Коронавирус (COVID-19)

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.037
Поени од реакции
83.472
Можеби ќе звучи како теорија на завера, но сите што го носат вирусот овде доаѓаат од скијање. Исто во Италија од таму почна. Тука се поставуваат многу прашања, зошто баш таму, дали дека е најладно, висока надморска височина итн.
Кој бил на скијање голема е веројатноста да го закачил вирусот.
нема везе
У Бергамо од фудбал се рашири.
 
C

CoolIris

Гостин
Ок, делумно се согласувам со некои од вас. Значи, факт е дека паничењето и хистеријата која се крева до плафон, нема да му помогне никому, но исто така нема да помогне ниту ноншалантноста и одрекувањето дека корона вирусот е сосема различен од инфлуенца вирусот (грип).

Која е разлика меѓу коронавирусот и грипот?

За почеток, за корона вирусот нема вакцина и нема ни да има во наредните неколку месеци или година. Луѓето немаат развиено имунитет за вирусот, па научниците се плашат дека истиот тој може да мутира. Од друга страна, за грипот секоја година има вакцина која се препорачува за лица над 65 години, хронично болни, бремени жени и здравствени работници. Кога во општетството има доволен број на лица кои се имуни на вирусот, на тој начин се штитат и лицата кои немаат имунитет за истиот (имунитет на стадо).

Уште една причина зошто не треба да се споредува е фактот дека инфлуенца вирусот го има повеќе од 2000 години уште од самите почетоци на модерната медицина. Логично е луѓето за толкав временски период да имаат развиено природен одбранбен механизам против истиот. Од друга страна пак, корона вирусот е присутен 3-4 месеци, многу непознат, а бројките кажуваат колку е истиот агресивен.

Разлика има и во периодот на инкубација. Додека кај грипот, периодот на инкубација е околу 2 дена. Кај корона вирусот е 2-14 дена. Тоа овозможува рапидно ширење на вирусот. И додека болен од грип вирусот го пренесува на една друга личност, која потоа го пренесува на друга личност, па другата личност го пренесува на трета личност....кај корона вирусот една личност го пренесува вирусот на три други личности, тие три други го пренесуваат на девет други, тие девет други на 27 други....итн, се до неголед.

Однесувањето на вирусот може да биде различно во различни делови од светот. Улога имаат и околностите. Дисциплината на народот, наравот и тоа колку често луѓето стапуваат во контакт и слично. Германците се познати како ладен и дисциплиниран народ, за разлика од Италијанците, чиј што менталитет е сосема поинаков. Шармантни, дружељубиви, бунтовни. Улога има и густината на населеноста.

Која е сличноста меѓу корона вирусот и грипот?

Секако дека постојат и сличности. Двата вируси не се третираат со антибиотици (Нормално, со оглед на тоа што станува збор за вируси. Пред да ме цитирате како сега ќе се третира коронавирусот со сумамед, да ви кажам дека можеби токму комбинацијата од сумамед и антималарикот овзможува инхибиција на репликацијата на вирусот, што секако претставува основа за создавање лек за вирусот).

Сличности постојат и во симптоматологијата. Двата вируси предизвикуваат респираторна болест која се манифестира, со кашлица, температура, замор, болка во мускулите, а кај некои случаи има и ГИТ симптоми како што се гадење, повраќање и дијареа.

Двата вируси може да се пренесуваат преку флигеови капки, односно со кашлање и кивање, како и последователна инокулација во назалната слузница и коњуктивата.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.511
Поени од реакции
27.328
Највеќе ме загрижува бројот на мртви, пошто како жената во Куманово, најверојатно сегде има популација што се пријавува после смртта.

Бројот на мртви се дуплира за 6 дена, а и тоа има растечка тенденција... ако продолжи со вакво темпо, ќе се бројат милиони жртви...

кривата на откриени заболени е иста со таа на умрени лица.... што е речиси невозможно поготово во САД, каде што пред некој ден немаше толку потврдени случаи колку што има мртви... тоа значи дека бројот на реално заболени е најмалку 10 пати поголем, а според некои естимации до 50 пати.... а со тоа и бројот на новозаразени...

како и да е, цело човештво е затекнато од болеста.... а највеќе го наебуваат тие што најраскалашени..... сега за сега..
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.882
Некој се придржувал кон сите мерки, ама пак позитивен демек од возење во градски превоз.
Не може да кажеш дека се придржуваш ако се возиш со градски превоз со уште сто патници заедно возење по пола саат. Уште од старт шансите се големи.


Изговор дека нема со што да оди на работа или да заштеди гориво.
Баш сега треба секој со кола кога падна цената или еве со точак.


Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.277
Поени од реакции
15.400
Неофицијално во Велес 3-ца позитивни, меѓу кои директорка, за која се криело неколку дена.
Veće pišav t.e. vo prašalna forma beše postot pred nekoja den...no namesto odgovor na somnežot dobive etiketa ,,virosan, so drug virus,,

Se somnevaat deka i taa bila vo Bansko i ne bila vo karantin
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.060
Поени од реакции
11.240
Тоа апсолутно не може да биде докажано затоа што нема доволно информации за да може да се докаже. Се што има е квазистатистика од последниве неполни 6 месеци. Немаме никаков податок за долготрајни последици, никаква практично применлива статистика со која би се потврдило. Тој пристап дека не е поопасно од сезонски грип е неук и неоснован.
Драги биостатистичари, ве молам овде да ја завршиме оваа дискусија. Само ја полниме темата со аматерски интерпретации и претпоставки.
Еве наједноставни информации од Кина

Број на население 1.3 милијарди
Број на заболени 82 илјади што е 0.06% од број на население
Број на починати 3000 што е 0.0002% стапка на смртност на национално ниво

Подобра статистика во моментов нема
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Можеби ќе звучи како теорија на завера, но сите што го носат вирусот овде доаѓаат од скијање. Исто во Италија од таму почна. Тука се поставуваат многу прашања, зошто баш таму, дали дека е најладно, висока надморска височина итн.
Кој бил на скијање голема е веројатноста да го закачил вирусот.
Нормално дека од Италија се донесе кога декември и јануари е најпосетена скијачка дестинација. Да беше летно време од Грција и Шпанија ќе го носеа. Пола НОВА гимназија и авангарда низ МК беа на скијање во Италија.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Слушај да ти кажам, го изгледав цело видеово само заради тебе оти си човек со интегритет и не се занимаваш со реклаказла и глупости, но, само едно ќе ти кажам, баткава е конфузен, можеби заради трема, не знам, така што направи каша попара со муабетот. Водителот дури и пробуваше да му ги сумира мислите во еден конзистентен одговор и тука често не успеваше во тоа.

Јас го разбирам што сака да каже, ама со оглед дека е конфузен и муабетот му лета од една на друга тема, сега сите ќе си го разберат на свој начин.

И сега ќе превземи трофејот за најцитиран "стручњак" на овие бившојугословенски простори, од страна на овие квази научнициве, антиваксериве и докториве по природна медицина.

Женава има десет пати појако CV за вируси од овај нашиов и на 80+ години има посреден муабет. Само нејзе никој не ја шерува на Балканов.

Незнам што конфузно виде во ликот, али мене ми делуваше доста концизен јасен.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.611
Поени од реакции
7.737
Еве наједноставни информации од Кина

Број на население 1.3 милијарди
Број на заболени 82 илјади што е 0.06% од број на население
Број на починати 3000 што е 0.0002% стапка на смртност на национално ниво

Подобра статистика во моментов нема
Хубеи провинција 58 милиони
Број на заболени 82 илјади што е 0,14% од број на население
Број на починати 3000 што е 0,0052% стапка на смртност на национално ниво.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Грета наводно имала корона вирус. Или што би рекол нејзиниот ПР тим “milking the crisis to stay relevant”.
И принцот Чарлс фатил од вирусот па не си прави ПР.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.611
Поени од реакции
7.737
Вело Маркоски бил поверодостоен од Ана Глигиќ, што ќе прочиташ на форумов. :facepalm:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom