Коронавирус (COVID-19)

kalimero456

Имам 100 проблеми а 1 ми е пари а пари немам 1312
Член од
7 ноември 2019
Мислења
3.504
Поени од реакции
3.727
ova e samo start ,merkite ke sleduvaat i se dogovaraat od sega ,sto ke se vovede mora da se sprovede
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.635
Поени од реакции
7.767
Country,
Other
Total
Cases
New
Cases
Total
Deaths
New
Deaths
Total
Recovered
Active
Cases
Serious,
Critical
Tot Cases/
1M pop
Italy 35,713 +4,207 2,978 +475 4,025 28,710 2,257 591
Se zgolemuva brojot :place:
 
Член од
30 декември 2007
Мислења
795
Поени од реакции
331
...денес министерството за здравство испрати инспекциски служби на терен, клиники, болници, ординации, диспанзери, аптеки и други здравствени установи да проверат дали вработените се присутни на работа со цела заштитна оперма од заштитна маска, ракавици и применуваат дезинфекциони средства во тек на работа, а како би имале кога нема од каде да се снабдат веќе два месеци?
... никаков увоз, никаква програма да се снабди државата со тие најнеопходни заштитни медицински материјал, ако не можеш да увезеш, дај бре некоја креативна идеја за активирање на некои погони за шиење на заштитни маски, платно има треба само да обликува маската, ама на кого да му текне, Охис и други хемиски погони активирајте ги за засилено производство на дезинфекциони средства, за една недела ќе се смири барем таа паника околу маските!
... ама тоа е, целосна трагикомична ситуација, ај сега ќе казнуваме, оти не се носи заштитна маска поради препораките за панедимја со коронавирус КОВИД19, а нема од каде да се купи...бог да чува и после пофалби за бла бла на ТВ брифинг без никаква акција, дело за решавање на проблемот со маските!
....аман бе министре Филипче, зарем толку не те бива, освен за нежен и тивок оратор, со по некоја блага насмевка кон тв камерата ??! :facepalm:
На ФБ Фонд за иновации пробува да поврзе компании за да произведат нешто корисно. Прoвери го нивниот профил на ФБ па пиши им ако имаш некоја идеја

"Македонската компанија Gifty од #Прилеп (поддржана од #ФИТР) се солидаризира со здравствените работници и ќе помогне преку производство на заштитни маски за потребите на граѓаните
Како што не информираа од компанијата, за оваа нивна иницијатива веќе добиле поддршка од надлежните институции, а маските кои ќе бидат дистрибуирани ќе бидат донација од оваа компанија.
На иницијативата на Гифти Текс се приклучија и компаниите Стан МК и Кули, исто така од Прилеп."
 
Последно уредено:
Член од
8 ноември 2007
Мислења
574
Поени од реакции
296
Страшно е ова со Италија. Што побрзо да се воведе и полициски час кај нас, тоа подобро.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.899
Поени од реакции
116.245
Ај да ви ги скратам макиве околу вонреднава состојба... ДА, ќе работите сите како до сега и нема да останете дома, освен нели ако не спаѓате во гранките/фирмите на кои уште од првите денови им беше изречена забрана за работа, секако во интерес на доброто на народот. Ова е барем за сега, за понатака ќе зависи од темпото со кое ќе се движи вирусов, па ако има потреба ќе се воведат дополнителни мерки и забрани. Претседателот и извршната власт ќе имаат поголеми ингеренции и тоа е тоа што се тиче вонредната состојба.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.481
Поени од реакции
18.509
Country,
Other
Total
Cases
New
Cases
Total
Deaths
New
Deaths
Total
Recovered
Active
Cases
Serious,
Critical
Tot Cases/
1M pop
Italy35,713+4,207 2,978+475 4,025 28,710 2,257 591
Se zgolemuva brojot :place:
Денеска и утре очекуваат да биди врвот, да видиме дали му се точни проценките.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Скоро 500 мртви, па што направија овие бе? Изгледа цела држава им е заразена.
Ако не им се помогне ќе им се деси катастрофа, со години нема да можат да се опорават.
 

Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.712
Денеска и утре очекуваат да биди врвот, да видиме дали му се точни проценките.
Бројките одат нагоре место надоле, барем по статистиката до сега немале пријавено 4000+ нови случаи во еден ден. Далеку се уште од врвот. Ужас!
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.200
Поени од реакции
19.612
Само масовен скрининг му е мајката и земај сите инфектирани во карантини, нека ги чува полиција.
Ене читам во Италија се спроведил некој таков експеримент, во некое градче во близина на Венеција каде што имало жариште, тестирани биле 3300 жители и сите позитивни ги носеле во карантини.
Експериментот дал позитивни резултати и од петокот нема ниту еден нов случај пријавен.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.257
Две работи ми се нејасни.

1.Овие шо че потпишат изјава, ако слетале на аеродром, а се од друг град морат да користст некаков превоз , нели?
Таксистот, роднината , возачот на автобус и патниците се сите опција за контакт.

Нели е подобра опција директен карантин?

2.Веќе стигнати во домашен ларантин лица, нивните домашни слободно си одат на работа, на пример.
Која е шансата да пренесат и на домашнитре во тие 14 дена (и понатака тие на други), а реално не покажале симптоми на почеток?
Патем, после колку дена можат да бидат тестирани луѓето ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom