TrendS
Work Smart, Not Hard
- Член од
- 14 декември 2018
- Мислења
- 4.419
- Поени од реакции
- 30.017
Кај Жан основна цена 12.000 + 3,000 евра (хемофилтрација + пакет што лежиш во болница)....на тие 15,000 евра можеш да додадеш/одземеш 2,000 евра во зависност од времето кое ќе го поминеш таму.Сите што не веруваат дека вирусов корона постои, би им предложила барем само три дена да облечат скафандери и да ја пратат работата во ковид центарот..не треба да работат, само да набљудуваат и да слушаат.
Само не ми е јасно, пакетот на Жан Митрев кој го промовира сега, за лечење со методот на филтрација на крвта од коронава, а кој ист пакет чини 12 ооо евра, а од друга страна, докторите ти велат дека оболен еднаш од вирус не стекнува имунитет и може повторно да заболува, па што тогаш да се дава по 12 ооо евра кога не е трајно лекување ?
Хемофилтрацијата се применува во тешки ситуации, кога во државно здравство би дошол моментот за интубација....значи на респиратор. Оваа хемофилтрација можеби ќе ти го спаси животот...бидејќи за жал знаеме колку пациенти приклучени на респиратор се екстубирани.
Така да тој што има пари доколку дојде до неизбежна ситуација, живот или смрт.....секако ќе избере хемофилтрација наместо респиратор во државно здравство.
ПС 100% гаранција не ти дава ни Жан ни никој на светот....
Последно уредено: