Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
17 август 2011
Мислења
10.368
Поени од реакции
18.498
Има некое инфо за овие преку бугарите вакцинирани дал ќе добијат потврди?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.466
Поени од реакции
18.472
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.366
Поени од реакции
84.600
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.548
Поени од реакции
2.691
Далеку сум од бранење на фармацевска индустрија ама Бионтех и Модерна се мали/средни лаборатории и далеку од тоа да бидат лошите како Фајзер и други гиганти. Секоја им чест што за брзо време направија вакцини и го спасија светот од дополнителни жртви и економски штети. Како прво. Иначе со кое право сакаш да им ги одземеш патентие? Достапни се вакцините али не можат доволно да произведат, нормално треба милијарди дози на старт. И да им ги земеш, многу сложено е производството на мРНА вакцини. Дали мислиш во земји од трет свет може да се прават, каде што немаат фрижидери кои се потребни за чување? Тоа е популизам и ништо не менува. Колку што знам Бионтех е спремен производство под лиценца да дозволи ама сепак останува проблемот што со месеци ќе трае изградба на фабрики.

ЕУ и САД помогна со пари посебно во САД парите беа токму вложени за изградба на производителни капацитети. Бенефитот Америка го доби од влогот секако. Огромни количини со приоритет и со тоа брзо враќање во нормала. Далеку поголема корист имаат од што дале пари.
Од каде тие мали и средни лаборатории дојдоа до пари за R&D да развијат таква вакцина? Истото прашање како и погоре? Пари од народ , вакцина за народ.

Патентите би им ги одзел со право на тоа што вакцина е common good нешто што нетреба да се патентира, посебно не во време на пандемија каде што цел свет е во криза, дополнително вакцините се развивани од државни пари. Еве немора да прават mRNA во држави од третиот свет, нека прават од другите видови на вакцини како што се од AZ знаеш колку побрзо ќе се излезеше од таква криза и колку помали ќе беа веројатностите за некој X мутации?.

Не е научна фантастика муабетов за вакциниве имаш пример на ова во лековите кои после 10 години го губат патентот и секој може да ги произведува, замисли сега ти во време каде што срцеви болести има огромен дел од населението, народ да зависеше од тоа колку Аспирин произвел Bayer и колку им дупнало нив на курот да ја качат цената? Ама океј.. популизам било :)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Не може така. Common good се и храната, струјата, водата, па и останатите лекови. Сакаме пазарна економија, ќе мора да се држиме до принципите на пазарната економија. Државата треба да ја гарантира и штити сопственоста, а интелектуалната сопственост е и вид на сопственост.

Вложуваат од технологија до тим на научници, вложуваат пари, предмети и права во одреден ризик. Тимот на научници внел знаења и време, истото го напраќа. А од аспект он државниот финансиски интервенционизам, државата добива право на првенство при купувањето, а можеби и попристапни цени (договорите се тајни). Така САД први набавија 400 милиони вакцини и имаат имунизирано 60% од населението со прва доза. Ние 9-10% (ама статистиката е за 2 мил жители). Тоа беше во интерес на државата.

Едно време и на форумов се коваше завера за привремено одземање на капацитетите на Систина и на Митрев! И тоа не може без прогласување кризна состојба. Државата има 2 механизми (покрај кризна). Првиот е регулаторно тело. Вториот е да ги седне и да им каже "do or die", или намалувате доброволно цени (нели немало "финансиска логика") или нема да видите ни париче од државата, макар и пропаднале.

Околу цената на вакцината. Никој не те тера да купуваш од Фајзер, оди кон АЗ. Или некоја со средна цена. Нека има тендер, нека се пријават и онаа со најприфатлива цена, и ако ги задоволува сите услови, ќе победи на тендерот. А за профитот, вакцините ги произведуваат за профит. Во спротивно нема да имаат интерес да произведуваат вакцини. Тоа е елементарна бизнис логика. Проблем е меѓусебното договарање при формирањето на цените! Кај нас е забрането и треба да постои регулаторно тело или комисија.

Вие, модерната левица, сакате сѐ на сила. Не може да се одземе нешто со сила во името на народот. Никогаш не завршува добро и скоро пак секогаш се усерува состојбата. :)
 
Можеш да ме цитираш, ама не си го дочитал постот, намерно го ставив ова подоле за да нема испади дека муабетот со патентите е нешто излезено од утопијата на Стар Трек
Не е научна фантастика муабетов за вакциниве имаш пример на ова во лековите кои после 10 години го губат патентот и секој може да ги произведува, замисли сега ти во време каде што срцеви болести има огромен дел од населението, народ да зависеше од тоа колку Аспирин произвел Bayer и колку им дупнало нив на курот да ја качат цената? Ама океј.. популизам било :)
После се не е и ова на сила донесено, се донесол некој закон, ништо посебно како што се носат закони за да им се даваат пари и слично.

Кој ти рече дека вакцините се произведувале само за профит? Види и пред да постојат фармацевтски компании се измислувале вакцини за скоро 0 профит, по универзитети или од луѓе, и не само вакцини туку и други лекови, како инсулинот и слично. Не работат сите за профит, еден тон огромни Open Source проекти
се работат за без пари ( повеќето од нив и бесплатни ) ама тоа си е посебен муабет.

Пазарната економија си е океј, освен што здравјето на граѓаните не е пазар, имаш мала понуда и огромна побарувачка а што поспоро се вакцинира населението тоа е полошо.
Ова се е само пазар не е, храната и сл работи се неспоредливи во ситуацијава така да нема ни да започнам тука да се објаснувам.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Не сум гледал ниту една епизода на Стар Трек.

Ете, произведуваат за профит. Ако сакаат одредени професори и нека пласираат и бесплатни вакцини, но моменталните вакцини против Ковид на пазарот имаат пазарна вредност. Ако не сакаш да купуваш вакцини, купи лиценца за производство.

Зошто, баш примерот и со храната е адекватен! А за инсулинот. Знаеш која е цената на инсулинот моментално во САД? Проблемот е прениската производна цена наспроти продажната. :)
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.503
Поени од реакции
11.445
Тоа е тоа што го зборев пред некое време. Владите однапред си ги набавуваат вакцините на големо, што од една страна е океј затоа што исто така го субвенционираат развојот на вакцините. Јавниот сектор плаќа двојно повеќе, прво за да финансира истражување (со илјадници волонтери ова не е ни малку евтино), а после го купува резултатот по напумпана цена.

Инаку, со оглед на количината на вакцини во развој конкуренцијата и те како може да влијае на намалување на трошоците освен ако некои вакцини не се издвојат како подобри од другите, а пандемијата продолжи да си тлее со се посилни бранови па да се јави потреба од годишни бустери како со грипот, тогаш логично е трошоците да идат во нагорна линија.

Многу поголема е заработката на фармацевтските компании од лекови за други болести отколку од вакцини. На пример "Sovaldi" - Sofosbuvir лекот за Хепатит Ц има профит од над 10 милијарди долари за една година додека глобалната продажба на сите вакцини и за возрасни и за деца е околу 24 милијарди долари за една година. Дополнително, алтернативната медицина е индустрија од 34 милијарди долари. Така што, кога би сакале да профитираат логично би било да престанат со вакцините и фокусот да го стават на производство на лекови, чаеви, прашоци итн.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.709
Поени од реакции
37.691
...профитот од пандемија и изработка и продажба на вакцини е неспоредливо со било кој лек, околу вакцините профитабилни се многу други попратни работи како тестови, шприцеви друг потрошен материјал кој бара самата вакцина, организирање на самата вакцинација, маркетинг за масовно вакцинирање, да не спомнам профитирање од локдауни и промена на економијата, невидено перење на пари и злоупотреба, а стравот од инфекција и умирање го прави своето, така да ниеден друг лек ма колку сака да биде скап не е исплатив како вакцината во такви услови на пандемија,
...јас се надевам дека ќе има некогаш отчет за пандемијава и некој ќе одговара... и Да, се прашувам каде отиде вирусот кога се одржа Евровизијата, јас не видов никакви протоколи , а се уште сме во пандемија, некој ќе рече сите биле вакцинирани... е да сигурно, пази да не поверувам!
П.С.
...ниедна влада не набави вакцини на време, зборувам за овие против К19, а најмалку аплицирани на време, да се произведени вакцини во мај 2020, а да се вакцинира популацијата после година дена во 2021 од нивно производство, малтене е смешна работа за непознатата вирулентност на коронавирусот и мутациите, од нивно производство па до вакцинирањето вирусот измутира не знам колку пати,
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.882
Поени од реакции
36.937
Има некое инфо за овие преку бугарите вакцинирани дал ќе добијат потврди?
Прво изјава на нотар за бугарско потекло па после удостоверение за вакцина. За сичко си има процедура.:D
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.548
Поени од реакции
2.691
Не сум гледал ниту една епизода на Стар Трек.

