Корејски филмови

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.424
Поени од реакции
9.329
Nae Meorisokui Jiwoogae / A Moment to Remember (2004)
Рајот кој го живеат двајца заљубени наеднаш се претвора во пекол кога ќе дознаат дека девојката има алцхајмер. Како љубовта да се зачува кога се губат спомените и дали може да се издржи предизвикот да се живее со некој на кој од ден на ден се повеќе му напредува болеста. Ептен тажен филм, нема шанса никој рамнодушен да го остави.

Go-Ji-Jeon / The Front Line (2011)
Војна меѓу северна и јужна Кореја, многу жртви и трауми за преживеаните, ептен јаки сцени и најјак крај.

Dalkomhan Insaeng / A Bittersweet Life (2005)
Byung-hun Lee, каков актер... Во филмов, работи во мафијата и кога нема да испочитува една наредба од шефот, мафијата ќе проба да го уништи. Едвај ќе спаси жива глава, ама после ќе им врати за се : ))

Gwanghae: Wangyidoen Namja / Masquerade (2012)
И тука Byung-hun Lee. Кралот ќе дознае дека некој сака да го убие и ќе си најде двојник да го заменува додека го решава проблемот. Двојникот е локален заебант и ептен е смешно како се снаоѓа на местото на кралот. Ептен убаво сниман филм, убави градби и места...

Deo Pon /The Phone (2015)
На денот на прославата за унапредувањето на еден адвокат, во неговиот дом се случува грабеж и неговата жена е убиена. После една година убиецот сеуште не е најден а адвокатот добива повик од жена му која во сегашноста е мртва, но се јавува од минатото. Со тој повик може да го смени минатото, да го спречи убиството и да го пронајде сторителот. Ништо посебно, ама ок за тепање време.
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.424
Поени од реакции
9.329
Е сега, има некои филмови што се небитни, малечки, луѓето ги гледаат и ги забораваат, ама на некој некаде ко мене сега им остануваат во памет, небитно дали тоа било поради еден кадар во филмот, една песна, некоја градба, атмосфера, приказна, пресврт или ликови, си ги присвојуваат и си ги сместуваат таму некаде во тоа листичето "мали слатки небитни филмови што ме прават среќен".

За мене, за да го сместам таму овој филм, беше пресуден ликот во филмот. Поточно психото во филмов. Обожавам вакви ликови. Размазени, без трошка емпатија, злобни до коска, бездушни, пресметливи и опасни. Посебно кога се доловени така добро од некој актер кој успеал да ве натера дури да го мразите ликот.. Или сакате што знам. Небитно, филмов покрај ликот што го спомнав нуди и многу забава и акција, реални моменти од животецот, тажни и неправедни ама за жал вистинити. Скоцкано филмче, можно е и во клубот да го предложам, ни фали малце забава таму :LOL:

Ако ја читате темата, дајте му шанса. Јас пак ќе наминам : ))
Veteran (2015) [DOUBLEPOST=1503223035][/DOUBLEPOST]Дур сум тука уште еден да ви кажам.

Овој е Inception за сиромашни корејци. До толку многу е Inception што дури изгледа на крај им скурчило да го шминкаат филмов да не личи на него, па сите сцени ги префрлиле од таму. Интересно звучи ако ја пишам сега приказната, не е лош и за гледање, ама кога ќе сконташ дека не е оригинална идеја и дека очај се сцените на крај, украдени и лошо преработени, тогаш на се ок во филмов забораваш и само тоа го паметиш. Ама, има луѓе што сакаат и такви да си гледаат.

На еден татко му е киднапирано детето од луна парк, па после очајни 3 неупсешни години поминати во истрага што ништо не открила, таткото дознава дека има случаи кога злосторници биле откриени кога луѓето се враќале на местото со помош на соништата, па пак преживуваат исто, само што овој пат можат да соберат повеќе информации и да обрнат внимание на детали што можат да го решат случајот. И така од сон на сон, тој во на друг сонот, тројца во еден сон, акција, мистерија, пресврт нешто до душа не беше лош пресвртот... Како сакате.
Lucid Dream (2017)
 
Последно уредено:

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.424
Поени од реакции
9.329
Овие корејциве 2 саати црна темница да ми продаваат пак знам дека ќе има јак пресврт на крај.
Confession of Murder
.. e филм со јак пресврт. Како сите други нивни. Тука крајот го краси делото. Јаготка над шлагот. До душа шлаг со поминат рок. Ама може да се јаде.
Сериски убиец откако убил 11 жени, исчезнал едно 10 години без траг. Блиските на жртвите и еден детектив кој лично е замешан во случајот паѓаат во очај, секојдневно се мачат со помислата дека е таму некаде, жив и неказнет... И еден ден се појавува еден лепотан со една книга во која се признаени сите 10 убиства, со приказна дека 10 години ја пишувал и конечно се покајал за се што направил и бара прошка од сите. Книгата се продава со брзина на светлината, а приказните се толку раскажани до детали што може само убиецот да ги знае... Ама, имаат закон каде секое злосторство со поминати 10 години е застарено дело и никој за тоа не одговара после 10 години... Јако на крај.

Какви акциони сцени има :ROFLMAO::ROFLMAO:
 
Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
Од тоа што сум гледал а не е спомнато...

Aachi & Ssipak (2006) - овој беше некој забеган цртан :icon_mrgr:...

2 добри хорори -
Into the mirror (2003) - овој има амер. римејк Mirrors мислам дека со К Сатерленд, нормално дека оригиналов е подобар.
3...extremes (2004) - 3 кратки филма; еден кинески, јапонскиот е од Т Миике, и корејскиот од режисеров на Олдбој...филмов го имам пишано порано у Предлог.

Spring, summer, autumn, winter...and spring (2003) - прекрасна драма, го има на сите best листи за филмови од 2000та па навака, на Imdb има 8.1
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.086
Поени од реакции
8.135
Овие корејциве 2 саати црна темница да ми продаваат пак знам дека ќе има јак пресврт на крај.
Confession of Murder
.. e филм со јак пресврт. Како сите други нивни. Тука крајот го краси делото. Јаготка над шлагот. До душа шлаг со поминат рок. Ама може да се јаде.
Сериски убиец откако убил 11 жени, исчезнал едно 10 години без траг. Блиските на жртвите и еден детектив кој лично е замешан во случајот паѓаат во очај, секојдневно се мачат со помислата дека е таму некаде, жив и неказнет... И еден ден се појавува еден лепотан со една книга во која се признаени сите 10 убиства, со приказна дека 10 години ја пишувал и конечно се покајал за се што направил и бара прошка од сите. Книгата се продава со брзина на светлината, а приказните се толку раскажани до детали што може само убиецот да ги знае... Ама, имаат закон каде секое злосторство со поминати 10 години е застарено дело и никој за тоа не одговара после 10 години... Јако на крај.

Какви акциони сцени има :ROFLMAO::ROFLMAO:
Искина филмов па па па
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.424
Поени од реакции
9.329
Не сум ги кажала овие:

The Brotherhood of War
Воен филм, за двајца браќа што се борат заедно на фронт. Добар е ептен.

The Man from Nowhere
Еден повлечен млад маж и едно мало девојче се пријателчиња од зграда (само се дружат, колку погрешно и да звучи ова), девојчето живее со мајка наркоманка и проститутка што ќе се вплетка во триста проблеми со мафијата. Со мафијата нели не се игра, посебно ако имаш нешто што можат да ти повредат за да ти се одмаздат, на пример дете. Ама затоа се тука комшиите, да помогнат кога е потребно.
Мене ми беше ептен добар филмов.

The Throne
Кралот и принцот се во конфликт затоа што принцот си терал по свое додека растел, а не по она што татко му мислел дека е правилно, на кралот тоа му смета и го рачуна како срам за него како крал, си превзема мерки, сосем ладнокрвно како да не се работи за нешто што носи негова крв. И тука убави кадри има, убави костими, шарен филм, интересни места, има и убави мисли, мудрости... Ок е.

No Mercy
Совршен план за одмазда.

1000 мислења!

Со уште 10 000 да се дружиме во подфорумов
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.092
Поени од реакции
15.953
Дечки, фала ви на предлозите, имам за цел месец што да гледам. Сеа само што го завршив I saw the Devil, по трет пат, навистина е ремек дело, го обожавам, иако не е за сечиј стомак.

Давајте уште предлози, @Хоуп, @Zarniwoop. Било кој жанр, освен комедија.
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.424
Поени од реакции
9.329
Дечки, фала ви на предлозите, имам за цел месец што да гледам. Сеа само што го завршив I saw the Devil, по трет пат, навистина е ремек дело, го обожавам, иако не е за сечиј стомак.

Давајте уште предлози, @Хоуп, @Zarniwoop. Било кој жанр, освен комедија.
Ете таман дур ги изгледаш ти тие ќе имам јас нови да ти дадам :D
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.092
Поени од реакции
15.953
Do-Ga-Ni/Silenced

Емотивно ме распарчи, немам што многу да кажам, под импресија сум моментално. Можеби ќе беше и подобро да не го гледам, се чувствувам многу тажно, мизерно и бесно истовремено. Не сакам ни да знам дали навистина е снимен според вистинска случка.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.033
Поени од реакции
6.698

За жал https://en.wikipedia.org/wiki/Gwangju_Inhwa_School[DOUBLEPOST=1509060672][/DOUBLEPOST]Се случуваат гнасотии на секаде во светот али во Кореа ти е друг левел. И жално е што системот им дозволувал на вакви грозоморни чинови...И мене страв веќе ме фаќа да гледам корејски филмови направени според вистинска приказна.

Изгледајте го Memories of Murder и сакам да прочитам вашите теории.
 
Последно уредено:
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Дечки, фала ви на предлозите, имам за цел месец што да гледам. Сеа само што го завршив I saw the Devil, по трет пат, навистина е ремек дело, го обожавам, иако не е за сечиј стомак.

Давајте уште предлози, @Хоуп, @Zarniwoop. Било кој жанр, освен комедија.
Inside Man ти е супер филм, ако не ти е проблем што трае 3 саати буквално, тогаш изгледај го. Да не ти кажувам многу бидејќи е добар филмот, има од се по нешто во него.
Исто погоре веќе имаат пишано Bittersweet Life е предобар, Confession of Murder исто. Изгледај ги овие три и да видиме дали сеуште добро предложуваме.
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.424
Поени од реакции
9.329
Еве уште еден добар сега што го гледав.

The Truth Beneath (2016)

За време на предизборна кампања во земјата, на еден од кандидираните политичари му исчезнува ќерката. Тој и неговата сопруга поминуваат низ една голема криза, фактите од истрагата покажуваат дека ќерката и не е она што тие дома си ја замислувале, случајот има влијание на кампањата, но дали има врска со изборите или сепак карактерот на ќерка му бил пресуден да се случи цел тој скандал...

Мајката е топ лик, музиката е многу убава, филмот ептен потсеќа на серијата што мнооооогу ја сакам The Killing, таков е и тежок и мрачен, те остава со грутка во грлото, со тежина за фактот на што се се спремни луѓето за малце моќ и пари и колку не бираат сретства за да стигнат на некоја позиција, колку може да се сменат луѓето кога ќе го добијат она што го сакаат и во што се се претвораат оние кои ќе ги испуштат од раце и слични работи што ќе си ги мислите кога ќе го изгледате филмов.

Тие што си гледате тука корејски гледајте го овој знам дека ќе ви биде ок. 8 од мене доби.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom