Претежно немам навика да пишувам долги постови бидејќи се трошење на време а и реално мачни за читање, но во случајов ќе направам исклучок да ги сумаризираме случките за пандемијава во државава, а и подалеку.
Почна пролетта, мартот како што беше прогласена како пандемија, нов вирус со тогашна пресметана смртност од 5%, голем дел од населението беше уплашено со оглед на тоа што никогаш никој од нас не се сретнал со вакво нешто, имаше panic buying, фиксирање на цените на есенцијалните работи ( брашно, масло и сл ), пролетта имаше мал број на заболени со оглед на тоа што локална трансмисија имаше малку, повеќето случаи беа увезени од Италија, а државата наша беше така спремна за пандемија на чело со Супер Венко кој што воопшто не успеа да ја заштити државата од вирусов да стане присутен во државава.
Се пуштаа странците без тестирања, со "карантини" и "препораки за самоизолација за тие од Италија", тестирањата беа минимални.
Имаше скечови како Госпоѓата директорка на кожното одделение која што иако имала препорака да биде изолирана бидејќи била во Италија, таа болна си одела на работа ( медицинско лице, на висока позиција ), па ајде имаше "казни" за госпоѓата од страна на нашиот систем, за на крај да нема никакви казни со оглед на тоа што и таа најверојатно била инсталација од штаб на СДСМ како и другите глувци во државните институции вклучувајќи и болниците.
Подоцна нашиот Супер Венко за Велигденските празници кои што случајно беа погодени со бајрамските пости, стави полициски часови долги по 4 дена, каде што тие полициски часови не важеа за одредена група на население, која се групираше во големи бројки за време на пандемија, локалната трансмисија беше многу ниска, па за одредено време да експлодира до точка каде што нема враќање.
Мерките "случајно" се релаксираа за време на Бајрамот, а и се спремаа избори, во текот на летото имаше константна бројка на ново заболени.
Во текот на августот 2020, иако уште немаше вакцини во употреба, на нашата држава и биле понудени вакцини од страна на Русија, кои за "чудо" нашите државници ја одбиле.Добар доказ колку на Венко и Зоти им е галје за населението.
Есента беше првиот појак бран каде што имаше многу заразени и многу умрени, имаше случаи како со мајката од девојчето од Берово, која што починала во болницата во Штип бидејќи нашите здравствени работници не ја приклучиле навреме на кислород, па нашиот Венко пушти да се истражи случајот кои што за "чудо" немал никакви неправилности
.
За несреќа во текот на есента трансмисијата беше излезена од контрола што и покрај тоа што не бев излезен од дома ( со оглед на тоа што државата ја болеше курот за населението ) гледав да ги заштитам моите кои што се постари и со хронични болести. Фатија моите корона па со нив и јас и имав прилика да се сретнам со нашиот здравствен систем, каде што немаше тестови ни приватно ( барем не бев известен за во мојот град ) ни државно ( освен ако немаш врски ). За на крај после 10 дена од кога беше болна мајка ми која беше со средно-тешка клиничка слика и кога беше дојден нож до коска, да се најде тест само на приватно, иако повеќе од 10 дена молев за тест, дополнително чекаше повеќе од 4 дена за РТГ бидејќи господата што работеле таму не работеле после 2
Сликата по болниците беше страшна, луѓе со редови чекаа за да направат РТГ, за условите во болниците и спремноста и загриженоста на кадарот нема потреба да дискутирам.
Тестовите на државно немаше, на приватно одеа и до 12 000 денари, за лечење во приватните болници луѓе куќи станови продаваа за да спасат член од семејството.
Многу луѓе изумреа во овој бран.
Почетокот на 2021 веќе имаше вакцини, големите држави веќе почнаа да се вакцинираат, почетокот на пролетта држави како Србија веќе беа снабдени со вакцини од повеќе производители, нашите дудуци не само што не прифатиле понуди за да лижат западни газови, туку и дополнително сакале преку 3то лице за дупла цена да купат од кинеските вакцини ( државните Синофарм ), нормално дека кинезите не сакале
За Фајзер 100 пати излажаа дека порачале ВАКСАЈНС за уствари на крај да испадне дека воопшто не порачале.
Нормално дека пролетта имаше уште еден бран, но немаше рестрикции и ситуацијата според нашето министерство за здравство беше под контрола.
На крај успеаа да испросат некоја вакцина од нашите соседи за да кажат дека вакцинирале нешто. Купија голема количина на вакцини од Синовак бог знае по која цена, со оглед на тоа што Синовак не е државна компанија можно е да паднала некоја зделка за нашите, па затоа и големата количина
Летово Филипче викаше дека до Август пандемијата ќе завршела, па пушти да се прават свадби, гастербајтерите без тестови и вакцини дојдоа се изнаправија свадби, си заминаа, за на крај Филипче да удри по невакцинираните како виновни за ширење на заразата и ставање на рестрикции и дискриминација за невакцинираните лица ( многу од нив прележани ). Сега ќе вовеле ПЦР или вакцина за странците, иако цела Швајцарија си замина, за малце ја промаршија
.
Со испади на социјални мрежи и ширење демагогии Филипче викаше дека вакцините штителе повеќе од природниот имунитет, иако ова е тотално не точно, најверојатно затоа му го блокираа твитерот
Со исход на смрт на хоспитализираните од корона со над ~40 % и можеби нешто под 1% survival rate на тие на респоратор или ICU, за споредба во западните држави е блиску 50%. Тоа самото кажува колку здравството и здравствените работници се спремни за оваа работа, каде што до вчера на повеќето денот им беше да испијат 4 кафиња дневно, вработени со штулови дипломи, купени или со штабски врски, секоја чест исклучоците кои што се малце.
Филипче и оваа влада после се ова треба кривично да се гонат.