- Член од
- 18 мај 2008
- Мислења
- 7.560
- Поени од реакции
- 17.592
ЕУ: Неомилената АстраЗенека за сиромашните земји? – DW – 13.04.2021
Оксфордската вакцина ужива најмала јавна доверба во ЕУ од сите вакцини - особено поради многу ретките тешки несакани ефекти. Сепак, постои мала шанса европските земји да ги дадат некому тие вакцини, барем засега.
www.dw.com
СЗО наведува дека „кај 190 милиони вакцинирани со АстраЗенека се забележани само 182 случаи на церебрална венска тромбоза. Ако постои причинско-последична врска, тогаш мора да се каже оти таквите случаи се многу ретки, а ризикот е исклучително низок“.
Австрија ја дава на сите старосни групи, ама ние јаките само на тие над 60 години ќе сме ја давале.
Кај и да е заради лошата кампања ќе дојдат брдо вакцини од АЗ од ЕУ-земјите тука и нормално дека никој нема да се вакцинира, а минимални се накај непостоечки шансите за тромбоза. Ако се извакцинираат сите до 1 Македонски граѓани со АЗ само 2-3 души би имале тромбоза. И не дека од другите вакцини нема по некоја компликација. Како што впрочем има и за секоја друга вакцина или лек.
Да не напоменувам дека вакцинава е 4 пати поефтина од Фајзер и многу полесна за складирање.