Ете, произведуваат за профит. Ако сакаат одредени професори и нека пласираат и бесплатни вакцини, но моменталните вакцини против Ковид на пазарот имаат пазарна вредност. Ако не сакаш да купуваш вакцини, купи лиценца за производство.

Зошто, баш примерот и со храната е адекватен! А за инсулинот. Знаеш која е цената на инсулинот моментално во САД? Проблемот е прениската производна цена наспроти продажната. :)
Никој никаде не рече бесплатни да бидат вакцините ( ма да можат да се плаќаат од државите, како и да е небитен муабет е ова ), професорите не можат сами да ги произведат вакцините во огромни количини, ова добро го знаеш, да не се навраќам на причината зошто се помалку и се помалку ќе има независни луѓе од универзитети што ќе измислуваат нови лекови бидејќи тоа е веќе муабет на политичка економија во последните 50-60 години.

Не е адекватен, бидејќи за храна има огромна понуда и огромна побарувачка, нема 10 компании кои што ја контролираат цела понуда на храната како што е во случајов со вакцините, и дополнително не е кризно време како што е случајов со вирусов, а и после се ако сакам сам можам да си произведам храна ( или да ловам ) :)

Со инсулинот гледам дека знаеш што се случува во САД, тоа е тоа кога имаш монополи, а воедно креаторот на инсулинот го продал патентот за 1$. Никој човек што го подржува пазарот неможе да ги подржува овие работи, бидејќи цела основа на пазарот ја упркосуваат ( барем пазарот замислен од Смит ).

Затоа ти го дадов примерот за лековите, не е комунизам ова туку common sense е тоа што го направиле со истекувањето на патентот, да немаше такво нешто денеска луѓе ќе умираа за тривијални и глупи работи. Замисли сега како ќе беше сега ако патентите остануваа вечни за лековите како за вакцините.
За овие работи мора регулација бидејќи врска немаат овие работи со пазар ни пак некогаш ќе имаат.
 
Не е ништо бесплатно. Вакцината е и ресурс и како и секој ограничен ресурс си има своја (пазарна) цена. Врз формирањето на цената влијаат многу параметри, но и врз цената влијаат и понудата и побарувачката.

За храната. Има индустрии кои можат да ја контролираат понудата. Цената на храната е во постојат пораст, самата потрошувачка пошница е порасната. И ти, да, кај нас можеш да си уловиш (треба да имаш дозвола) или произведеш храна (треба да имаш земја), но во големите градови тоа не е можно. Посебно не во централните гратски подрачја каде домашните животни се забранети. Да не го тупиме за тоа. И тука може да се контролира цената. Имаше паралела со лебот и вакцината.

За цената на инсулинот ќе го тагнам @teneke да напише мислење. Си знае он зошто. Се произведува под 1 долар, а се продава и стотина пати повеќе. Дури и падна на 30тина долари пред 2-3 години.

Не можеш да одземеш патент. Не за џабе подлежат на посебна заштита и за истата се плаќа одредена сума пари. Мене не ми е битно дали се јавно добро, така додека поминат сите фази за производство на одредена вакцина знаат да поминат и децении! За таа, еве, деценија, компанијата вложила милиони. Знам што ти е логиката, ама зад таа логика нема бизнис логика. Можеби само ако компаниите се државни, како во Кина, а мислам и во Русија. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom