Мислам дека најважен податок е врз кои економски сектори се темели локалната економија, видот на стопанства, кои се примарните работодавачи и на кој начин им е организирано производството. Ако во одделен град доминира мануелното производство, односно ф-ки за производство и преработка на текстил, прехрамбена индустрија, присуство на странски компании во индустриските зони каде што производството се одвива во фабрички погони со близок контакт меѓу вработените, тоа обично подразбира услови за поголема трансмисија. Мој некој субјективен заклучок е дека видот на работното место заедно со условите внатре се главните фактори кои што играат доминантна улога во степенот на зараза, трансмисија и бројката на заразени.
Тоа дека некои градови се подисциплинирани од други, мислам дека нема некоја пресудна улога околу разликите во бројките.