- Член од
- 13 јуни 2009
- Мислења
- 1.506
- Поени од реакции
- 990
KADE BE NA SETANJE
Извини што пак те цитирам, да појаснам некои нејаснотии.Неспорно дека вирусот е опасен и воопшто не е наивна работа. Но, од што читам по интернет, гледам дека смртноста е некои си 3%, односно од 100 заболени има во просек тројца починати. Структурата на починатите е пак некои си 80-90% старци околу и над 80 години најчесто со претходни еден куп други болести. Помладите кои се починати исто така се најчесто лица со некои потешки и/или хронични заболувања.... Може и грешам со податоциве, не ми се пренесени од некаде конкретно, но ми се некој впечаток од читање на повеке места, и мислам дека малку се претера со паниката кај народот... Не дека не треба да се има страв и дека не треба да се превземаат сите можни мерки за заштита, но мислам дека нема потреба од голема паника и хистерија...
Таман работа да се остави болните или старците да испоцркаат... Напротив, кај тие високо ризични лица заштитата треба да биде и на повисоко ниво, пред се самите тие лица треба да бидат свесни за својата состојба и колку што можат да се заштитат повеке, па дури и би рекол да се самоизолираат како превентива за своето здравје и живот. Треба да се донеси и како задолжителна мерка да ризичните групи бидат ослободени од работа. Пензионерите и онака не одат на работа па нека си седат дома.Тоа не значи дека оние со хронични високоризични на табелата заболувања треба да испоцркаме, иако немаме ни 60, многумина од нас ни 50 години. Некому се драгоцени пари, некому луѓе, роднини, пријатели.
И не се еден куп други болести, не се такви информациите или погрешно се напишани/интерпретирани.
Немам статистики за овде па преку САД ќе се обидам да доловам колку ние мислиме дека само старци се на удар на дијабет и срцеви удари, а колку е далеку реалноста.
Срцев удар е трет по ред убиец во САДStroke Statistics | Internet Stroke Center
www.strokecenter.org
1/4 од срцевите удари се кај лица под 65 години.
Секоја година се јавуваат 600.000 нови лица со срцеви удари
18 милиони лица умираат секоја година од кардиоваскуларни болести вклучувајќи и срцеви удари.
Ова е мало информативно истражување за оваа област.
March 7, 2019
The study, which is the first to compare young (41-50 years old) to very young (40 or younger) heart attack survivors, found that among patients who suffer a heart attack at a young age overall, 1 in 5 is 40 or younger. Moreover, during the 16-year study period (2000 to 2016), the proportion of very young people having a heart attack has been increasing, rising by 2 percent each year for the last 10 years.
The study included a total of 2,097 young patients (<50 years) admitted for a heart attack in two large hospitals. Of these, 20 percent were 40 or younger.
"Even if you're in your 20s or 30s, once you've had a heart attack, you're at risk for more cardiovascular events and you have just as much risk as someone who may be older than you," Blankstein said, explaining that young age isn't necessarily protective.
Првиот удар некако на среќа и се преживува, но вториот и понатаму...
Тука почнаа да ставаат алкохол за дезинфекција на рацете на влезовите од маркетите. Јас почнав да поткашлувам од вчера, ме фаќа страв... Како луда некоја се шетам со санитајзер и буткам врати со нога. Двајца пријавени на Готланд, наводно помлади, кои се вратиле од шетање. И двајцата на домашна нега засега, колку ќе бидат изолитрани е знак прашалник. Гледам луѓе постојано патуваат накај Стокхолм. Не знам што треба да се случи за да го стават островов под карантин, ова требаше превентивно да го направат, ама ајде...Овде читав статии ( и да ги ставам се на шведски ) дека периодот на опоравување ( без разлика хронични или не ) трае од 10-20 дена, а кашлицата во поблага форма може да остане и до 30 дена. Така да, 2 недели е очекувано.
Само се одолговлекува дур се најди вакцина/лек.+ Ко ќе се стопли би требало да се намали проширувањето, + овие што се хронично болни + сезонски грип во комбо со корона = маф планоМене ме интересира како ќе се уништи вирусов целосно со толкаво ниво на заразност...
Еве да речеме ќе почне да се намалува бројот на заразени, ќе почнат работите да се враќаат во нормала, луѓето ќе почнат да се опуштаат... Еден да остане заразен несвесно може да го прошири вирусот на уште сто. И ете ти пак епидемија.
До кога ќе трае ова? Додека не го прележиме сите вирусов? Не верувам дека ќе се искорени целосно а е толку проширен, на светско ниво...
кажа МЕРКЕЛ, купуваме време, инаку тактика на нашите политичариМене ме интересира како ќе се уништи вирусов целосно со толкаво ниво на заразност...
Еве да речеме ќе почне да се намалува бројот на заразени, ќе почнат работите да се враќаат во нормала, луѓето ќе почнат да се опуштаат... Еден да остане заразен несвесно може да го прошири вирусот на уште сто. И ете ти пак епидемија.
До кога ќе трае ова? Додека не го прележиме сите вирусов? Не верувам дека ќе се искорени целосно а е толку проширен, на светско ниво...
Брзината на ширење и просекот на заразени е поголем отколку кај грипот ама контаминацијата не е стопостотна.Уште не ми е јасно, како тоа другите 11 патници во комбето не го фатиле вирусот???