Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.612
Поени од реакции
7.743
Двајца доктори и една медицинска сестра од Институтот за јавно здравје се позитивни на ковид-19, потврди за МКД.мк министерот за здравство Венко Филипче. Според него заразените медицински работници работеле на анкетните листови на сомнителните пациенти, но не оделе на терен туку работните задачи ги извршувале од канцеларија.
Сите останати медицински лица од Институтот за јавно здравје се тестирани и нивните тестови се негативни, а двајцата ќе продолжат да работат на анкетните листови од дома, додава Филипче.

Во Институтот за јавно здравје има вкупно девет тимови составени од по двајца здравствени работници кои работат на терен со пациенти сомнителни на ковид -19 и кои собираат податоци за нивните контакти и даваат препораки со цел да се спречи ширењето на заразата.

Сега, Институтот за јавно здравје има еден тим помалку за на терен, но останатите 8 продолжуваат со работа.

Министерот Филипче постојано апелира да се почитуваат мерките, да се носи маска, да се држи дистанца и редовно да се мијат рацете. Само на ваков начин како што вели ќе се спречи ширењето на заразата и ќе може што поскоро да се врати животот во нормала, а заштитувајќи се себе си и најблиските, го заштитуваме и здравствениот систем и лекарите кои се во првите борбени редови против коронавирусот.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.270
на 6 јуни, број на случаи на 1 милион
https://ourworldindata.org/grapher/daily-covid-cases-per-million-three-day-avg?region=Europe

daily-covid-cases-per-million-three-day-avg.png
Автоматски споено мислење:

на 6 јуни, број на смртни случаи на 1 милион (британците и швеџаните растураат, бадијала толку пари и чист воздух)

daily-covid-deaths-per-million-3-day-avg.png

на линковите може да најдете голем број други интерактивни табели и податоци.
 
Последно уредено:

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.612
Поени од реакции
7.743
Еве го Велимир си прави егзибиции. :angel:


Д-р Вело Марковски: Има 3 можности како да ја надминеме сегашната ситуација


Д-р Вело Марковски е инфектолог, кој работи како професор на Штипскиот универзитет, а има и долгогодишно искуство на клиниката за Инфективни болести во Скопје.
Тој изминативе месеци беше особено активен во нашите медиуми, со изјави кои во многу се разликуваа од неговите колеги, за што добиваше позитивни, но и негативни критики.
Во интервју за порталот Локално, тој го изнесува своето мислење, како да се извлечеме од новонастанатата состојба со зголемен број позитивни на Корона вирусот:

„Јас мислам дека има три можности. Првата најоптимистичка е вирусот природно да се повлече или да му ослабне вирулентноста до степен што ќе има малку см ртни случаи.
Втората можност е вакцина
, односно вештачки предизвикана отпорност кон САРС-ков-2. Вакцина нема да има најмалку уште една година, можеби и воопшто нема да се произведе добра вакцина. Значи вакцината е опција која во моментов е нереална и не треба да очекуваме дека тоа е решението.
Третата можност е стекнување на колективен имунитет.
Иако се работи за нова болест со многу парадокси, мое мислење е дека со некаде 30-40% серопозитивност кон КОВИД-19 ќе се постигне колективен имунитет.

Тој процент за неколку месеци ќе го постигневме со истите жр тви, за жал желбата никој да не ни се разболе, никој да не ни ум ре иако возвишена, е нереална, и сега ако одиме кон колектвен имунитет ќе мора да почнеме со изгубени три месеци.
При тоа, според мене еве еден можен модел: 400.000 во контакт со вирусот и создадени антитела се доволно ниво на колективен имунитет, со развлекување на кривата и опашка пдолго време од поединечни случаи. Според процентот од тетстирањата во овој период за цело време има десетина проценти позитивност, што значи дека околу 200.000 веќе имаат имунитет.
Потребно е уште околу 200.000 да добијат антитела. Од нив најголемиот процент (70-80%) од околу 160.000 асимптоматски ќе ја поминат инфекцијата, а околу 40 илјади ќе се разболат.

Од нив 80% (ова е веќе потврден процент во светот со сегашната вирулентност на вирусот) ќе имаат лесна клиничка слика, и нив треба да ги изменаџираат матичните доктори.

Остануваат 8.000 пациенти кои треба да се изменаџираат од кои ¼ ќе бидат критични. Околу 2.000 критични пациенти треба да поминат во 4 месечен период односно во 12 циклуса (ако средно хоспитализацијата трае 10 дена).(ајдее o_O )

Тоа е околу 85 пациенти во секој момент, штое околу 15 % исполнетос на болничките капацитети на Инфективна клиника (250) и 8 Септември (400).
Останатите капацитети можат да се потполнуваат со потешки пациенти (од тие 6.000) кои нема да можат да ги лекуваат инфективните одделенија низ државата и матичните доктори.


Од вештината на лекарите (инфектолози, пулмолози и анестезиолози) ќе зависи см ртнос та кај критичните пациенти. Ако вирулентноста на вирусот е намалена на 1% критични во однос на средно тешките случаи како што е сега состојбата во повеќето држави на крај на кривата, тогаш по дваесетина критични пациенти треба да се менаџираат дневно. Еве ваков еден модел би бил реален за стекнување на колкетивен имунитет“, вели меѓу другото д-р Марковски во опширното интервју за порталот Локално.
 
Последно уредено:

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Јас се извинувам ако некој веке напишал за тоа,но може ли да напише некој кој навистина ги разбира овие гадости од вируси,како се стекнува колективен имунитет?Дали тоа значи слабите да умрат а јаките да опстанат или што? На пример некој што не би можел да го преживее вирусов,како би стекнал имунитет да не се зарази или полесно да го прележи без последици?
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Значи сега испаѓа дека министерот има погрешни информации. Не е можно буквално за се да има една информација прво и после одма демант или негирање или не знам што. Фарса...

 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.175
Поени од реакции
3.422
Еве за Шведска до 29 мај, требаше сега да има и за следната недела ама изгледа се на продолжен викенд па можеби утре ќе не почастат со понови бројки,
малку повеќе го упропастив графикот, оти претходно ни се покажуваше просечен број и овој сегашниот, ама од оваа се гледа дека имало години кога имало пикови пола од овие сега.


Но каква е иднината, како што гледате 2020 се приближува до просекот и јас очекувам некаде после 15 јуни да отиде под просекот, од причина што ќе нема кој да умира од старите, од сите умрени над 90-95% се лица постари од 64 години (и претходните и оваа малку повеќе), убаво си кажа тој епидемиологот со малку подобра изолација на старечките домови ќе имале екстра резултати (кој да знае како баш треба, за друг пат ќе знаат),
тоа е ситуацијата ќе се стабилизира и ќе си продолжат понатаму, додека кај нас со месеци нема да се смени ништо (освен за 5 јули кога ќе нема ИЧ).
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.612
Поени од реакции
7.743
Значи сега испаѓа дека министерот има погрешни информации. Не е можно буквално за се да има една информација прво и после одма демант или негирање или не знам што. Фарса...

Којзнае дали и тоа oд МКД дали е точно или фејк њуз изјавата oд Филипче.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
Јас се извинувам ако некој веке напишал за тоа,но може ли да напише некој кој навистина ги разбира овие гадости од вируси,како се стекнува колективен имунитет?Дали тоа значи слабите да умрат а јаките да опстанат или што? На пример некој што не би можел да го преживее вирусов,како би стекнал имунитет да не се зарази или полесно да го прележи без последици?
Колку што имам читано и разговарано со доктори, колективен имунитет е кога околу 70% ќе се испоразболиме, и тогаш ќе имаме доволно имуни луѓе (со антитела) во популацијата, за да заразава престане да се шири :(
Друга опција за колективна имунизација е вакцина.....за тоа има да почекаме.
Не знам што да правиме за појак имунитет, јас лично применувам исклучиво здрава исхрана, појачав малце на спорт...дома трчам на трака и такви некои работи.....друго не знам што да правам. Очигледно дека идиотиве ќе не остават да си градиме колективен, и искрено ми се темни од се.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Колку што имам читано и разговарано со доктори, колективен имунитет е кога околу 70% ќе се испоразболиме, и тогаш ќе имаме доволно имуни луѓе (со антитела) во популацијата, за да заразава престане да се шири :(
Друга опција за колективна имунизација е вакцина.....за тоа има да почекаме.
Не знам што да правиме за појак имунитет, јас лично применувам исклучиво здрава исхрана, појачав малце на спорт...дома трчам на трака и такви некои работи.....друго не знам што да правам. Очигледно дека идиотиве ќе не остават да си градиме колективен, и искрено ми се темни од се.
Но што би се случило со тие 70% заболени? Слабите ке умрат а посилните ке преживеат? Има насекаде објаснување околу тој колективен имунитет,но никој не објаснил по фази како би се одвивал и каков би бил епилогот
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
Но што би се случило со тие 70% заболени? Слабите ке умрат а посилните ке преживеат?
И мене тоа ме интересира и истовремено ме плаши, искрено....дали на метод на елиминација се сведува тоа. Ако има некој компетентен нека пише....
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Навистина би сакал некој да образложи околу ова што како,се разбира спротивно од овие неколкумина кои релативизираат и го поддржуваат масовното ширење на вирусов преку искривување на вистината околу ширењето
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.000
Поени од реакции
12.584
Најверојатно кога поголем дел од населението има имунитет, се намалува ширењето на вирусот. Сеуште е присутен, но заразата е мала. Можеби ова прашање е за во другата тема во подфорумот Здравје.
Иначе Хрватска гледам отвориле и дискотеки, исто и Србија. Пред 3 недели беа и тие во карантин, не е малце пребрзо?
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Значи сега испаѓа дека министерот има погрешни информации. Не е можно буквално за се да има една информација прво и после одма демант или негирање или не знам што. Фарса...
Еве ја и официјалната исправка.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom