Не би полемизирал нешто премногу околу маските, околу нивната (не)ефикасност по што од тој аспект ретко кој од нас е компетентен да коментира. Факт е дека медицината е огромна незналица дури и за луѓе кои што цел живот го посветиле на неа, камоли пак за нас лаиците. Целата таа наука е тешка за разбирање и дигестирање по што се простира далеку над конгнитивните капацитети на просечниот човек, особено пак е тешка за разбирање во кругови и општества каде што образовниот систем е на многу ниско ниво, како што на пример е случај со нашето.
Ќе ја проширам ептен ама имам впечаток дека функцијата на маските, освен нели онаа заштитната има и психолошка улога во случајов. Носењето маска создава таков еден психолошки ефект и чувство дека имате каква таква заштита, а со тоа и некаква контрола врз ситуацијата што на некој начин, до одреден степен го откочи условно кажано нормалното функционирање, ја редуцира паниката, креира некаков ред, норма и.т.н.
Друга функција е што на владите им послужи како инструмент да покажат дека прават нешто, да наметнат некакви регулативи во име на националното здравје, а веројатно повеќе како популизам во акт на немоќ и безидејност на носењето маска му дадоа повеќе внимание од што заслужува. Оти реално пандемијата во суштина ги разобличи колабираните здравствени системи, тоа колку малку се инвестирало во здравството, а тоа е директна нивна кривица и одговорност. Вака ваљда е полесно да се крека за (не)носење маски, непочитување на здравствени регулативи, отколку да се отвори дискусија за очајот во здравството, економијата, и други суштински прашања кои што ова закржлавено општество никако да ги стави на маса, а камоли пак да впери прст и да побара одговорност.