Хоуп
ümid edirəm
- Член од
- 13 април 2012
- Мислења
- 2.553
- Поени од реакции
- 9.635
Може ги сакате, може не, може ви се сложени и не ги разликувате ликовите, ама корејските филмови за мене се едни од најдобрите филмови, со најдобрите пресврти, посебно кога се работи за трилери и крими приказни. Нека има една тема за нив ако е можно секако, па кој ги сака да предложи по два три, некој може ќе ги почне па пријатно ќе се изненади... Јас ќе ви кажам десетина добри и ако ве убедам бар еден да изгледате а не сте гледале, тогаш нема застанување.
Тешко ми е да направам рангирана листа затоа што сите ми се омилени, па листата е рандом убави корејски филмови.
1. Oldeuboi/Oldboy (2003)
Човек е киднапиран, по многу години е пуштен на слобода, врска нема кој го направил тоа и зошто, ќе си гаѓате дека е вака или онака, ама никогаш нема да погодите која е причината зошто го држеле таму.
2. Do-Ga-Ni/Silenced (2011)
Филм според вистински настани за еден учител кој ќе се вработи во ценето училиште за глувонеми деца и ќе дознае дека директорот на училиштето, управителот и еден од учителите физички и психички ги злоставуваат децата. Борба за правда против чудовишта кои живееле под маска на јагниња, еден куп болка, разочарувања, бес и неправди.
3. Busanhaeng/Train to Busan (2016)
Овој сега го гледав брзо. Зафатен бизнисмен решава да посвети малце време на ќерката и за нејзиниот роденден да ја однесe кај мајка и во друг град, се качуваат во воз, во возот се качува и инфицирана жена која се претвора во зомби, возот си тргнува и за кратко се преполнува со зомбиња. И да погинеш, колку можеш ќе се спасиш.
Убав е озбилно, еве јас не сакам зомбиња а од овој уште сум под впечатоци.
4. Gwoemul/The Host (2006)
Хорор комедија. И овие не ги сакам, ама овој ќе ви го кажам.
Во реката Хан, се појавува чудовиште, почнува да ги малтретира луѓето, да ги убива, да ги киднапира и во едни од жртвите има дете-член на едно лудо семејство кое ќе реши на своја рака да започне војна против чудовиштето и борба за спас на малото внуче. Таткото е ептен луд лик, многу глуп и забеган, па како ќе се снаоѓа таков човек со една таква катастрофа, тоа мора да го видите. Забавен филм е, има и комедија и трагедија и акција...
5. Ang-ma-reul bo-at-da/I Saw the Devil (2010)
Стандард истрага, убиства ова она, само што не е стандард убиец, него е едно болно пореметено гомно. И тоа сериски убиец.
6. Madeo/Mother (2009)
Во едно мало место се случува убиство, полицијата не се замара многу да го најде убиецот, една локална будала поминала од таму, станува осомничен, на брзина се решава дека тој е крив и случајот е затворен. Мајка му убедена дека синот е невин и е жртва на паразитите од полицијата, сама си отвара истрага и се бори да ја докаже невиноста на синот. Ко мајка. Ама супер мајка оваа. Е сега на крај, кој е убиецот сами да си видите.
7. Goksung/The Wailing (2016)
За овој имам пишувано, во едно селце почнуваат да забегуваат луѓето, па ќе налепат едно старче што ќе си се пресели на планина дека е некој демон што ги опседнува душите на селаните. Може е може не е, може е добар, може е лош, може треба да се чуваат од него, може треба да бараат помош од него...
8. Janghwa, Hongryeon/A Tale of Two Sisters (2003)
Овој и тој над него ми се едни од подобрите хорори што сум ги гледала. Овој е конфузен, измешан, треба концентрација, ама пресвртот е јак.
9. Salinui chueok/Memories of Murder (2003)
И ова е детективска приказна и тука полицијата е забегана, не ги бива за ништо, истражуваат убиство на една жена, изгубени и чукнати ептен, интересна е истрагата со такви дебили, убиец ќе се најде, ама дали ќе го погодат...
10. Teo-Neol/Tunnel (2016)
И ова не беше лошо филмче. Еден човек ќе се најде во тунел баш кога тунелот ќе почне да се руши, ќе остане заглавен под рушевините, неколку дена ќе се обидуваат да го спасат, ќе биде сензација во градот, ама нели секое чудо за три дена, па откако ќе си најдат друга занимација, државата ќе одлучи дека има многу други поважни работи од животот на еден човек.
И бонус уште некоj што ми е гледан и вреди за гледање: Ah-ga-ssi/The Handmaiden (2016), Chugyeogja/The Chaser (2008), Sinsegye/New World (2013), Boksuneun naui geot/ Sympathy for Mr. Vengeance (2002), Chinjeolhan geumjassi/Lady Vengeance (2005) заедно со Oldboy се трилогија за одмаздата. Толку од мене пошто малце ме мрзи, малце не ми текнува на други, може да ми дадете некој предлог и така вакви сега гледам. Ако не, ќе ви пишам јас други, кога ќе се сетам или кога ќе гледам : ))
Чао и 한국 영화를 감상 <3

Последно уредено: