- Член од
- 4 јули 2008
- Мислења
- 6.134
- Поени од реакции
- 1.896
На овој обем на заразени сигурно има и голем број на случаи кои се без симптоми и случаи кои се со благи симптоми и воопшто не се тестирани. 12500 случаи се потврдени но сигурно не се вкупниот број на заразени. Вчера за прв пат во Кодоњо не се регистрирани нови случаи, прво место кое беше ставено под карантин на 21 февруари (линк). Ако местово е показател за трендот на намалување на заразата, во северот на Италија посериозни намалувања на случаевите би требало да има за 10-на дена ( карантин е ставен пред 4 дена ).6,6% умрени
Ништо страшно коронава скоро исто како обичен грип.
Друго прашање кое баш ме копка е што после првично нормализирање на состојбата со заразени. За сега лек очигледно нема, вакцините се релативно далеку и единствен начин на контролирање на заразата е целосен карантин. Дури и кога ќе се нормализира ситуацијата во Италија, или било која земја, едно ново жариште повторно може да предизвика општ хаос. Ако топлото време не го сузбие вирусот, што тогаш? Единствено решение би бил целосен карантин, но по цена на целосен економски колапс во светот. Допрва ќе видиме како светот ќе се справи со една ваква ситуација.