Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
17 август 2011
Мислења
9.815
Поени од реакции
17.616
Кога ќе имаш близок чоек опериран од карцином, на имунотерапија, збори ми за како било правилно да се носат маските.

Школски ти е убаво напишано да, ама Македончето носи маска за да не го казнат, а не за да се заштити себе си и другите од вирусот. Исто како што се вакцинира за да оди во странство, а не за да се заштити од вирусот.

Поената на муабетот воопшто не беше "правилно носење заштитни маски", туку ноншалантниот однос на луѓето кои две години седеа затворени дома. И сега кога конечно има простор за некое разлабавување, они буквално прават дефекација над сиот вложен труд изминативе месеци.
Може да објасниш како му се серат на целиот труд, кога бројките упорно паѓаат и покрај разлабувањето? Има простор за разлабување, се разлабуваме. Мака ви е да го глеате тоа или што е проблемот.
Јбг, умреа луѓе ама животот си иде даље. Умирале блиски и претходно па не сме барале луѓето да го парализираат животот ради тоа. 2 години трае ова и никој од нас не знае колку време ќе е тука.
 
Член од
2 декември 2020
Мислења
130
Поени од реакции
152
Дали има во интернет во PDF форма, или статистика на преживеани од Ковид во Македонија? Ми треба за итни летни потреби :icon_lol:
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.433
Поени од реакции
29.961
Типов....можеби е некој од "оние" членови :lolzz:
Пациентов на пар пати ме застануваше на кеј и покушава да продава религија. Јас повеќе не му застанувам, чакштовише убрзавам малку со трчањето. ;)
Обично кога е полошо времето, кога има помалку луѓе, редовно го гледам какo замара луѓе. Изгледа како да има некои озбилни проблеми, и не ми е јасно што прават тие „органите“ наокулу влезот во пунктот кај Борис, ликот треба под итно да иде на евалуација за способност слободно да се движи меѓу луѓе.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.201
Поени од реакции
10.719
Може да објасниш како му се серат на целиот труд, кога бројките упорно паѓаат и покрај разлабувањето? Има простор за разлабување, се разлабуваме. Мака ви е да го глеате тоа или што е проблемот.
Јбг, умреа луѓе ама животот си иде даље. Умирале блиски и претходно па не сме барале луѓето да го парализираат животот ради тоа. 2 години трае ова и никој од нас не знае колку време ќе е тука.
Јас на кој јазик пишувам?
Реков да не ни се врати како бумеранг.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.477
Поени од реакции
2.539
Јас на кој јазик пишувам?
Реков да не ни се врати како бумеранг.
И што, по сто пати вирусов планирате да го фаќаме? И мање више ако се фаќа по сто пати дефинитивно неможе вака да се продолжи уште многу. Еден тон вируси има по 100пати што се фаќаат па живот иде даље, така и со овај.
 
Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.070
Поени од реакции
12.618
Пациентов на пар пати ме застануваше на кеј и покушава да продава религија. Јас повеќе не му застанувам, чакштовише убрзавам малку со трчањето. ;)
Обично кога е полошо времето, кога има помалку луѓе, редовно го гледам какo замара луѓе. Изгледа како да има некои озбилни проблеми, и не ми е јасно што прават тие „органите“ наокулу влезот во пунктот кај Борис, ликот треба под итно да иде на евалуација за способност слободно да се движи меѓу луѓе.
Од моја населба е типов и има многу тажна прикаска.
Се мачеше долго у севернава,па некако пребега азил у Канада.Таму стана човек,два негови ресторана имаше,се ожени со Канаѓанка 3 дечиња имаат и му се смени скроз животот.

Одеднаш нешто му кликнало во глава,забегал по верата скроз и ги оставил таму без збогум за да проповеда религија низ Мк.
Само што стапнал тука сместа некој му го дигнал канадскиот пасош и после неколку месеца низ манастириве низ срм сеа одлемува по скопските улици,поточно околу кејот на вардар ко што кажа.

Греота ама не џабе рекле - со памет нема играчка :)

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.931
Поени од реакции
39.440
Јас на кој јазик пишувам?
Реков да не ни се врати како бумеранг.
Читаш типчево колку ги релативизира сега ствариве, умираат луѓе животот иде даље. Многу ја разводнуваат работава у последно време, на крај ќе испадне све ко небитно.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.991
Читаш типчево колку ги релативизира сега ствариве, умираат луѓе животот иде даље. Многу ја разводнуваат работава у последно време, на крај ќе испадне све ко небитно.
Ама тоа не е поентата на дискусијава.
Разговаравме за 2 мерки, првата е маска на отворено, а втората е полицискиот час. Се сложивме дека истите не се потребни. Никој не ти брани да носиш маска/и или да седиш дома.

Мерките како маска во затворен простор, групирањата, мерките за кафичите, рестораните, кладилниците, па и ограничувањата на капацитетите на театрите, стадионите и кино салите (кои мора да се отворат) треба да бидат на сила. Не знам зошто сега се буните. Наводно имаме веќе и колективен!

Се разгледува опцијата да се врати прогресивниот данок. Струјата ќе поскапе. Цената на сите производи е качена, а во економијата нема пари и платите да ги следат тоа темпо. Мора да се отвориме.

Тука се границите и веќе започнува туристичката сезона, затоа сѐ е неминовно.
 
Брат, релативизирате, малце видовте се поарни ситуацијата и одма други муабети.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.991
Брат, релативизирате, малце видовте се поарни ситуацијата и одма други муабети.
Пак "ние". Каде релативизирам? Зборувам за мерките. А фокусот на Димитар е на сосема друго место.

На +30-40 С тешко се дише без маска, не пак со една, две или три маски.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.815
Поени од реакции
17.616
Јас на кој јазик пишувам?
Реков да не ни се врати како бумеранг.
Па веројатно ќе се врати на есен. И сеа што да праиме, да кубеме коси дур да се врати? Имаш дневен просек од 30 ново заразени и огромен број прележани, топло време, со два збора идеални услови. Жалам ако не ти се свиѓа тоа ама животот животот си иде даље за остнатите.
 
J

joli1

Гостин
Брат, релативизирате, малце видовте се поарни ситуацијата и одма други муабети.
Брату фрката е у тоа што полицискиве часови се смешни, полициски час после 12 часот, ко да нема корона пред тоа.

Државава ги уништи оние кои што работаат трета, еден дел останаа без плата, другите добија отказ. Да не зборувам за другите полициски часови што беа од 9 итн, каде што секој втор у Македонија изгуби неколку часа од втора смена и има помала плата, а трошоците константно растат поради истите полициски часови.

У врска со маските, чисто сумљам дека некој е против носење маски на затворен простор, ама еве уште не можам да разберам за што ќе ми е маска ако сум сам у кола, ако сум на отворен простор, по паркови, по планини итн. Никој никому не забранува да носи маска кога он сака и кај што сака, ама да принудуваш некој да носи маска на отворено е лудост.

Како што тргнала работава и меркиве што ги носат, побргу народов ќе умре од глад него што ќе умре од корона.

Како што рече еден член погоре, не сите работаме од дома, не сите сме програмери, не сите земаме иста плата кога има одредени мерки, егзистенцијата на народот е у прашање.

Еве кажи ми, у случај да уведат полициски часови сеа за лето, од што ќе се прехранат оние што живеат у Охрид/Струга/Дојран кои што прават пари преку лето и потоа од истите пари живеат цела година?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom