Па како тогаш се претворила темава во клон на таа политичката, ако пишуваме исти работи едни исти членови? Мислев алудираш на тие неколку ликови кои се појавија деновиве на темата, со партиски испади и слични глупости, а и плус да не се правиме мрднати, многу добро знаеме дали некој е член на партија или не на форумов. Затоа и треба што е можно повеќе да се игнорираат таквите ликови, за да не се труе темата. И проблем е тоа нормално, си имаат онаму теми за секоја партија посебно, нека прават двобои или што и да сакаат да прават. Плус гледам дека има и тема за политички случувања поврзани со вирусот, па ако гледаме толку по правила и регулации, овие мислења и сличните на нив би требало таму да се пишуваат, а тука да имаме казна за офтопик.
Општа дискусија значи се поврзано со вирусот кое не ја вклучува здравствената страна, односно се што не е поврзано со чисто медицинската дискусија за болеста, симптомите и слично. Тука може да се дискутира политичката перспектива на ситуацијата, однесувањето на луѓето, мерките кои се преземаат за заштита и слично. Тоа што на две недели пред изборите се натопоруваат ликови кои отворено тераат пропаганда само го покажува нивото на општествово и ништо повеќе, односно до каде се спремни да одат некои ликови само за да одработат за нивната страна (што и да значи тоа нивна и страна, ама тоа е веќе муабет за други теми и времиња).
Не земај за лично, не беше забелешката исклучиво адресирана до тебе, повеќе беше генерална забелешка до оние одговорни да спроведат ред на темава, кои и да се тие.
За тоа кој е партиски агитатор, нечиј апологет, можам (јас барем) само да носам претпоставки, а тенка е линијата измеѓу партиски мотивиран член и т.н неутрален посматрач. Тоа во смисол, некој е директен во своите партиски убедувања а друг е едноставно добар демагог.
Инаку, 99% од форумот се' или се декларираат како IT што е добра позадина за изигравање неутралец - сам печалам од никој не зависам па сум по дифолт имун на политички етикетирања. Остатокот се политички дисиденти кои што пишуваат во илегала од странство. И тие имаат слично покритие. Живеам во странство, избегав од државата, ме набрка Х власта или комунизмот заради моите сепаратистички национални светогледи.
Што доаѓаме до заклучокот дека на форумов никој не е партиски определен, сите сме неутрални, само некој повеќе некој помалку. И тоа беше океј кога се дискутираше на соодветна тема за тоа, се согласувам.
Не се толкав проблем новите членови, нивната порака е јасна, обично ја тераат пропагандата и си одат, ги снемува. Работата е што овде се наѕираат и членови кои што се одамна тука, се наметнале како опинион мејкери на разни теми од општествен и политички карактер и успешно егзистираат, како што реков, тераат перфидна политика испод маса и се толерирани од управата на форумот. Штом некој скршне од воспоставениот шаблон на коментирање веднаш му се придаваат етикети, неговото мислење се деградира. Зошто мислиш дека на форумов опстојуваат се едни исти ликови со години наназад? Па јас не измислувам топла вода, ова и други го имаат потенцирано. Веројатно и мојот пост ќе биде предмет на линч, вадење надвор од контекст, сеедно. Муабетот е што форумов, иако сака да се поистоветува како таков, не може да се земе како простор каде што се гаи исклучиво независна и објективна мисла, дека е некаков репрезент на општото јавно мнение. По мое таквото мислење е заблуда. Ако стигне некој засегнат да го прочита сето ова ќе се види и зошто.