Уште споредби со грип се прават? Среќа што грипот е многи потешко пренеслив а тоа дека годинава нема е поради мерките. 2 од последните 5 години пред Корона имаше потешки бранови грип и тука имаше зголемен број жртви а знам луѓе во 20тите кои 4 недели лежеа во кревет и уште долго почуствуваа последици. Грип, не грипален инфект. Коронава е поголемо срање секако, среќа што сепак мал број умираат иначе ќе наебевме скроз.
Вака да ти кажам. Да, луѓево на запад не сакаат големи ризици во животот. Сакаат 100% сигурност, безбедност, не прифаќаат 1:100.000 ризик од тромбоза. Декаденција до некаде. Збеснати ако сакаш така. Од друга страна па ја лично имам еден живот, исто и моите. Затоа сакам заштита. Секој со своја среќа ама ако можам да се заштитам ќе го направам тоа. Што фајде од тоа да изигравам храбар или јунак, кој го ебе вирусот. Болеста го кутина и најјакиот човек нема тука лажна храброст. За тебе тоа е параноја или хипохондра, искрено ми е гајле. Си го гледам здравјето.
Спредбата со војната не ти е на место. Од многу причини. Ќе ти кажам ама од друг агол. Порано владителите ги учеа луѓето дека нема поголемо дело од жртвување на својот живот во војна за татковината (=владителите). Храбро гинеа, дадоа све за ништо. Фала Богу во најголем дел денес го надминавме тоа, гледаме за себе. Не знам искрено што сакаш да кажеш со муабетот. Дали треба како солидарен акт на предците и ние да поминеме таква криза? Или подобро би било што побрзо да ја надминеме, со помалце жртви, со помалце негативни последици? Ако одговорот е да - зошто не го правиме тоа кога све што треба ни е на маса?
Иако не сум ризичен 5 години по ред примам вакцина против грип. Без нус ефекти, без грип иако во тесен круг имав луѓе кои го имаа и беа 4 недели вкревет. Што е проблемот не сфаќам? Одземаш 5 минути примаш вакцина и си заштитен. Што е проблемот? Не стварно. Ти имаш пациенти, знаеш дека некои од нив земаат по 5, по 10 лекови на ден со тешки нус ефекти. Тоа е подобриот пат?
Значи сме негде пола милијарда луѓе во светот со примена вакцина. Кои последици ги очекуваш? Почнаа држави да се враќаат во нормала благодарение на вакцините. Знам, во денешно време докажување отпор е одбивање на вакцина и обвинување дека другите се овци, само ние другите сме паметните.
Ама споредбата. И медицински одеа на Марс. За нецела година имаш 5 разни вакцини со разни технологии, ефикасни и безбедни. Па ти прва мрчеше дека се брзо направени. А сега не ти чини.
... немој да ме цитираш погрешно и да ми лепиш твое мислење,
јас напишав (уште стојам позди тоа) дека овие вакцини посебно тие со нова технологија (S spike носач, вектор или mRNK вакцина како сакаш) уште во 2005 година со појава на првиот Sars- koV, почнаа да се применуваат експериментално на животни, но не добија дозвола за клинички испитување на истите, заглавени во лавиринтот на несакани ефекти кај животните,
за да МЕРС во 2014 год или Sars-koV-1 повторно се појави со што истите вакцини се продолжиле со претклинички испитувања, но не добиле пак виза за клинички (кај човек) испитување,
за да 2019 година се појави болеста КОВИД19 од вирусот Sars-koV-2, при што поради вирулетноста низ цел свет се прогласи пандемија со сите тие фатални последици кај луѓето само за неколку дена,
за да после три месеци во 2020 година овие вакцини се префрлат од претклиничко во клиничко испитување кај луѓето доброволци за неколку месеци и вакцините да добијат виза за авторизација за лекување на болеста К19, како што добија авторизација вакцината АЗ во мај 2020 година или Спутник В во август (па и другите вакцини тука плус минус временски),
...ако ти размислуваш на начин „земаш 5 минути вакцина и заштитен си“ не знам што можам друго да ти објаснам, како да ти го цениш твоето здравје повеќе од што си го ценам јас моето здравје, само треба да направиш разлика дека ти си надвор со сознанијата од болниците, а јас сум внатре, ако ти примаше 5 години вакцина против сезонски грип, па и јас НЕ сум примила вакцина против сезонски грип и не сум се разболила, значи двајацата не сме дошле во контакт со вирусот, само што во тебе имаш вештачки имунитет, а јас се базирам на сопствениот имунитет!
... пак ќе ти речам, овие вакцини во ниеден случај не смееш да ги споредиш со другите вакцини кои ги примаме по каледарот на имунизација, овие вакцини ниту делуваат на ист начин како тие, ниту штитат како тие,
Во последниве 24 сати, Саудиска Арабија потврди 4 нови смртни случаи и 36 инфицирани. http://news.yahoo.com/saudi-arabia-reports-pilgrim-infected-mers-162153834.html -------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------...
forum.kajgana.com
... прочитај го тука мојот пост,
и пак ќе ти напишам кога ќе ми ги гарантираат овие три услови овие вакцини (сите новопојавените против К19), ќе речам дека се идеални вакцини против SARS-CoV-2 и треба само 5 минути да ги примам и да биде заштитено моето здравје,
1.) да предизвика многу потентни реакции на неутрализирачки антитела против широк спектар на вирусни соеви,
2.) да предизвика заштита од инфекција и пренесување,
3.) да бидат безбедни со тоа што нема да предизвикаат никакви антитела кои ја зголемуваат инфекцијата или штетни имунолошки или воспалителни реакции,
...до тогаш морам да внимавам и бидам претпазлива, зашто во двата правца и да примам и да не примам вакцина е опасна опција, со таа разлика што сепак верувам повеќе во својот природен имунитет, затоа ќе почекам со вакцинирање со овие „брзи“ вакцини и ќе се заштитувам колку можам да го пролонгирам времето за опсервација на овие вакцини!