Колку повеќе ја читам темава, толку повеќе ме иритира.
На една страна се оние кои споделуваат информации, помагаат кој како умее, пропагираат пазење и чување...
На другата страна се оние кои викат шо му е б а м маме не ми е гајле, не е стварен вирусот, што не држат затворени, нека не пуштат слободни веќе еднаш...
Исто е и по медиумиве, полно информации и дезинформации, човек да не знае на кој да верува.
На почетокот не верував во ковидов, некако стоеше нереално, најверојатно бидејќи стоеше како уште една епидемија која ќе си остане во Азија, како неколку предходните години.
Но одеднаш оп, затвори светот, затвори Франција, затвори Англија, родителите немав си ги видено над година време, пошироката фамилија немам ја видено веќе неколку години, а како што изгледа некои може и никогаш да не ги видам, се надевам дека грешам.
Од перспектива на некој кој работи во хотелиерството, не се онади се по список во оваа гранка, полошо од наш мислам дека само рестораните и дискотеките поминаа, заедно со некои гранки каде има значително помалку вработени луѓе. Морав да го спасувам не само мојот гас, ами и газот на неколку стотина вработени и да барам бизнис каде што еден хотел во држава како Франција никогаш не би му текнало да бара.
Страдаат луѓе на големо од кризава, директно од затварањата, кои колку и да не се популарни, се потребни додека се најде некое решение кое колку толку би ги намалило жртвите од гнасниов вирус.
Гледам полно луѓе кои едноставно не водат грижа за оние околу нив, човечка себичност до максимум, позитивни на ковид а шетаат на околу низ цел град без маска без никаков страм. Имам соби во хотелот платени од државата каде носат заразени од ковид да се изолираат, им плаќаат буквално соба за да не заразат други, а овие не почитуваат никакви мерки, нон стоп се надвор и го пренесуваат вирусот на сите оние кои ја имаат таа несреќа да се возат во исто време со нив во трамвајот или во автобусите.
Лудо е колку луѓево не го сфаќаат вирусов за сериозен, бидејќи или немаат го закачено или немаат некој кој им значи заболен од него. Лудо се однесуваат се додека не е предоцна. А тоа е бидејќи не се искусиле тежок живот, војна, глад.
Затоа и се чудам како еден народ кој поминува низ толку гомна веќе со децении, не може да си чукне во главата дека ситуацијава е сериозна, дека треба да се размисли малку пред да се излезе да се пие со другарите во кафеана.
Изненадува бидејќи барем ние кои сме деца на таа вечна транзиција, знаеме како е да се биде страдалник, додека живеевме во Македонија, се боревме како знаеме и умееме да дојдеме да ставиме некоја пара на страна, не за одмор, ами за да има колку толку некоја сигурност ако му текне на газдата да отпушти еден од моите родители, кој беше единствен кој имаше работа. Другиот ја немаше таа шанса да се вработи во Македонија, зборувам за вистинска работа, не за возење такси на црно.
Видете се тие кои велите дека вирусов не е стварен, не е страшен, не не убива. Вие очигледно не сте биле во ситуација да имате болни од фамилија 3000 км од вас да ги мислите дали ќе преживеат или не. Не сте имале некој доволно драг кој знаете дека ако не успее да се избори со вирусот, нема да можете ни да го закопате бидејќи не можете да се вратите дома.
Не сте биле вие доволно изгорени за време на оваа пандемија а и во животот, да се ставите на местото на некој друг и да почувствувате емпатија, да се чукнете во тоа тиквите и да си речете чекај бе, луѓе умираат во реалноста, а јас овде на компјутер дрндам дека вирусот не бил страшен.
Треба едно нешто да сватите: вирусов ќе продолжи да не држи дома, да ни ја кочи цела светска економија, да ни ја затвара локалната кафеана, се додека не сфатиме дека треба да си седнеме на газот, да се пазиме и да ги пазиме тие околу нас.
Секојдневно гледам премногу доктори кои престојуваат во хотелов, бидејќи е спроти една од најголемите болници во Франција, онака ненаспани, утепани од работа, пијат по 3 дупли кафиња за да можат да одат во хоророт да спасат некој живот.
Дешавките кои ми ги расправаат од своите пациенти болни од корона, не ми даваат ни да спијам навечер, а вие овде ми дрндате дека вирусот не е опасен.
Очигледно дека вие немате деца, немате никој сакан кој би сакале да го заштитите. Наместо да џафкате и да се жалите како е се затворено, бидете мажи и допринесете со нешто за да се среди побрзо ситуацијава.
Лесно е зад тастатурата нели? Ако не е опасен вирусов, одете помогнете во локалната болница, сигурен сум дека им фалат пар раце кои би носеле барем вода на болните.
Ајде бидете мажи, прекинете да цифкате на тастатурата.