Коронавирус (COVID-19)

Член од
1 февруари 2014
Мислења
218
Поени од реакции
368
Цело Ѓорче го пребарав, никаде нема леб да се купи, освен тонус леб. Луѓево се за стап, дошле уште у 8 саат го купиле цел леб со колички. Незнам само што штекаат лебови ко мрднати кога за два дена ќе им фати мувла секако.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.878
Мајка на жена ми пред малку се јави и ја слушам расправа за маркетите, гужвите и дека денес имала многу голема среќа го купила последното брашно од Стокомак и тоа со скинати рачки била вреќичката и затоа останала на рафт.
Низ 3-4 маркети прошетала и тоа по дожд и никаде претходно немало брашно, а маркетите одалечени 2-3км. Луда работа. :tapp::pos:

Се кладам дека нема еден леб да направи и ќе и седат така неискористени сите вреќички брашно, ама важно да се купи.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.433
Поени од реакции
24.611
Ај за храна разбирам до некаде, ама шо е финтата со тоалетите? Демек неможеш да се измиеш кога ќе се исереш? :toe:

Баба ми па по телефон ме замара, купи си брашно. Шо ќе му правам бе жено ќе го шмркам ли? :pos: :pos: Едвај јајца и компир научив да пржам, па леб ќе месам.
Читав некаде викаат дека е психолошка ствар, демек нешто прават да се спремини и ова е ефтина работа.... Абе на тие со количку пуни хартија им пожелувам да умрат од глад опкружени со тоалет хартија.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.996
Поени од реакции
12.574
Добро дали го слушаше Ловен ( премиер на Шведска) кога прашуваше новинарката:
Дали ние имаме доволно медицинска опрема да се спреавиме со епидемија?
Да, имаме магацин наменет за плус резерви, но не ако прогресира многу.
Па, кој ви е планот???
Па, се надеваме дека ќе можеме да набавиме од соседите и другите држави.
На оваа и стана незгодно и замолчи.

Од кои соседи ќе набавиш кога на сите им гори!
Не знам дали планов им е многу брилјантен и на крај ќе испадне поок од сите останати држави или курбан ќе одиме сите заедно.
И баш заради вакви работи се мислам да се вратам дома!
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Луѓе од храна умираат барем по ЕУ и Америка во денешно време а не за храна.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171
Германија т.е. Меркел, вечниот опонент на затворање граници, ги затвора границите од утре. Лека полека можеби и нив ќе ги фати страв, досега relax mode.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Не знам дали планов им е многу брилјантен и на крај ќе испадне поок од сите останати држави или курбан ќе одиме сите заедно.
И баш заради вакви работи се мислам да се вратам дома!
Или- или е. Останува да дознаеме. :D

Ееее, колку пати се имам “спакувано” во овие години, само да знаеш. :)) Седи и не прај непромислени чекори. Имам далерон и бруфен да поделам по една лента. :pos:
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.878
Цело Ѓорче го пребарав, никаде нема леб да се купи, освен тонус леб. Луѓево се за стап, дошле уште у 8 саат го купиле цел леб со колички. Незнам само што штекаат лебови ко мрднати кога за два дена ќе им фати мувла секако.
Ќе го замрзнат.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Читав некаде викаат дека е психолошка ствар, демек нешто прават да се спремини и ова е ефтина работа.... Абе на тие со количку пуни хартија им пожелувам да умрат од глад опкружени со тоалет хартија.
Каде бе тоалет хартија ефтина? Тоа е најскапо уназад не знам колку време
Автоматски споено мислење:

Шеснаес ролни 8 кила брашно се да им ебам
 

faust.mephistopheles

Aga Aganlija
Член од
9 декември 2014
Мислења
746
Поени од реакции
1.615
...јас би прашала што се подразбира под респираторен апарат, апарат што го олеснува дишењето со довод на кислород или тој што го заменува целосно белодробието на пример кога пациентот е во кома и не диши со својта плуќа туку тоа ја прави вештачка машина? :toe:
Imas dva oblici na mehanicka ventilacija. NIV(neinvazivna-kade pacientot disi samostojno no Ima podpora vo smisla na PEEP ili BiLevel) I invazivna(intubiran, analgosediran pacient kade e skoro potpolno zavisen od respirator- oblikot na ventilacija e razlicen t.e pressure ventilation ili volume ventilation). Kakov oblik na ventilacija ke se stavi zavisi od oblikot na pneumonia. Kaj covid 19 Imas dva oblici I toa "mokri beli drobovi" kade so NIV podobruvas ventilacija I ARDS(suvi beli drobovi) koj voedno e I najlos oblik kade pacientot e intubiran i najcesto staven na respirator (IPPV) so najcesto niski tidal volume, visok FIO2 I razlicen PEEP(vrz osnova na FIO2) i.t.n. Vo sustina I za edniot I za drugiot oblik ti treba respirator(transportablen - pri prehospitalnite edinici t.e ambulantni vozila) i sekako stacionaren (na intenzivni odd.).
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.433
Поени од реакции
24.611
Не знам дали планов им е многу брилјантен и на крај ќе испадне поок од сите останати држави или курбан ќе одиме сите заедно.
И баш заради вакви работи се мислам да се вратам дома!

Полека малку... Ако не си во загрозената група тогаш ќе биде се ОК, планот е добар. Размисли малку, и кажи што после карантинот? Сакаш неќеш ќе треба да се справиш со вирусот кога тогаш. Битно е да се работи, јас мислам грешка е да се затвараат школи и фабрики се дур нема потврдени случаеви таму и веќе не е изводливо да се продолжи. Шведска има GDP од некој 540 мијларди, секоја недела што не работи се некој 10.5 милјарди загуба. Туркајте и без паника. Кина се опоравува, они ќе снабдуваат, само имајте да платите. Пример во јануари они произведуваа некој 35К маски дневно, денес произведуваат над 350К маски дневно. Битно е државите што произведуваат медицинска опрема и се иновативни да функционираат. Се надевам и Германците ќе тераат.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171

Bild, Welt...


Не сите граници, летовите исто сега за сега не се сопрени. Постепено ќе затвораат веројатно. Утре границите со Франција, Данска, Австрија и Швајцарија ќе бидат затворени.
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Негативни се тестовите на тие што беа тестирани денес, освен еден (иницијално негативен), кој ќе биде повторен.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom