Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
И фирми можат да работат со одредени мерки. Секој ден тест на вработени (брзи антиген тестови), чистачи на воздух, не натрупани вработени во просторијата, ффп2 маски, растојание....е сега чини пари ама помалку него затварање или заболување на пола фирма. Зборувам за фабрики и производство. Како функционираат во други држави? Ете така.
Ама не функционираат ни во другите држави, тоа е проблемот.
Автоматски споено мислење:

Инаку за оваа Синовак, еве студија за ефикасноста против бразилскиот сој. Не е фајзер али штити и оваа против тешки случаеви. Едини проблем е што изглеа само 1 доза не врши ич работа.

Еве ние не затворивме па пак економијата ни тоне , кај ќе работат конфекциите и останати фабрики кога нема побарувачка од Германија , дури и смешни работи како откупот за печурки цените се смешни во споредба пре-пандемиските години. Дополнително нас цела економија ни е базирана на кафичи и коцкарници.

Моделот на Австралија и Нов Зеланд и др азиски држави излезе нај ефикасен , и вака и така економијата страда ради погоре наведените причини , разликата е во тоа што кај нас без карантини има дупло повеќе умрени од број на заболени од држава со дупло население од нашето.

Не прави споредба со Америка , американците можат да принтаат пари колку сакаат , ни НЗ има моќ ко нив ни пак ние да ги изведеме тие маневри.И не ги гледај берзите секаква допирна точка имаат изгубено од реалнава економија
Види споредуваш остров што е у ПМ на планетава географски вс држава што е на центар на Балкан и има еден куп транспортери и логистички компании кои оперираат и транзитираат.

Ајде да правиме споредба зашто островот во Преспанско Езеро нема ниту еден заболен вс Охрид.

Поретко се населени, навики на луѓе различни, пак ќе повторам местоположба скроз различна.

Еве ви резултат на затварање со карантини - 6000 луѓе дома. Прашање е сеа кој ќе надомести штета од изгубен приход на фирмите за да можат да дадат плата. Во спротивно ако не дадеш плата ќе те блокираат у банка а тебе они ти забраниле да работиш пола месец, ти касниш со испорака на клиент и јадеш пенали спрема клиентите. Дупли зајеб.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Дали има некој формулар за дозвола на движење после 20:00h да се симне од негде...за достава на храна се работи.
 
Да сум на власт и воздух ке ти наплатам што го дишеш малку ке ти е.Па потоа прави споредби со Тунгузија и Конго
На дневница е северџанот, мора да дудла за да земе дневница.
 
Еве ја одлуката на Британците во врска со АЗ. Како што кажав поназад, нема никаква политика или cost benefit анализа.

За тие испод 30 попаметно е да почекаат друга вакцина. Дополнително тие што примиле веќе, се препорачува да ја примат втората.

Еве ја и анализата во бројки. Е сеа вирусот кај нас е доста по распространет него во Британија, така да различна е изложеноста на вирусот и други се бројките. Ако е некој што се пази добро, и во групата од 30-40, треба да си размисли убаво. Да не беше волку распространет вирусот, вакцинава ќе идеше сигурно у канта. Али here we are, и ќе мора да се користи.
 
Последно уредено:

Јас да би бил 25-26-27 години не знам дали би се вакцинирал со која било вакцина, најверојатно не. Најверојатно би чекал после лето каква ќе биде ситуацијата со пандемијата.

Инаку Британците паметно изиграа. Не ја нарушија довербата на вакцината со такви лимитирања како што направија другите земји. На крај извакцинираа огромен дел од популацијата со оваа вакцина пред да дадат внимателна препорака за испод 30 години. Додека другиве земји со топло-ладно третманот ја ебаа довербата во АЗ и сеа им стојат милиони дози неискористени а ќе им завршеа работа за луѓе постари од 50 години имајќи предвид дека и една доза дава одлична заштита.
 
Чек јас ќе ја објавам сликава за прегледно да е. Значи Астра Зенека до 30 години прави повеќе штета од корист.

Ud4VD3zCSJiVkyi3HMbok6Q0pdVkuHvevG2MQsLZuwE.jpg

Значи кај нас можи да тера комотно вакцинава за над 60 години, се разбира кој сака.
 
Чек јас ќе ја објавам сликава за прегледно да е. Значи Астра Зенека до 30 години прави повеќе штета од корист.
Ud4VD3zCSJiVkyi3HMbok6Q0pdVkuHvevG2MQsLZuwE.jpg
Да, само да појаснам, ова е со скорешни бројки во Британија, каде вирусот спласнува. Препорачуваат дека доколку нема друга вакцина по 16 недели, да им се понуди и оваа. Иако мислам дека е грешка тоа, бидејки ќе искачаат се повеќе и повеќе вакцини.
Автоматски споено мислење:

Јас да би бил 25-26-27 години не знам дали би се вакцинирал со која било вакцина, најверојатно не. Најверојатно би чекал после лето каква ќе биде ситуацијата со пандемијата.

Инаку Британците паметно изиграа. Не ја нарушија довербата на вакцината со такви лимитирања како што направија другите земји. На крај извакцинираа огромен дел од популацијата со оваа вакцина пред да дадат внимателна препорака за испод 30 години. Додека другиве земји со топло-ладно третманот ја ебаа довербата во АЗ и сеа им стојат милиони дози неискористени а ќе им завршеа работа за луѓе постари од 50 години имајќи предвид дека и една доза дава одлична заштита.
Мислам имаа и среќа малце, ама и Европјаниве направија тешка глупост со тоа испод 65 да ја даваат само.
 
Според Блумберг, ако продолжи да вакцинира со ова темпо:
Бугарија ќе постигне имунитет (75%) за 2,9 години.
Србија (која деновиве размислува вакцинацијата да ја направи задолжителна) за 4 месеци, Албанија за 9 месеци, Грција за 12 месеци, Македонија за 10 години.
 
Ама оваа статистика е тоалетна хартија, ние ќе имаме колективен имунтет за 2 месеци и тоа без вакцина.
 
Мислам имаа и среќа малце, ама и Европјаниве направија тешка глупост со тоа испод 65 да ја даваат само.

Во нормални околности одлуката на Европјаните би била логична и исправна. Ама во нормални околности.

Британциве повеќе беа со ставот, кога ти дава некој топ во војна, не му фаќаш за кусур. :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Ама оваа статистика е тоалетна хартија, ние ќе имаме колективен имунтет за 2 месеци и тоа без вакцина.
колективен имунитет не му е интересен сега на Филипче... пред 2-3 недели кажуваа ако прележиш 6 месеци немаш право на вакцина, сег ја сврти за 2-3 месеци по прележувањето треба да се вакцинираш..... АКО има вакцини и вакцинатори, што пак е една контрадикција
Дури и да растат како патлиџани вакцините, немаме капацитет за вакцинирање АКО навистина по прележуцање за 2-3 месеци треба вакцина..
 
Знам дека секој ден некој го прашува истото, ама не најдов за домашен карантин некои инструкции, времетраење итн. Имам позитивен во семејството, ние останатите што треба да останеме во карантин, што смееме, што не смееме да правиме? Зборам за нешта како одење по лекови, пазарење итн. инт. Може и некое линкче да пуштите ако има некаде а ве мрзи да објаснувате
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom