Разликата во бројки по градови доаѓа поради фактот дека позитивни на вирусот си се шетаат слободно, иако знаат дека свесно го шират вирусот. Во градовите каде што има позитивни на вирусот и кои ја почитуваат изолацијата која им е одредена нормално дека бројките се помали. Додека во оние градови каде што позитивните се мешаат меѓу луѓе без да ја почитуваат изолацијата која им е одредена бројките се поголеми. Од самиот почеток многу слабо се проверуваше кој ја почитува мерката самоизолација.
Мислам дека најважен податок е врз кои економски сектори се темели локалната економија, видот на стопанства, кои се примарните работодавачи и на кој начин им е организирано производството. Ако во одделен град доминира мануелното производство, односно ф-ки за производство и преработка на текстил, прехрамбена индустрија, присуство на странски компании во индустриските зони каде што производството се одвива во фабрички погони со близок контакт меѓу вработените, тоа обично подразбира услови за поголема трансмисија. Мој некој субјективен заклучок е дека видот на работното место заедно со условите внатре се главните фактори кои што играат доминантна улога во степенот на зараза, трансмисија и бројката на заразени.
Тоа дека некои градови се подисциплинирани од други, мислам дека нема некоја пресудна улога околу разликите во бројките.