Замисли баш после карантините, бројката порасна, иако нели температурата требаше да го намали влијанието на Бетмен.Имаш податоци, ама не сакаш (не ти оди во прилог) да ги побараш. Бројот на починати е далеку над просекот. Колку се директна, а колку индиректна последица, не знам, а мислам дека никој не знае. Факт е дека за 11 месеци од 2020 година е надминат годишниот просек, воедно е поставен црн рекорд во бројот на починати. Кога ќе се додаде бројката од декември разликата ќе биде драстична. И не заборавај дека смртноста нагло се зголеми од јуни, порано беше потпросечна. Значи за последните 6 месеци е далеку над просекот.
Луѓе со години се во затвор, без некоја физичка активност, под стрес и страв, па не умираат така лесно. Инаку затворите ќе беа празни.

За 2020 бројот на вкупно починати, колкав е повеќе од 22.000 ли е .... Ако си напишал претходно, не сум видел. Тоа дали мене ми иде во прилог или не, е тотално небитно, бидејќи немам никакво влијание во носење на одлуки

Компарацијава со затворот ти вришти, има толку фактори што не си ги зел, што или намерно пробуваш да спинуваш или слабо анализираш.
Но штом за тебе тие што се во затвор се нормални, здрави особи, без последици на нивното понатамошно здравје, тогаш јасно е зашто не гледаш проблем во губење на правото на слободно движење.
Јбг комунизмот постоел, постои и ќе постои баш поради желбата на самите луѓе, не поради елитата.