Не е никаков вин ниту па мораш лајкчиња да ставаш, не мораш се да сфаќаш лично овде, само препровери друг пат пред да вратиш некого во трето одделение.
На клиникиве е се поголем хаос со кадарот, се повеќе медицински лица во самоизолација поради нивни неодговорни колеги периодов кои оделе по ифтари. На крај навистина наместо на лекар ќе мора да се оди кај бајач или оџа.
@blanco во врска со Венко како министер, јас се согласувам со тебе дека со Тодоров или некој друг циркузан ова ќе беше пута пет полошо меѓутоа жално е да гледаш неврохирург од негова класа како се бламира по медиуми и моли реиси и поглавари да не се однесуваат племенски. Друг проблем е што и во Влада е истиот гној како во секојдневието - рандом капацитети играат по ноти на некој благоретардиран како Заев или имаат несаглам колеги кои ја рушат целата слика.
Типичен пример ти се Нина и Бектеши, како и дуоно од МВР кое игра селективно. Ете Нина и Бектеши два пати излегоа на прес, два пати се избламираа за сите пари и вториот пат дури и беа некултурни. Како да работиш на проект за на факултет и само ти се трудиш, другите кај не прават ништо па дури и ти одмагаат.