Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.641
Поени од реакции
27.890
Слободно објаснувај. Те уверувам дека ама баш никаква нервоза не ми предизвикуваш.
Автоматски споено мислење:

Најверојатно (малку) пред да се пополни модуларната болница,ќе воведат карантин.
Ако мислиш на целосен карантин,со тоа државата би извршила самоубиство
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.540
Поени од реакции
34.704
... како не им срам, шетаат ни цела МКД, излегуваат со приоритет преку граница, седаат слободно по кафани и ресторани на ручеци и приватни средби и све тоа на отворено, неограничено, а сакаат да работаат онлајн од дома демек опасно од коронавирус да не се заразат, е тоа се нашите пратеници кај ќе им иде душата не знам, ако воопшто ја имаат!
 
C

CoolIris

Гостин
Гужви низ плоштади нема пошто нели ограничено е движењето а и малце народов доби на свест па и не се групираат така. А за автобуските мислам дека си грешка, тука има собрано поголема група луѓе и секој што е свесен и се плаши за здравјето ќе си стави маска, другите едноставно ќе стојат на растојание, доека дојде автобусот каде сите мора да носат маски нели. Што е оправдано, за затворен простор.
Ама како тоа ми зборуваш за свеста на народот, кога на дневно ниво имаме по 600 нови заразени? Зошто се заразуваат овие луѓе? Од што се многу свесни и држат дистанца или од што не почитуваат никакви мерки? :)
Можеа едноставно да го потенцираат носењето на маски на отворено во такви ситуации а не ЗАДОЛЖИТЕЛНО носење маски на отворен простор кога си сам. Нив не ги интересира дали ти си пред банка, на буска или шеташ сам на улица каде нема никаков човек. Мерка за штанцање казни и пари.
Можеа вака, можеа така. Хипотетиката ми е на исто ниво со хипохондријата во случајот. Аналитичари сме и едните и другите. Ептен го тупиме за банални работи.

Да не беше сериозно, немаше болничките капацитети да се полнат со брзина на светлината и немаше да умираат по 12 души дневно, секој ден. Кога сме имале 12 починати од грип за еден ден? Кога сме имале преполнување на болничките капацитети од пациенти со грип и потреба од модуларни болници?

Не треба да се крева паника, ама никако не треба да се потценува непредвидливоста на ова заболување.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.569
Сигурен си за ова?

А и за ова дека ситуацијата е сериозна, дали имате напишано нешто конструктивно во контекст на нудење решенија за спречување на ширење на вирусот? Освен продавање морал, семантики дека умирале луѓе и дефитизам дека сите ќе умреме, плачење и кукање што за жал е во ДНКата на Македонците, јас друго досега немам прочитано на темава. Де кажете став, понудете решение, напишете нешто различно од она стандардното повторување на едно те исто цело време.
Не се сеќавам да ми одговорил некој, можеби сум го прескокнал тоа мислење.

Добро, ситуацијата е опасна. И? Кое е решението?
Не се разбирам многу во медицина, ама колку што имам познавања, хипохондрик е човек кој има неоснован, константен страв од тешка болест.
Како што гледам, бројките и реалната состојба велат дека луѓето немаат НЕОСНОВАН страв, а тука ниту еден не не' убеди дека ситуацијата не е алармантна. Да бев модератор во подфорумов, дебели опомени ќе изедеа сите паметњаковичи што се потсмеваат константно, без да кажат ништо паметно. Видовме дека главниот момент во кој доаѓаме до конфликт е бројот на починати и хоспитализирани. Истиот е невообичаено голем, споредбено со било кој месец и било која година во Македонија (особено бројот на хоспитализирани), па затоа прашувам од која бројка можеме да го запалиме алармот според вас? Можеби 100 мртви на ден или 1000 мртви, за некој да прекине да отекува муда со ХИПОХОНДРИЈА и ХИПОХОНДРИЦИ.

Темава треба да се служи за споделување информации и искуства и веќе неколку пати предложив, за сите што верувате во теории на заговор, да се отвори соодветна тема за дебатирање. Тука би требало да ги дискутираме мерките, да ја разгледуваме РЕАЛНАТА ситуација на терен, позитивни случаи да споделат свои искуства, да споделат како поминало нивното лекување, какви витамини пиеле, дали им препишале антибиотици, како се одвивала комуникацијата со матичниот доктор, како се одвиваат тестирањата, кои се цените и слично.
Би ја повикал @santelli повторно да размисли за овој предлог или пак дискусииве за информациите да ги префрлиме во темата во здравје, а оваа да остане за да се етикетираме кој е хипохондрик, да споделуваме статии кои никој паметен не би ни губел време да ги отвори, да веруваме во 5Г и слично.

Јас не сум тој кој може и треба да даде решение. Решение очигледно нема, тоа ја прави ситуацијата алармантна во државава, како и во целиот свет. Уште еден факт дека стравот не е неоправдан.
Сметам дека мерките кои ги имавме на почетокот беа добри, доколку навистина се почитуваа.
Државата треба да ги заостри мерките и истите да се применуваат секаде. Да одлучував јас, прво што ќе одеше под клуч ќе беа местата каде што има забави. Сите места каде е возможно големо групирање на луѓе. Лимит на ресторани и кафулиња до 22 часот со строго почитување на растојание и без музика. Би пратил полиција во секое маалско паркче. Џабе не работат некои места кога младите се групираат во населбите по милион души. Или сите да носат маска или полиција да ги разбркува постојано и казните да бидат драконски. Би вовел почести автобуски линии, во автобус да се влегува исклучително со маска и ако е пополнет капацитетот за седење, да не се примаат нови луѓе. Сите што можат да работат од дома онлајн, да го направат тоа. Децата не би оделе на училиште и градинките не би работеле, луѓе во војна како се снаоѓаат, ќе се снајдат и во оваа вонредна ситуација. Локдауни во екстремни случаи, кои реално се на повидок според исполнетоста на капацитетите. Економијата во втор план, секако не сме способни самите да се одржиме, а сите економии ќе страдаат.
Да одлучував јас, одамна ќе беше направен план за пренамена на некои одделенија, ротација на лекари, затоа што освен одредена група, другите кур дрват, никаква работа немаат. Ама, државбата има други приоритети. Ќе зголемев капацитет на тестирања, ќе примев од други држави стручни лица, ако веќе имаме недостаток на тоа поле.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.977
Поени од реакции
55.047
Ама како тоа ми зборуваш за свеста на народот, кога на дневно ниво имаме по 600 нови заразени? Зошто се заразуваат овие луѓе? Од што се многу свесни и држат дистанца или од што не почитуваат никакви мерки? :)
Јас не знам од што се заразиле, ама сигурно не се заразиле од што не носеле маски на отворено доека се надвор од гужва. Ова се коси со секакво здраво размислување. Не носел маска, фатил корона, како па да не. Баш од тоа е.

Ете ние сме несовесни. Зошто германците фаќаат корона, зошто французите и слични народи што нели се совесни и почитуваат мерки, носат маски, држат растојание?
Можеа вака, можеа така. Хипотетиката ми е на исто ниво со хипохондријата во случајот. Аналитичари сме и едните и другите. Ептен го тупиме за банални работи.

Да не беше сериозно, немаше болничките капацитети да се полнат со брзина на светлината и немаше да умираат по 12 души дневно, секој ден. Кога сме имале 12 починати од грип за еден ден? Кога сме имале преполнување на болничките капацитети од пациенти со грип и потреба од модуларни болници?

Не треба да се крева паника, ама никако не треба да се потценува непредвидливоста на ова заболување.
Не е моето хипотетика. Идеја е, на некој начин. Хипотетика е што би било кога би било, ова е идеја што би требало да напраат за да не го бунат и онака збунетиот народ. Носи маска на отворено, ама у кафана и кафич не носи. Од исто семејство не треба да носат коа се заедно, ама затоа со девојката/дечкото мора да носите. Маска на отворено задолжително, освен кога спортуваш. И слични глупи и непланирани да ги наречам мерки.

Ај сеа, 12 мртви, сеа умрените ќе ги спомнуваме, до вчера беше бројката на заразени, сеа секој ден ќе читаме дека умреле 7-8 души. Не е константа таа бројка од 12 души умрени, па да треба да се плашиме. Денес умреле 12 утре ќе умрат 2ца. Луѓе умираат, што не ви е јасно. Далеку е ова од апокалипса, готово ете, тргна возот, сеа секој ден над 12 души ќе умираат. Што има врска грипот. Сите се согласивме дека вирусов е појак од грипот.

Поише се крева паника отколку што некој го потценува ова.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.966
Државата треба да ги заостри мерките и истите да се применуваат секаде. Да одлучував јас, прво што ќе одеше под клуч ќе беа местата каде што има забави. Сите места каде е возможно големо групирање на луѓе. Лимит на ресторани и кафулиња до 22 часот со строго почитување на растојание и без музика. Би пратил полиција во секое маалско паркче. Џабе не работат некои места кога младите се групираат во населбите по милион души. Или сите да носат маска или полиција да ги разбркува постојано и казните да бидат драконски. Би вовел почести автобуски линии, во автобус да се влегува исклучително со маска и ако е пополнет капацитетот за седење, да не се примаат нови луѓе. Сите што можат да работат од дома онлајн, да го направат тоа. Децата не би оделе на училиште и градинките не би работеле, луѓе во војна како се снаоѓаат, ќе се снајдат и во оваа вонредна ситуација. Локдауни во екстремни случаи, кои реално се на повидок според исполнетоста на капацитетите. Економијата во втор план, секако не сме способни самите да се одржиме, а сите економии ќе страдаат.
Да одлучував јас, одамна ќе беше направен план за пренамена на некои одделенија, ротација на лекари, затоа што освен одредена група, другите кур дрват, никаква работа немаат. Ама, државбата има други приоритети. Ќе зголемев капацитет на тестирања, ќе примев од други држави стручни лица, ако веќе имаме недостаток на тоа поле.
Прашањето е зошто сето ова?

Го направивме во Март/Април и имавме 700 помалце мртви од просекот и 320 милиони евра помалце во економијата.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
@Saber Rider , аман бе човек, од тоа да се шеташ по кафани, да се дружиш секаде, сите познаници да ти се позитивни, а можда и ти, да ги нарекуваш уште од почеток на пандемијава сите кои малце страв имале и не излегувале од дома дудуци што и онака немале кај да шетаат и со кого, сега се докажуваш на темава дека не е зезанција и дека требало да се поштоваат правила? Дај не заебавај, молимте.



Има ли некакви мерки донесени, а не препораки од страна на властиве, и за што точно пишат казни ова полицајците? Тоа за кола глупостите што беа важи, не важи?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.145
Поени од реакции
25.573
Јас не сум тој кој може и треба да даде решение. Решение очигледно нема, тоа ја прави ситуацијата алармантна во државава, како и во целиот свет. Уште еден факт дека стравот не е неоправдан.
Сметам дека мерките кои ги имавме на почетокот беа добри, доколку навистина се почитуваа.
Државата треба да ги заостри мерките и истите да се применуваат секаде. Да одлучував јас, прво што ќе одеше под клуч ќе беа местата каде што има забави. Сите места каде е возможно големо групирање на луѓе. Лимит на ресторани и кафулиња до 22 часот со строго почитување на растојание и без музика. Би пратил полиција во секое маалско паркче. Џабе не работат некои места кога младите се групираат во населбите по милион души. Или сите да носат маска или полиција да ги разбркува постојано и казните да бидат драконски. Би вовел почести автобуски линии, во автобус да се влегува исклучително со маска и ако е пополнет капацитетот за седење, да не се примаат нови луѓе. Сите што можат да работат од дома онлајн, да го направат тоа. Децата не би оделе на училиште и градинките не би работеле, луѓе во војна како се снаоѓаат, ќе се снајдат и во оваа вонредна ситуација. Локдауни во екстремни случаи, кои реално се на повидок според исполнетоста на капацитетите. Економијата во втор план, секако не сме способни самите да се одржиме, а сите економии ќе страдаат.
Да одлучував јас, одамна ќе беше направен план за пренамена на некои одделенија, ротација на лекари, затоа што освен одредена група, другите кур дрват, никаква работа немаат. Ама, државбата има други приоритети. Ќе зголемев капацитет на тестирања, ќе примев од други држави стручни лица, ако веќе имаме недостаток на тоа поле.
Не сум ни јас, не е никој на темава. Тие што треба да нудат решение, го немаат. И тука не зборам само кај нас, туку и генерално на светско ниво. За вирусот денес ги знаат потполно истите работи што ги знаеа за вирусот во февруари.

Сите места каде има забави е цел угостителски сектор. 35.000 луѓе без работа. Ако им ги субвенционираш платите, 12 милиони евра месечно.

Праќање полиција во секое малско паркче значи ставање на цело МВР на улица, двојни смени, дневници, ноќни. Плус дополнително ангажирање и на АРМ веројатно. 10тина илјади луѓе месечно плус, 5 милиони евра месечно.

Почести празни автобуски линии, што градски, што меѓуградски, субвенционирање на компаниите, уште 5 милиони евра месечно.

Деца не би оделе на училиште, туку дома со родителите, кои исто работат од дома. А некои родители нема да може да работат од дома. На родителите што се дома со децата ќе им падне продуктивност, фирмите незадоволни. Некои ќе изгубат работа, некои ќе плаќаат дадилки, за да не изгубат работа.

Пренамена на оделенија, ротација на лекари, ставање лекари во одделенија за кои не специјализирале, дупли смени, чуда, собирање луѓе од други држави, онака скромно, 20 милиони евра месечно.

Одличен план, уште објасни кај ќе најдеш нови 150 милиони евра месечно (50 за мерките, 100 што ги губиш од проекција заради пад на економија) и јас ќе најдам начин да те поврзам со Заев, за лично да му ги предочиш мерките. Светот е малце покомплексен од нашите примарни стравови. :)
 
C

CoolIris

Гостин
Јас не знам од што се заразиле, ама сигурно не се заразиле од што не носеле маски на отворено доека се надвор од гужва. Ова се коси со секакво здраво размислување. Не носел маска, фатил корона, како па да не. Баш од тоа е.

Ете ние сме несовесни. Зошто германците фаќаат корона, зошто французите и слични народи што нели се совесни и почитуваат мерки, носат маски, држат растојание?

Не е моето хипотетика. Идеја е, на некој начин. Хипотетика е што би било кога би било, ова е идеја што би требало да напраат за да не го бунат и онака збунетиот народ. Носи маска на отворено, ама у кафана и кафич не носи. Од исто семејство не треба да носат коа се заедно, ама затоа со девојката/дечкото мора да носите. Маска на отворено задолжително, освен кога спортуваш. И слични глупи и непланирани да ги наречам мерки.

Ај сеа, 12 мртви, сеа умрените ќе ги спомнуваме, до вчера беше бројката на заразени, сеа секој ден ќе читаме дека умреле 7-8 души. Не е константа таа бројка од 12 души умрени, па да треба да се плашиме. Денес умреле 12 утре ќе умрат 2ца. Луѓе умираат, што не ви е јасно. Далеку е ова од апокалипса, готово ете, тргна возот, сеа секој ден над 12 души ќе умираат. Што има врска грипот. Сите се согласивме дека вирусов е појак од грипот.

Поише се крева паника отколку што некој го потценува ова.
Еден загубен живот е трагедија, ами 12?

.... exactly my point. Паниката се креира повеќе од т.н. псеудоексперти, кои за секое едно излагање на темава, како папагали еден те ист збор го повторуваат " хипохондрија ".

Ниту една мерка нема да биде ефикасна доколку не преработи свеста кај поединецот. Мислам дека до некаде поентата на сите ни е приближно тука, ама прашањето ми е, зошто тогаш луѓето и покрај сè, уште не носат маски? И не, не зборувам за сам човек што шета на отворен простор, зборувам за луѓе по автобуси, супермаркети, келнерите во кафаните, зошто?

И во Франција и во Германија, затоа се воведуваат рестриктивни мерки, карантини, затварање на угостителски објекти, образовни институции и др.

Не е апокалипса, ама ако вака продолжиме негаторски да ја гледаме реалноста, на пат сме до апокалипса.
А и реално, читајќи ја темава, не сум налетала на апокалиптични постови до сега....има такви што ја прифаќаат реалноста, претпазливи се и ги почитуваат мерките и такви на кои им смета првата група, па ги нарекуваат со разноразни имиња.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
281
Поени од реакции
442
Ептен е вистина тоа шо рекол Сталин една жртва е трагедија а милион умрени статистика, порано се потресувавме за 5 болни и еден починат на ден, сеа и 2000 да има на ден не ми прави никаква разлика
 

Kajgana Shop

На врв Bottom