Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.017
Како велеше муртинецот (04.03.2021)......до крајот на месецот ЌЕ добиеме 21.000 вакцини од Фајзер, а потоа следуваат и кинеските и вакцините од Русија.......
„Потребни ни се два милиона дози. Имаме нарачано 800.000 од Фајзер, 833.000 дози преку Ковакс механизмот, 400.000 од Кина и 200.000 од Русија. Исто така имаме дополнителни и од ЕУ преку грантот од 70 милиони евра за Западен Балкан како и најавени донации за соседите и со тоа стигаме до 2,5 милиони дози“, рече Заев. ...........СЕТО ОВА Е ВЕЌЕ ДОКАЖАНА ЛАГА!
Денеска за тоа вели..... „Договорот на Македонија со Фајзер не е финализиран”

.....сега вели....."Се очекува до почетокот на следниот месец да профункцинира и Ковакс системот преку којшто би стигнале околу 100.000 вакцини."

.....моќно е што сеуште продолжува да лаже за кинеските вакцини...... :lolzz:
-Ги очекуваме кинеските вакцини можно е да стигнат, лично се надевам дека дополнително ќе ни помогне кинеската Амбасада и нашите врски со Кина, за да може тие 200.000 вакцини, кои се нарачани, потпишани протоколи да стигнат до крајот на месецот. Затоа што го чекаме и во посета кинескиот министер за одбрана, па би било сходно да направат дополнителни напори да стигнат вакцините од Кина, истакна Заев.

Зарем има некој што сеуште му верува!?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.395
Поени од реакции
18.548
За постариве е битно да се вакцинираат за оваа верзија, ако можи што побрзо оти ќе изумрат многу од нив.
Зашто би ми било гајле ако изумре некој што одбива да се вакцина? Ако не му се свиѓа астра зенека да е жив и здрав нека се проба со ковидот. Прашањето е што ни мења на нас останатите, дали би се зголемиле антиваксерите , кога секако според тебе колективен имунитет не е можен со мутацииве.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.489
Поени од реакции
18.517

Допишав некој работи да бидам појасен да не се повторувам еве го постот.

Коментирам за состојбава во светот, ние сме исклучок од секое правило :D

Јас се бунам за тоа што ги куражат луѓево дека со вакцинава ќе се стави крај на Пандемијава. Реално со корона пасоши и целосно опуштени луѓево не чека уште една мачна зима 2021/2022.

Инаку кај нас мора да се почни со вакцинација што побрзо и тоа посебно постариве е битно да се вакцинираат оти ќе изумрат многу од нив. Ме радува што 61% од нив се спремни да се вакцинираат.

Мутација ако стаса кај нас ќе стаса онаму на есен.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
мутација не само што е стасана кај нас, него мислам дека више е доминантна
Автоматски споено мислење:

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.489
Поени од реакции
18.517
мутација не само што е стасана кај нас, него мислам дека више е доминантна
Која мутација? Англиската?

Абе таа не е проблем оти имунитетот, природен или со вакцина работи против неа.

Јас зборувам за Јужно Африкански и посебно овај P1 од Бразил кој повторно напрај партал во Манаус.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
рано е за јужно-африканскиот и тој другиот
сепак, кај нас е доминатна британската мутација
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.259
Поени од реакции
9.028
Мојот субјективен заклучок е дека падна митот за совршениот запад. Се виде дезорганизираност, не синхронизирано носење одлуки, задоцнета реакција. Се откри слабото вложување во здравствените системи на сметка на некои „други“ приоритети. Вирусот ја нагласи растечката недоверба на релација: влади - народ. Ја акцентира уште повеќе глобалната економска и социјална нееднаквост. Слободното известување се виде оти не е толку слободно и објективно, па подгреа еден куп теории на заговор. На виделина излезе глупавоста на човештвото. Концептите на глобализација и глобална економија станаа мит во моментот кога се затворија границите. Западот го префрли производството на Исток, па кога му пропаднаа глобалните снабдувачки синџири се најде во состојба да има недостаток од тривијални работи, да зависи од Кина за хируршки маски и опрема. Се виде дека онаму каде што доминира желбата за профит нема место за хуманоста. Се виде оти и „хуманоста“ е селективна категорија и човечкиот живот нема иста вредност насекаде...

И уште мал милион работи, кои што знаејќи го капацитетот на човештвото да учи од сопствените грешки, тешко дека штом заврши сево ова ќе се променат на подобро.
По оваа логика треба и нуклеарки да фрчат.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.395
Поени од реакции
18.548
Допишав некој работи да бидам појасен да не се повторувам еве го постот.
Малце си контрадикторен, затоа те цитирав. Вакцината на АЗ треба да се дозволи за секој што сака лично да се заштити (на свој ризик). Не треба воопшто да се секираме дали нус ефектите ќе придонесат на бројот на антиваксери, зашто дали биле 100% или 20% вакинирани колективен имунитет нема да има ради мутациите.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.757
Поени од реакции
37.760
Како велеше муртинецот (04.03.2021)......до крајот на месецот ЌЕ добиеме 21.000 вакцини од Фајзер, а потоа следуваат и кинеските и вакцините од Русија.......
„Потребни ни се два милиона дози. Имаме нарачано 800.000 од Фајзер, 833.000 дози преку Ковакс механизмот, 400.000 од Кина и 200.000 од Русија. Исто така имаме дополнителни и од ЕУ преку грантот од 70 милиони евра за Западен Балкан како и најавени донации за соседите и со тоа стигаме до 2,5 милиони дози“, рече Заев. ...........СЕТО ОВА Е ВЕЌЕ ДОКАЖАНА ЛАГА!
Денеска за тоа вели..... „Договорот на Македонија со Фајзер не е финализиран”

.....сега вели....."Се очекува до почетокот на следниот месец да профункцинира и Ковакс системот преку којшто би стигнале околу 100.000 вакцини."

.....моќно е што сеуште продолжува да лаже за кинеските вакцини...... :lolzz:
-Ги очекуваме кинеските вакцини можно е да стигнат, лично се надевам дека дополнително ќе ни помогне кинеската Амбасада и нашите врски со Кина, за да може тие 200.000 вакцини, кои се нарачани, потпишани протоколи да стигнат до крајот на месецот. Затоа што го чекаме и во посета кинескиот министер за одбрана, па би било сходно да направат дополнителни напори да стигнат вакцините од Кина, истакна Заев.

Зарем има некој што сеуште му верува!?
... прашање на ден кога ќе ни предложи на сите дози на марихуана, ем тој бенефит ем народот, тие што имаат коморбидитети ќе им се повлечат, а младите ќе бидат пресреќни иако ќе седат во изолација, ете решен проблем на државно ниво!
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.017
Гледајте бе со какви пикавци си имаме работа......
Ew2z5LgWYAQtS7V.png
.......и ете бројката денес е 999
Па по прозирно, јадно, очајно......не може да биде. Се со една и единствена цел......да го оправдаат фингираниот попис.
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.551
Поени од реакции
2.920
Гледајте бе со какви пикавци си имаме работа......
Прегледај го приврзокот 288627
.......и ете бројката денес е 999
Па по прозирно, јадно, очајно......не може да биде. Се со една и единствена цел......да го оправдаат фингираниот попис.
На овие ни Бардовци не им помага.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.343
Поени од реакции
4.675
Гледајте бе со какви пикавци си имаме работа......
Прегледај го приврзокот 288627
.......и ете бројката денес е 999
Па по прозирно, јадно, очајно......не може да биде. Се со една и единствена цел......да го оправдаат фингираниот попис.
Денес Кавадарци 7-8 починати има, почнав и некролози да читам упм, за двајца сигурно знам дека се од ковид нигде ги нема у статистика.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
690
Поени од реакции
671
Денес Кавадарци 7-8 починати има, почнав и некролози да читам упм, за двајца сигурно знам дека се од ковид нигде ги нема у статистика.
Чекај не им дошол редот, или не им испаѓа математиката на министерството за здравство, во Тетово пред 9-10 дена почина жена од 43 години од Ковид уште не е влезена во статистиката.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Денес Кавадарци 7-8 починати има, почнав и некролози да читам упм, за двајца сигурно знам дека се од ковид нигде ги нема у статистика.
Многу поголем е бројот на починати од корона отколку заведените. Имаше тука некој постирано дека дури за 27% бил зголемен бројот на умрени во 2020 наспрема умрени во 2019 или ако не се лажам во апсолутни бројки зголемен за 3500, додека според официјалните податоци од корона во 2020 умреа околу 2000. Не ме фаќајте на збор за бројкиве, можда и не беа баш вакви, но поентата е дека многу отстапуваа тие 2 бројки, што е необјасливо поинаку, освен дека многу повеќе умреле од корона отколку официјално заведените.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom