу, што ќе дојде ќе дојде.
Многу нагледно може да направи споредба меѓу либерал-фашизмот и другите идеологии. У реду ако треба нека да прават карантин, но да дадат на кој нема приходи храна колку треба за тој период. Како што е во Кина и Северна Кореја.
Во Италија има гладни бунтови, ако така продолжи ќе почне мародерство и ослободителна борба.
Многу слично работел и Хитлер со слоганот во Аушвиц и останатите концентрациони логори: Arbeit macht frei " Работата не прави слободни". Ти си слободен во логорот само не ти дава храна, сам си крив...
Не зборувам за Македонија а за светот, ако некој само заборавен проба да прави геноцид, дури и преку глад, правото на живот е неприкосновено, така да секој има право да краде, тие Гестапо структури се легитимна војна цел.
Решението е многу просто, човечка солидарност, никој да не умре од глад, тие либерални мантри не важат повеќе. Мобилизациона кризна економија, може и без пари со бонови, но апсолутно секој да има минимум услови да преживее.
Не бива ради еден вирус да убиеш од глад пола држава, ради некој 0.3% стогодишници.
 
Значи не е можно се што постои од параноја во светов да потекнува од Србија

Па будалата Вучиќ им је прецедник, неќна вика размислуваме за 24-часовен карантин за неколку дена и некој новинар го праша Па како ќе се пазаруваат основни намирници и овој му одговара - Како и пензионерите до сега.

А на нив им беше забрането излегување цел ден.
Тешка будала.
 
Еве денеска огромна грешка прави владата со некратењето на платите во администрацијата, мораше да бидат солидарни и да превземат месец-два дел од товарот. Вака ќе се презадолжува државата и пак ќе нема доволно пари да го подржи приватниот сектор да ги одржи во живот што подолго

Ќе ја намалеле така и потрошувачката според експертот Бранимир Јовановиќ :ROFLMAO:
На никој секако не му во памет некоја потрошувачка во моментов, сите се стиснати вклучително и оние што можеби имаат одвишок
Како ќе се одржува јавна потрошувачка ако се намали плата на околу 100.000 луѓе во државата (ако ги исклучиме полиција, армија, лекари итн)? Имаше некаде пресметка, станува збор за 30 милиони евра за двата месеци. Задолжување ќе има во секој случај, веќе се најавени скоро 600 милиони задолжување заради Ковид-19, ќе има уште. 30 милиони евра не се малку пари, но кога веќе има задолжување тоа е... а замисли ситуација во која фамилија од 4 луѓе, со двајцата родители во јавен сектор, да имаат на располагање 29 илјади денари за цел месец... или уште полоша ситуација ако еден од тие двајца родители работи во приватна фирма која привремено не работи или станува збор за самохран родител...
Не викам дека и без Ковид-19 нема семејство кои се во исклучително тешка финансиска ситуација, ама таква мерка ќе го зголемеше бројот на тие семејства, а ефектите од истото би се чувствувале многу подолго од тие два месеци.
Да беше намалување пропоционално, во зависност од висината на платата, до максимум 10/15% ќе разберев некако.
 
И за нецели 2-3 часа по таа несреќна изјава доаѓа денешната состојба. Повеќе тестирањеа (390) со мало отстапување од просекот (250 примероци) и веднаш раст на 44 ново заболени. И тоа 23 во Куманово. Затоа мора да се тестира помасовно...

Градоначалникот на Куманово домоли да се затегне повеќе работата кај нив со зголемување на тестирања, прогласување на кризна состојба со поголемо ограничување на движење. Никој не го есапеше и за жал може да избие сериозен проблем таму.
Мало отстапување? 40% мало отстапување? Кај си учел ти математика, или недајбоже статистика.

Ако се земе само бројот на заболени, тогаш зголемувањето е експоненцијално, ако се земе во однос на тестирањето, тогаш е линеарно, т.е. Cca 10% од тестираните се позитивни.

Пошто иаме оскудни бројки, вака може да се примето дека направени се доста тестови на кластерот од Куманово и идентификувани се доста заразени од тој кластер, очекувам во наредниот период да се намали оваа бројка од Куманово ако лицата се придржувале до мерките за изолација.

Друго, процентите се ниски со оглед на тоа што се таргетираат лица кои биле во контакт со заразени лица или имаат мн слични симптоми, ако се тестира што год тогаш ќе падне процентот, иако апсолутно ќе порасне бројот на заразени.

Се е ова статистика и дава насоки повеќе за мерките кои треба да ги превземе државата.

Како што пиша Фросе погоре, додека не е некој ваш близок, се се ова проценти, тогаш и 1 заболен и 0.00001% е многу.
Седете дома, излагајте до маркет и аптека со маски, не се собирајте во групи или да одите по гости, и остајте му на системот можност да се избори, да не губиме и медицински кадар.
 
Еве денеска огромна грешка прави владата со некратењето на платите во администрацијата
Јас не се согласувам со ова, тие не се луѓе? не им требаат пари месецов?
 
Мене омилен тренд кој кружеше периодов поврзано со короната ми е укрцавање тенковима :) со американските војници.
Се разбира после 5g, тој е на прво место без конкуренција.
Не е поврзано со темата ама пошто го спомна, еве снимки на кои налетав 22 Март. И јас не обрнав внимание на тие натписи, ама изгледа не е млатење празна слама. А која е причината не знам ни јас ни ти ни некој трет

 
Како ќе се одржува јавна потрошувачка ако се намали плата на околу 100.000 луѓе во државата (ако ги исклучиме полиција, армија, лекари итн)?

A mnogu povekje od tie 100k sho rabotat privatno koj gi ebe.Taka mu doagja muabetov ako gleas samo na aministracija.
 
Значи не е можно се што постои од параноја во светов да потекнува од Србија
Да се изненади човек како при толку памет не владеат со светот. Секој заговор го пробија.
Автоматски споено мислење:

Јас не се согласувам со ова, тие не се луѓе? не им требаат пари месецов?
По таа логика и на функционерите им требаат. Има луѓе у администрација што зимаат 1000 евра тотално непотребно, би ги стаил на минималец и без кризата :icon_lol: Можеа барам на просечна да ги симнат, не мораше на минималец. Ама очигледно партиските дудлачи се свето нешто у државата, попрво ќе се распадне истата него нив да ги чепне.
После ова треба да ви е јасно кој пали и гаси у државата, не се тоа функционерите на чело туку партиската машинерија у јавна администрација.
Замисли дојде до ситуација да не може доктор да земе плата зашто некој у Македонски шуми зема 1000 евра плата :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom