Коронавирус (COVID-19)

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
кога сме кај плаќањата, крај на Август, пред да се вратам од Охрид бев да платам во Нискоградба, во пунктот во чаршија до Проаква, бидејќи имаше нешто спорно, инаку во Охридска Банка е без провизија и поблиску и нема гужва... во пунктот тарапана... а се плаќаат чисти работи, само печат, нема потреба тука да доваѓаат... Платив и на излегување им кажувам дека за неспорни сметки во ОХБ е без провизија и нема гужва... Коа се развикаја на мене, Ти ќе ја остаиш жената
( од шалтерот) БЕЗ РАБОТА :facepalm:
А само ова плаќам ОфЛине и тоа мора во Охрид, немаат можност ???
Па и тука во Скопје, во влезот сме 60% пензионери, кога им кажувам дека се што може плаќам онлајн не да се мрштат...
От:
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.511
Поени од реакции
18.776
Тоа се случи бидејќи направија комплетен lockdown на Вухан и останати жаришта. Живо пиле не смееше да мрдне, многу луѓе ни до супермаркет не одеа бидејќи имаат опција да им носат намирници дома. Уште пред месец-месец и пол наши луѓе + Срби што работат во Кина пишуваа и правеа видеа за ситуацијата. На голем број од нив им имаа и наредено да се вратат во нивните матични земји. Не знам кај видов, но како да прочитав пред некој ден дека почнале да ги викаат назад на работа во Кина.
Иако најверојатно закаснија со реакцијата, доста озбилно ја сфатија ситуацијата Кинезите и еве од средина на Јануари тек сега стивна вирусот кај нив. И се надевам нема да има "rebound".

Западњациве сега за сега си играат со оган според мене и можат многу лесно да изгорат, посебно Англија и Америка.

Иначе ако се земат во предвид Јужна Кореа, Исланд и препораките на СЗО, изгледа масовно тестирање сепак е најдобар "лек" за намалување на брзината со која се шири вирусот.
Кај нас ако тестираат масовно и да испадни голема бројката на позитивни повеќе луѓе ќе умрат од стрес, аптеките ќе снемаат на залиха антидепресиви, а во маркети ќе има стампедо за тоалетна и макарони.
 
Член од
7 октомври 2018
Мислења
201
Поени од реакции
387
Тргнете ги Кина, Јапонија и тие другите таму, затоа што они до сега со уште триста вируси и други ситуации се имаат расправано и имаат веќе готов план за тоа како треба да се постапи. Плус кај нив кога ќе се каже нешто се почитува, имаат памет у тоа главите и свесни се што може да се случи ако не ги почитуваат. Нас да не стават во локдаун и да има полициски час, пола ќе вртат за да фатат врски да може да искочат.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.182
Поени од реакции
16.313

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.601
Поени од реакции
17.438
што и да правиш дома те тера на јадење и пиење
6кг пудинг изедов за 2 дена , ми се лоши више и од благо и од солено и од сокови и од се.
Има ли некој друг ваков проблем или само ја сум ретардиран

Неможам да престанам да јадам
Има, јас. 120е ги поебав во лидл а уште неделата не е помината -.-
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.511
Поени од реакции
18.776
Се забранува собирање во група на повеќе од 5 лица - сите заклучоци од 23.та седница на Владата
....
Денеска Владата ја донесе и Одлуката за ограничување на извозот на пченица и наполица и брашно од пченица или наполица со тарифните ознаки 1001 19 00 00, 1001 91 90 00 и 1001 99 00 00 и 1101 00. ..
Не знам зошто не прогласат полициски час и чао, какви се овие мерки, шо ќе оди полицијата и ќе ги брои колку души се собрани во парк.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.968
КИНА прва се позиционира како земја победник во оваа светска биолошка војна. Животот се враќа во комплетна нормала...

ЕПИДЕМИЈАТА ЈА СНЕМУВА

Животот во Кина полека се враќа во нормала (ФОТО+ВИДЕО)

Додека продавниците во Европа и САД ги затвораат вратите, во Кина наглиот пад на новозаразените ги охрабри купувачите да се вратат во трговските центри и рестораните. Драконските мерки, кои се чини дека ја намалија епидемијата во Кина, постепено се олабавуваат.




„Гледај! Колку голема риба!“, радосно извика Динг Шиџиу откако улови крап од езерото каде што обично оди на риболов.
Седејќи под едно дрво полно со пролетни цветови на топол ден, Динг конечно може да лови риба со старите пријатели - нешто што не беше во можност да го стори откако пандемијата на коронавирус во јануари почна да ја пустоши цела Кина, а во градовите и провинциите низ целата земја беше воведен карантин.
„Последните два месеци се чувствував надреално, а, верувајте ми, имам скоро 70 години и сум видел многу работи“, рече Јанг покажувајќи кон пријателите и не можејќи да ја прикрие својата возбуда што повторно ги гледа.
„Но сите сè уште сме живи и само сум многу среќен што најлошото помина. Ова е првпат да дојдам на риболов на ова езеро од Лунарната нова година - многу сум среќен“, рече Јанг со насмевка, пред да се обиде да намами уште една риба.
Како и многу луѓе во Кина, Јанг последниве два месеци скоро цели ги помина дома, бидејќи централната власт воведе невидени карантински мерки низ целата земја во драстичен обид да го спречи ширењето на ковид-19, болеста предизвикана од вирусот. Централната провинција Хубеи и нејзиниот главен град Вухан, од каде што се смета дека потекнал вирусот, беа целосно запечатени.

Откако дневниот бројот на случаите на ковид-19 потврдени во странство ги надмина оние во Кина, драконските мерки што се чини дека ја задушија епидемијата дома - особено надвор од Хубеи - постепено се олабавуваат.
Низ целата земја, 13 од 34 провинции во Кина веќе немаат заразени, а дома се пуштени приближно 69.000 од 81.000 потврдени случаи.


Олеснување на притисокот
Дури и во Хубеи, каде што остануваат околу 10.000 случаи, притисокот врз медицинските работници во првите борбени редови е олеснет. На 17 март, првата група од скоро 4.000 медицински работници што беа уфрлени во Вухан за да помогнат во контролата на епидемијата, можеа да си заминат.
Толку многу провинции ги укинаа нивоата на тревога што Кина полека - и претпазливо - се враќа во нормалниот живот.
Часовите постепено продолжуваат откако повеќето ученици го поминаа минатиот месец дома и учеа преку интернет. Во провинциите определени како „низок ризик од инфекција“, вклучувајќи ги Гуижоу, Кингхаи, Тибет и Синџијанг, локалните власти овој месец им дозволија на образовните институции да продолжат со часовите.
Во меѓувреме, фабриките на кои им беше наредено да го прекинат работењето, исто така, почнуваат да ги придвижуваат своите производствени ленти по она што многу сопственици на мали фирми го опишаа како нешто слично на „претсмртно искуство“ за нивните компании.
Според најновиот извештај објавен од Националното биро за статистика на Кина, во јануари и февруари, во пикот на епидемијата во земјата, индустриското производство на втората по големина економија во светот падна на најниската точка од 1998 година, а стапката на невработеност се искачи на повеќе од 6 проценти, што е највисоко откако се води евиденција.
Прекинот турна многу фирми на работ на банкрот, но откако мерките за карантин се олабавија, многумина се подготвуваат за враќање на производството.


Суровата цена што епидемијата ја наметна во животите на луѓето, исто така, се чини дека се намалува.
Ченгду, позната по гастрономијата и гурманлакот, сега има само десетина заразени, а провинциската влада соопшти дека не се откриени нови случаи во текот на изминатите три недели.
Тоа дозволи постепено повторно да се отворат рестораните, иако луѓето остануваат претпазливи.
Во видеата споделени на интернет се гледа како пред рестораните се враќаат муштериите - со маски и на безбедно растојание едни од други.

Патувањето постепено се враќа
Освен јадењето надвор, луѓето постепено си ја враќаат и можноста за патување. Многу провинции и градови стабилно го продолжија својот јавен превоз, кој профункционира дури и во Хубеи.
За време на најтешката фаза на епидемијата, беа затворени 1.119 влезови и излези на автопатите низ целата земја. Сега се отворени сите освен два, според државниот медиум Синхуа.
Стотици претходно затворени патишта во окрузите, градовите и провинциите, исто така, повторно се отворија. Националната патна мрежа „во основа работи нормално", а 28 провинции го продолжија меѓупровинцијалното патување, објави Синхуа.
Од 12.028 здравствени и карантински станици поставени на автопатите, 11.198 се отстранети.
Исто така, се намалува и бројот на вестите за епидемијата. Кон крајот на јануари и февруари беше тешко да вклучите телевизија или да отворите мобилен телефон без постојано да бидете изложени на вести за коронавирусот - но откако епицентарот се префрли во Европа, на кинеската телевизија повторно се појавуваат многу забавни емисии.
„Сега можам да гледам нешто на ТВ што не е за коронавирусот, а тоа беше незамисливо минатиот месец“, вели Зенг Јунру, жителка на Вухан. „Интересно е тоа што се чини дека сите заборавивме каков беше нашиот живот пред вирусот“.

Фризерниците се отвораат, парковите повторно ги пречекуваат туристите, работниците-мигранти се враќаат на своите работни места - несреќата што толку комплетно го наруши кинеското општество сега бледнее.

Додека животот почнува да се враќа во нормала, експертите се загрижени дека сè уште постои ризик и дека штом ќе се укинат широките мерки за карантин, Кина ќе биде погодена од втор бран зараза, особено затоа што коронавирусот сега е глобална пандемија и увезените случаи се почести од локалните.
Кина во понеделникот пријави само еден нов домашен случај на коронавирус, во Хубеи. Дваесет други случаи беа патници што дошле од странство.
„Мислам дека никој не вели дека епидемијата завршила - само дека се чини дека најлошото помина“, вели Зенг. „Она што сега можеме да го сториме е сè уште да вежбаме социјално дистанцирање и полека да ги враќаме нашите животи во нормала“.


 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.511
Поени од реакции
18.776
Гледам на еден Француски канал, изгледа следни се тие во Европа.
Владата ќе го ограничува и таму движењето на граѓаните а како шо тргнаа изгледа и тие лок даун ќе мават.
Е сега едно не ми е јасно мене,кога веќе го видоа примерот во Кина, Италија зошто каснат со тие мерки, и не само Франција, сите, ова испаѓа како да чекаат да дојдат до некоја одредена бројка и после ставај клуч.
Исто како да те заклучат во кафез со Лав.
Автоматски споено мислење:

КИНА прва се позиционира како земја победник во оваа светска биолошка војна. Животот се враќа во комплетна нормала...
Кај е онај со видеото аее мрш У Кина, да не испрати таму сега :)
Му се смееа на онај фудбалерот Карицо кога потпиша за Вухан и тоа пикот кога беше, му правеа едно интервју пред некое време и батето вика вака "како се одвиваат работите во Европа Вухан е сега побезбеден" :) и стварно така испадна
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
1.070
Поени од реакции
1.556
И јас ке ризикувам казнени. Револт е причината која ме натера. Извесен д-р на ФБ, плука на (според него) неписмениот народ што ИМ ги трошел ракавиците и маските. Кои се тие,незнам. Веројатно се класифицира во веле-ултра-мега-гига доктори,не во народ. Истиот е наапан затоа што кога бил ИТНО во салон на А1 имало излезено мнг луѓее. Замислете, итно и неодложно во А1. Ги измени и ублажи постовите но оригиналите веќе се споделуваат. Со поддршка. Нека не акне коронава,еден да не останеме! Ете тој нека остане, др.Ненад Лазаров. Позз
 
Член од
23 јуни 2007
Мислења
368
Поени од реакции
333
И јас ке ризикувам казнени. Револт е причината која ме натера. Извесен д-р на ФБ, плука на (според него) неписмениот народ што ИМ ги трошел ракавиците и маските. Кои се тие,незнам. Веројатно се класифицира во веле-ултра-мега-гига доктори,не во народ. Истиот е наапан затоа што кога бил ИТНО во салон на А1 имало излезено мнг луѓее. Замислете, итно и неодложно во А1. Ги измени и ублажи постовите но оригиналите веќе се споделуваат. Со поддршка. Нека не акне коронава,еден да не останеме! Ете тој нека остане, др.Ненад Лазаров. Позз
Муабетот е дека народот троши ракавици и маски, а притоа не знае да ракува со истите, па наместо заштита, тие стануваат директен ризик за зараза. На пример, со ракавиците со кои се пипкало све и свашта, се фаќа и става цигара у уста, која е поентата на таквата заштита? Од друга страна, илјадници лекари и сестри не можат да набават ни ракавици ни маски ни за свои пари, затоа што нема од каде да се купат. А ако не сфаќаш колку е битно еден лекар да биде заштитен, не за себе, туку за стотиците пациенти со кои секој ден доаѓа во најдиректен контакт, тогаш имаш стварно голем проблем во расудувањето.
 
Член од
10 март 2020
Мислења
127
Поени од реакции
188
Sekoj koj nema da pocituva samoizolacija ke odi direktno vo karantin-BRAVO, NAJDOBRA VOSPITNA MERKA DOSEGA.Me interesira za drugite merki sto treba da se sprovedat za redari po bankite,marketite,prodavnicite i aprekite,dali vazi za site posto sabajlevo redari vidov samo pred bankite,VO SEKOJ SLUCAJ BRAVO .
Автоматски споено мислење:

Uste da se vovede sekoj koj vleguva po prodavnici da mora da nosi nekakva maska,makar i improvizirana,zadolzitelna dezinfekcija na race i sto pomalku dopiranje na proizvodite ,posto fakt e deka ako pocnat da se inficiraat proizvodite nikoj ne mozi pravilno da gi dezinficira ......
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
Ова со ракавиците и маските е жива смешка како се употребуваат. Ако не Корона вирус, сигурно ќе закачат нешто друго или некоја бактерија поради неправилно користење. Тие се за една употреба а не да ги носиш цел ден и да пушиш цигара со нив и маската сто пати извади па стави. Бар кога си со голи раце ти текнува да ги измиеш или дезинфицираш од време на време, вака со ракавиците цел ден се таложат бактерии на нив и несвесно ќе се пипнеш за лице. А дефинитивно најинтересни ми се тие што ја носат маската само на уста и со откриен нос :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom