Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Сезонски грип е поопасен тоа е докажано со факти, научни од доктори и научници.

Загадувањето од греење на дрва и возење Вољксваген Голф од 1999 убива повеќе луѓе од корона и сезонски грип заедно, и тоа е докажано со факти од научници.

Е сега тебе паника те фаќа бидејќи во ударни вести нема ни за загадување ни за сезонски грип ама сега си бомбардиран од сите страни за корона вирус и паничиш.
Како е научно докажано кога новиот вирус го нема ни 3-4 месеци? Од каде знаеме дека нема да попушти до крајот на годината? Во Европа го има едвај еден месец, а бројките на заразени се застрашувачки. Највеќе плаши прогресијата и леснотијата со која се шири.
Прво и основно, нема доволно историски податоци за овој вирус, за некој научно да направи споредба. Во последно време не ретко се случува да лица кои немале никакви здравствени проблеми, преживеале пекол со вирусов. Некои дури не преживеале. Во четврта деценија сум веќе, не се сеќавам дека некогаш имало толкава паника од сезонски грип. Не се сеќавам дека во други држави останувале без доволен капацитет за заболените.
Да, медиумите дополнително направија огромна паника, но апсолутно не се сложувам дека сезонскиот грип бил поопасен.
 
Не ми се апокалиптични видувањата, јас за разлика од други сметам дека нема да стигниме до таа бројка да треба да се бира кој ќе диши а кој не ( макар шо со ова никогаш не се знае).
Мене ми смета секојдневно шо мора да слушам идиоти кои викаат абе ајде само старите и болните ги фаќа, како да станува збор за предмети а не за човечки животи.
Свака ти част за последниот пасус. И ај да кажиме реално Македониа нит е земја на млади, нит на здрави па луѓе.
Имаш една група на коморбидитет многу висока, и не, не се само стари луѓе.


Ваљда вирусов ќе ни ги подотвори очите да увидат овие миленијалциве, и остала багра дека зборуваме за луѓе, не иницијали, не бројки, живи суштества со фамилии, со проблеми, како јас, како и сите овде.
 
Најверојатно и жена му и детето се заразени, но не сакале да се тестираат. Потпишале изјава дека ќе одат во изолација, но ништо од тоа. Со оглед на тоа колкава група беа заедно, а притоа контактираа со половина град, не сакам ни да замислам што може да биде.
Тие од Прилеп ?
 
Сезонски грип е поопасен тоа е докажано со факти, научни од доктори и научници.

Загадувањето од греење на дрва и возење Вољксваген Голф од 1999 убива повеќе луѓе од корона и сезонски грип заедно, и тоа е докажано со факти од научници.

Е сега тебе паника те фаќа бидејќи во ударни вести нема ни за загадување ни за сезонски грип ама сега си бомбардиран од сите страни за корона вирус и паничиш.
Тоа апсолутно не може да биде докажано затоа што нема доволно информации за да може да се докаже. Се што има е квазистатистика од последниве неполни 6 месеци. Немаме никаков податок за долготрајни последици, никаква практично применлива статистика со која би се потврдило. Тој пристап дека не е поопасно од сезонски грип е неук и неоснован.
Драги биостатистичари, ве молам овде да ја завршиме оваа дискусија. Само ја полниме темата со аматерски интерпретации и претпоставки.
 
Голем дел од бремените жени кои работат по приватните фирми одат на работа. Ова се случува најмногу во странските фирми, каде им се закануваат со откази бидејќи немаат доволен број на работници. Зарем мислите дека некој би се осмелил да пријави, за подоцна да остане без работа и да не може да се грижи за семејството? Едноставно се плашат бидејќи знаат дека во иднина може да се случи да не најдат воопшто работа.
Нормално, после ќе ти кукаат како тоа ретко кој се решавал на повеќе од едно дете и наталитетот опаѓал. Добрата страна на епидемијава е што доста работи се расветлија во границите на државава.
 
Најверојатно и жена му и детето се заразени, но не сакале да се тестираат. Потпишале изјава дека ќе одат во изолација, но ништо од тоа. Со оглед на тоа колкава група беа заедно, а притоа контактираа со половина град, не сакам ни да замислам што може да биде.
Koj slucaj e ova? Prilep ili drug nekoj
 
Ова е тоа што го зборам, нема да има ни кадар ни капацитети ако се преплават клиниките, тоа вака сме мањак не па во таква ситуација.
Што те чуди? Сега и мене ми стана јасно зашто Швајцарија најавија колапс на здравството ако не престане ширењето.И у Немачка истово може да се деси ако се прошири масовно вирусов.Никој нема да остане имун на хаос од невидени размери у таков случај
 
Ова е тоа што го зборам, нема да има ни кадар ни капацитети ако се преплават клиниките, тоа вака сме мањак не па во таква ситуација.
Само што кај нас на 200 заболени веќе се осеќа
 
Најверојатно и жена му и детето се заразени, но не сакале да се тестираат. Потпишале изјава дека ќе одат во изолација, но ништо од тоа. Со оглед на тоа колкава група беа заедно, а притоа контактираа со половина град, не сакам ни да замислам што може да биде. За во Прилеп се работи.
Ај таа жената ок ама за дете свое бе вака да си преземаш ризик, ништо не му е, ќе седиме самоизолација :tapp:
 
Ама немојте со тие приказни јас го прележав и мене ништо не ми беше. Различни луѓе, различни организми, различно го поднесуваат вирусот. Едноставно нема правила. Не ја потценувајте сериозноста на состојбата. Точно е дека голем дел имаат блага форма на болеста, ама добар дел имаат и тешка форма на болеста. Комуницирам со особа од Италија што го прележа вирусот. Истата таа особа ми кажа дека мал милион пати посакала да умре и да се спаси од маките кои ги доживува. Температура висока, се до степен на халуцинации и бладање, мускулна болка (како шлепер да поминал преку неа), не можела од кревет да стане, кашлица силна, уште малку белите дробови што не ги искашлала. Заврши на респиратор и се опорави. Инаку станува збор за 29 годишна девојка, без никакви коморбидитети.
Од друга страна комуницирав и со жена на 55 години со дијабет и хипертензија, која го помина вирусот како ништо да не и беше. Значи нема правила како вие ќе го прележите. Едноставно секогаш постојат отстапки.

И тие процентите што укажуваат дека повозрасни само заболуваат, не се многу веродостојни. Зошто? Еве во Македонија, статистиката покажува дека просечната возраст на заболените е 30-39 години.


Еве ја статистиката и овде од 143 на интензивна. Колку се “само” старите и ризичните групи загрозени.

242DE1E2-7845-48DA-B963-66C5A64245E7.jpeg

Не ви треба превод, знам дека сфаќате. 26% се без никакви заболувања претходно, и најмал процент се над 80 години.
 
Нормално, после ќе ти кукаат како тоа ретко кој се решавал на повеќе од едно дете и наталитетот опаѓал. Добрата страна на епидемијава е што доста работи се расветлија во границите на државава.


Затоа што само им е важно да се раѓаат нови даночни обврзници кои ќе им го полнат државниот буџет. На нив не им е гајле за народот, важна им е крајната цел кон која се стремат да биде исполнета. За нив сме само еден вид механизам од целата таа машинерија. Никого не му е гајле дали некоја бремена жена оди на работа и трета смена и останува без сон и чија енергија ја крепи само еден ѓеврек . Одамна се знаат некои работи само сега излегуваат на површина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom