Коронавирус (COVID-19)

B

Beginner

Гостин
Леле одете прочитете коментари на Филипче профилот во стил браво министре секоја чест најдобар сте човек да помисли лек против вирусот најдел најозбилно а не дека направил најнормална работа како сите деуги земји. Ова што требаше да го направи уште вчера па ако не и порано ама битно браво секоја чест над 200 коментари.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.174
А искрено.. кога веќе забрануваат јавни евенти т.е публика на утакмици итн., која е логиката која ја кажа за следново:

Се забрануваат настани на кои ќе учествуваат над 1000 луѓе. За настаните под 1000, се препорачува да се откажат“

Ова ми е некако апла политички. Која е логиката за над/под 1000? Тоа е огромна бројка.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.669
Поени од реакции
11.825
На ГИС има званична статистика, ама Иран во моментов е најкритичен, таму изгледа е излезена ситуацијата од контрола и државата ги крие податоците.

Во Иран водачите на државата умираат, 70.000 затвореници испуштија од затвори, така да кај обичните граѓани кизнај како е.

Има некој неофицијални проценки дека во Иран има пола милион болни.
Ќе ги почистат САД за брзо :coffee:
 

kalimero456

Имам 100 проблеми а 1 ми е пари а пари немам 1312
Член од
7 ноември 2019
Мислења
3.504
Поени од реакции
3.727
dobro jas se izvinuvam ali moze li da dobijam odgovor na prasanjata bar onaka ozbilno blagodaram
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
А искрено.. кога веќе забрануваат јавни евенти т.е публика на утакмици итн., која е логиката која ја кажа за следново:

Се забрануваат настани на кои ќе учествуваат над 1000 луѓе. За настаните под 1000, се препорачува да се откажат“

Ова ми е некако апла политички. Која е логиката за над/под 1000? Тоа е огромна бројка.
Па инаку нема да може да држи прес-конференција.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.694
Поени од реакции
8.119
Сега им текна мерки од кога дојде вирусов и некој почна да го шири. Каде беа до сега со мерки и разно разни чуда.
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.797
Поени од реакции
2.365
Site doktori koi bile na simpoziumot shto go drzhela cavkava od dermatologija, se rizik faktor. Ednata e od mojot grad i e odnesena na testiranje. Zhenata ima 2 deca i soprug, plus ziveat so negovite. Decata mislam deka odat vo gradinka. Na rabota 1 den so eden kup pacienti, plus tie koi se vratile da dadat izvestaj kaj matichen...lele lele, ne mi se ni pomisluva....

Sent from my SM-N960F using Tapatalk
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.174
dobro jas se izvinuvam ali moze li da dobijam odgovor na prasanjata bar onaka ozbilno blagodaram
Официјално, ти е 7 активни.
Официјално, уште околу ~200 се у изолација кој имале контакт со директорката, плус неколку основци.

Неофицијално, бог знае колку имаат потенцијал за да бидат позитивни. Никој не ги рецка некако тие у Рагуза. Тоа било настан голем со сигурно над 20 вработени.

пс: За некој 5/6 дена од сега, мислам дека ќе знаеме т.е ќе имаме одприлика претстава колку е ова раширено. Ако идеме според некоја логика и општо информирање како и колку се шири, тогаш може да имаме сериозна бројка (се надевам дека нема..).
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.782
Поени од реакции
12.249
За колку време може да се тестира лице дали е позитивно? Навистина за час-два?
Ако е навистина така, малце е чудно оти никому не му текна од грип вака брзо да се тестира. Ќе се намалеше зараза ако ништо друго.
 

kalimero456

Имам 100 проблеми а 1 ми е пари а пари немам 1312
Член од
7 ноември 2019
Мислења
3.504
Поени од реакции
3.727
Официјално, ти е 7 активни.
Официјално, уште околу ~200 се у изолација кој имале контакт со директорката, плус неколку основци.

Неофицијално, бог знае колку имаат потенцијал за да бидат позитивни. Никој не ги рецка некако тие у Рагуза. Тоа било настан голем со сигурно над 20 вработени.

пс: За некој 5/6 дена од сега, мислам дека ќе знаеме т.е ќе имаме одприлика претстава колку е ова раширено. Ако идеме според некоја логика и општо информирање како и колку се шири, тогаш може да имаме сериозна бројка (се надевам дека нема..).
ovde imam podetalni prasanja ,izvini so skolite i eden roditel nie sme nad 150 000 vo domasna izolacija ke ti blagodaram ako mi odgovoris
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Под итно треба и фирмите кои ќе трпат загуби да им се олесни со даночно ослободување.
Автоматски споено мислење:

Мистерија: Што прави Турција за да нема ниту еден случај на коронавирус во земјата?

Објавено пред
17 минути

- 10 март, 2020
Од
Макфакс

Постојат речиси 115.000 потврдени случаи на инфекција со коронавирус во светот и 4.000 смртни случаи низ целиот свет. Вирусот се шири во 90 земји. Но, во Турција – ниту еден случај. Барем така тврдат во земјата.
Турција, земја со околу 80 милиони луѓе, тврди дека нема случај на заразување со коронавирус, иако сè околу неа е ’црвено’ на графичкиот приказ на светската мапа на земји кои се зафатени од вирусот.
Турскиот министер за здравство, Фахретин Коца, го потврди ова во понеделникот, пофалувајќи ја владата за ефикасно спречување на влегувањето на вирусот во земјата. Како Турција успеа да го запре коронавирусот за разлика од другите земји?
„На сите што се враќаат во Турција им се советува да одат на самоизолација 14 дена. Хронично болни и оние над 50 години не треба да излегуваат надвор. Доколку имаат потреба, треба да носат маска“, вели турскиот министер за здравство, кој тврди дека 2.000 лица биле тестирани во земјата и сите се негативни за коронавирусот.
„Ако вирусот влезе во Турција, тој ќе го донесе некој што дошол од странство“, вели министерот за здравство, кој го означи затворањето на границите со Иран како клучна работа за да се спречи ширење на вирусот.
„Ако не го сторивме тоа, 50.000 луѓе ќе влегуваа во Турција неделно“, рече министерот.
Во Иран, во последните 24 часа има најголем број смртни случаи предизвикани од вирус корона надвор од Кина. За еден ден загинаа 54 лица, вкупно 291. Во исто време, потврдени се 881 нови случаи во Иран, со што вкупниот број заразени е на 8.042.
Дали е можно коронавирусот да навлезе речиси во секоја земја во Европа освен во Турција? Факт е дека Турците релативно брзо, кога епидемијата започна да се шири од Вухан, ги забрани сите летови кон Кина и ја затвори границата со Иран, каде што вирусот започна неконтролирано да се шири.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom