Те сфатив во која насока размислуваш. Но, на луѓето им е многу тешко да останат рационални кога се плашат и се соочуваат со нешто непознато. И вакви муабети си шират меѓу себе и прават непромислени одлуки.
Кога сме кај муабетот да кажам како јас размислував претходниве 4 дена, “заглавена” овде.
Ок ќе решам да си дојдам, имам можност за тоа без проблем.
Тргнуваш од дома, до аеродром, во авион, аеродром во Скопје ... шансите да закачиш нешто се многу поголеми отколку да останеш во самоизолација 2-3 недели додека помине пикот.
Ќе стигнам во Скопје, кој ќе не земе? Некој што го сакам многу, така? За да го заштитам него, одлучувам да викнам такси. Зошто невин човек да ставам под ризик? Што ако веќе сум во период на инкубација и сум го фатила? Со кого да си играм руски рулет?
Стигнувам дома, после толку месеци - дома. Мора да останам во самоизолација 14 дена. Моите не ме виделе многу долго, не сакам да ги потресувам, па се јавувам на другарка да ми купи храна и да ја остави пред врата. Грутка кај сите, психолошки крах.
После 4 дена поминати на тараса, а сите твои околу тебе, се јавува прв симптом и ми текнува на македонското здравство и на моментот исполнет капацитет на инфективна.
Се гушиш со анксиозноста и остануваш рационален, заглавен овде.
Накратко, мислите на една гастрабајтерка, далеку од дома.
Во искулирана држава за подобар живот.