Не може евроски земји да функционираат исто како азиски. Културолошките разлики се огромни. Ниеден азиски пример, ни добар, ни лош, не може да биде апликабилен во Европа.
Да, се сложувам дека во многу сегменти културолошките разлики се огромни, но тоа не значи дека некои сегменти не можеме да ги примениме и во нашите општества, односно во западно-европските земји каде што имаат поголема културолошка разновидност.
Но, би рекол дека за одредени работи и не мора да има некаква културолошка разлика за да се однесуваме поосодветно или похумано, особено во ситуација каква што се наоѓаме сега. Како луѓе и како личности не сме само индивидуалистички настроени, туку имаме и колективистички страни, кои што доколку се однесуваме малку поколективистички, за доброто на самиот себеси и на другите, тогаш мислам дека би можеле полесно да се справиме со оваа криза.
Проблематика е во тоа колку сме свесни и зрели да излеземе надвор од комфорот и да направиме жртва околу целата ситуација.
Знаеш што е заедничко за сите тие азиски култури? Понизноста.
Не може да ја споредиш слободата на живот низ Европа во сите аспекти од секојдневното живеење, со ненормалната понизност на Кинезите или Јапонците пример кои се спремни да изгинат ( буквално ) на работа заради некој традиционални вредности вкоренети длабоко во општеството. За нив и 60 часовна работна недела во фабрика без никакви услови е супер премија и не се бунат за ништо. Ако им кажат да носат маски на спиење, најверојатно ќе носат без да се бунат. Ако им кажат дека треба да седат 6 недели во карантин дома, ќе седат. Без интервенција на војска и драматизирање. Или ако веќе интервенира војска претпоставувам игра ќотекот, ќе те пикнат во некое дувло кај шо ќе се молиш корона да фатиш, нема Хелсиншки, нема некој посебни човекови права бла бла.
Овие работи не поминуваат во слободните европски земји, каде и во вакви услови на глобална пандемија на прво место се ставаат човековите права и слободи, како слободата на движење. Баш поради вакви работи Шведска и Холандија мислам моментално функционираат стриктно на препораки, а не закони, и не се воведуваат полициски часови и забрани за движење.
Зошто мислиш дека Јапонија или Кореја имаат помалку слобода на живот отколку Америка и Европа?
Јас би рекол за дел од работите што ги наведуваш, е нивната свесност према околина и да се грижат за неа, бидејќи некои работи им се вкоренети уште од мали, што не е лошо и овој континент некои базични работи да почне да ги применува почесто. На пример, децата во Јапонија уште на мала возраст во школо ги учат јадење да прават и потоа заедно со учителите да ја распоредат одговорноста за тоа кој ќе чисти, кој ќе мие, кој ќе суши итн.
Доколку го погледнеме тој дел, и потоа што они се имаат справувано со претходни епидемии и пандемии покажува дека имаат одредено искуство самите власти, а и граѓани како да се справат со вакви работи и со тоа би рекол наместо да бидеме арогантни, треба да научиме некои работи од нив.
Друга работа, таа слобода што ја имаме тука, не значи дека треба да ја оневозможиме слободата на другите луѓе и да се искористува таа слобода за протести поради тоа што наводно на луѓето им се кршеле правата во време на криза со барање да се носат маски во затворени простории.
Со оглед на бројките на заразени луѓе во Европа, а и во Америка, слободата на едните луѓе ја загрозува слободата на другите луѓе, со тоа што оние луѓе кои имаат хронични болести, им се одзема правото на слобода и правото на здравство поради дел несовесни луѓе, и во тој случај, одземање на одредена слобода во кризна ситуација е прифатлива во споредба со дозволување одредени луѓе кои невнимаваат за себеси да заразат и други, а притоа и да го скратат правото на здравство на луѓе со хронични болести и со малигни заболувања.