Хоуп
ümid edirəm
- Член од
- 13 април 2012
- Мислења
- 2.494
- Поени од реакции
- 9.494
Nae Meorisokui Jiwoogae / A Moment to Remember (2004)
Рајот кој го живеат двајца заљубени наеднаш се претвора во пекол кога ќе дознаат дека девојката има алцхајмер. Како љубовта да се зачува кога се губат спомените и дали може да се издржи предизвикот да се живее со некој на кој од ден на ден се повеќе му напредува болеста. Ептен тажен филм, нема шанса никој рамнодушен да го остави.
Go-Ji-Jeon / The Front Line (2011)
Војна меѓу северна и јужна Кореја, многу жртви и трауми за преживеаните, ептен јаки сцени и најјак крај.
Dalkomhan Insaeng / A Bittersweet Life (2005)
Byung-hun Lee, каков актер... Во филмов, работи во мафијата и кога нема да испочитува една наредба од шефот, мафијата ќе проба да го уништи. Едвај ќе спаси жива глава, ама после ќе им врати за се : ))
Gwanghae: Wangyidoen Namja / Masquerade (2012)
И тука Byung-hun Lee. Кралот ќе дознае дека некој сака да го убие и ќе си најде двојник да го заменува додека го решава проблемот. Двојникот е локален заебант и ептен е смешно како се снаоѓа на местото на кралот. Ептен убаво сниман филм, убави градби и места...
Deo Pon /The Phone (2015)
На денот на прославата за унапредувањето на еден адвокат, во неговиот дом се случува грабеж и неговата жена е убиена. После една година убиецот сеуште не е најден а адвокатот добива повик од жена му која во сегашноста е мртва, но се јавува од минатото. Со тој повик може да го смени минатото, да го спречи убиството и да го пронајде сторителот. Ништо посебно, ама ок за тепање време.