Конформизам

Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.735
Поени од реакции
24.383
Колку и да сме слични, сите се раѓаме како слободни индивидуи, уникатни. Занемарувајќи го овој факт, ја убиваме својата оригиналност со тоа што имаме тенденција да се адаптираме и да бидеме прифатени од страна на другите. За волја на вистината, никој не е целосно имун на конформизам, односно секој сака да биде прифатен во одредена средина, што и не е секогаш негативно. Понекогаш за да би се вклопиле во некоја средина, можеби ќе треба да станете подобра личност.

Но што кога средината во која сакате да бидете прифатени не е здрава, а вие ги потиснувате или целосно ги убивате своите амбиции, желби и идеи со цел да се вклопите? Што ако од вас се бара да станете послушен роб, кој верно ќе служи без да се побуни за нештата кои не му се допаѓаат?
Пожелно е да се адаптираш во ова болно општество, во спротивно нема да имаш мирен и хармоничен живот. Зарем треба доживотно да стоиме слепи и неми пред овој факт?
Дали по секоја цена се адаптирате? До каде е вашата граница?
 
Последно уредено:
Член од
16 септември 2013
Мислења
702
Поени од реакции
691
Доколку средината не е здрава ќе тежнеам да заминам на место кај што истата е здрава и е во согласност со моите желби и идеи. Тешко се адаптирам на негативни промени, пред тоа протестирам. Границата е мојот личен интегритет и морал
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Гледај ти прво за себе да смениш нешто, за другото колај работа. Животот не е до колективните придобивки, на крај се тоа ќе го снема.....она што ќе остане се индивидуите, морално супериорните.....што би се рекло во религиски термини оние со душа.
Има други сили што ги движат глобалните текови, а човекот сигурно не е учесник во тоа шоу ;)
 
Последно уредено од модератор:

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087

Прво.
За да бидеш морално супериорен треба да следиш некакви правила, кодекс, список, норми, закон, учење, штоидае. Дали следењето на таков ентитет не те прави конформист во некоја смисла? Или тогаш е оправдан, бидејќи е дефиниран од правилните причини?

Второ.
Ако човекот не е учесник во шоуто за глобалните текови, кој е?

Третото ти е бонус.
Тивката вода руши брегови. Овците, како што милуваш да ги дефинираш.
 
Прво, моралната супериорност нема врска со правила, кодекси и сл. Морално супериорен значи дека ти ги креираш тие правила, норми и сл......односно тие произлегуваат од тебе.
Арно ама за да произлезат, треба да постоиш(да си индивидуа) затоа што во стадото ти не постоиш. Он/Оф ситуација ти е таа, или си индивидуа или си стадото....спиеш или си буден, како сакаш кажи го.
Ако случајно никогаш и не си бил "буден", ова што јас го пишувам е гола вода......затоа што ти не си трансцендентирал една состојба. Ама за секој случај, не е лошо да се напише нешто во таа насока. :)

Второ, "боговите" кои ги обожуваат....а боговите се многу, многу широк поим.

Tрето, постои ефект на 100 мајмуни можеби ама за тоа треба критична маса, да речеме 1 од 100. Ситуацијата сега е 1 од 100 000 :)[DOUBLEPOST=1417512102][/DOUBLEPOST]"Mediocrity is the general state of humanity as it is. It is a retardedness of intelligence. Nobody wants you to be intelligent, because the more intellegent you are , the more it is difficult to exploit you. Every vested interest wants you to be mediocre. A mediocre person is just like a tree whose roots have been continuously cut so it cannot grow. The mediocre person never comes to know fruition, flowering, frgrance. But this is a common state. And to keep the mediocre person mediocre, a strange thing has to be put in his mind: that he is extraordinary."
Алелуја
 
Последно уредено:

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Цитатот на англиски ми личи на источна филозофија со мистичен глас. Ошо?
Последниот дел на цитатот е доста интересен. За морално супериорниот човек се однесува првиот дел од цитатот, или вториот? Како се разграничуваат еден од друг во борбата против конформизамот?

Инаку, кој одлучува дали некој има морална супериорност, или комплекс на супериорност? Има некои правила, или од тепка?
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Цитатот на англиски ми личи на источна филозофија со мистичен глас. Ошо?
Последниот дел на цитатот е доста интересен. За морално супериорниот човек се однесува првиот дел од цитатот, или вториот? Како се разграничуваат еден од друг во борбата против конформизамот?

Инаку, кој одлучува дали некој има морална супериорност, или комплекс на супериорност? Има некои правила, или од тепка?
Одлучува твојата состојба, како стадо си морално инфериорен....пред два поста ти кажав, после уште еднаш и еве од трет пат може ќе упали :)
Проблемот зошто не ја разбираш таа морална супериорност е поради тоа што станува збор за трансцендентирање на една цела состојба во која си заспан. Да се осетиш нешто како во луциден сон.....ако ме разбираш.
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Одлучува твојата состојба, како стадо си морално инфериорен....пред два поста ти кажав, после уште еднаш и еве од трет пат може ќе упали :)
Проблемот зошто не ја разбираш таа морална супериорност е поради тоа што станува збор за трансцендентирање на една цела состојба во која си заспан. Да се осетиш нешто како во луциден сон.....ако ме разбираш.
Јас те разбирам ама трансцендентната состојба можеби е само обичен комплекс на супериорност. И додека си трансцендетирал во повисоко ниво на свест, супериорност и разбуденост, реалноста ти го репне позади, и треснеш доле во калта меѓу овците да се бориш за гола егзистенција. Па прашањето ми е, како да се избегне тоа во овој конфомистички свет? Оти за некој трансцендентиран со супериорни морални стандарди мислам дека е срамно да зема социјална помош, или нешто друго од конформистичките овци.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Јас те разбирам ама трансцендентната состојба можеби е само обичен комплекс на супериорност. И додека си трансцендетирал во повисоко ниво на свест, супериорност и разбуденост, реалноста ти го репне позади, и треснеш доле во калта меѓу овците да се бориш за гола егзистенција. Па прашањето ми е, како да се избегне тоа во овој конфомистички свет? Оти за некој трансцендентиран со супериорни морални стандарди мислам дека е срамно да зема социјална помош, или нешто друго од конформистичките овци.
Имај прилика да ти се случи ова(Satori го викаат некои) па суди.
Можеби.....заеби можеби, затоа што можеби можеби не е препорачливо да се користи како можност.
Ќе зема социјална помош, ќе биде офчар, доктор....не е битно , не е срамота да одиш со отворени очи.
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Имај прилика да ти се случи ова(Satori го викаат некои) па суди.
Можеби.....заеби можеби, затоа што можеби можеби не е препорачливо да се користи како можност.
Ќе зема социјална помош, ќе биде офчар, доктор....не е битно , не е срамота да одиш со отворени очи.
Токму Буда и источните филозофии и учења ставаат голем акцент на можеби, а ти го отфрлаш. Постигнувањето на Сатори е дефинирано од постоењето на тоа можеби.

Значи сепак имало правила како да се постигне Сатори. Следењето правила и да се биде како другите кои веќе постигнале Сатори ми личи на конформизам во неконформистите. Интересно.

А јас па мислев доаѓа само од себе без никакви правила. Се разочарав искрено. :(
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Токму Буда и источните филозофии и учења ставаат голем акцент на можеби, а ти го отфрлаш. Постигнувањето на Сатори е дефинирано од постоењето на тоа можеби.

Значи сепак имало правила како да се постигне Сатори. Следењето правила и да се биде како другите кои веќе постигнале Сатори ми личи на конформизам во неконформистите. Интересно.

А јас па мислев доаѓа само од себе без никакви правила. Се разочарав искрено. :(
Искрено, појма немаш за што јас овде ти објаснувам :)
Арно ама ако можел Буда да чека 6 години проаѓајки ги сите до тогаш познати школи без успех, ти ќе чекаш и 100 :)
 
Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
519
Поени од реакции
1.057
Колку и да сме слични, сите се раѓаме како слободни индивидуи, уникатни. Занемарувајќи го овој факт, ја убиваме својата оригиналност со тоа што имаме тенденција да се адаптираме и да бидеме прифатени од страна на другите. За волја на вистината, никој не е целосно имун на конформизам, односно секој сака да биде прифатен во одредена средина, што и не е секогаш негативно. Понекогаш за да би се вклопиле во некоја средина, можеби ќе треба да станете подобра личност.

Но што кога средината во која сакате да бидете прифатени не е здрава, а вие ги потиснувате или целосно ги убивате своите амбиции, желби и идеи со цел да се вклопите? Што ако од вас се бара да станете послушен роб, кој верно ќе служи без да се побуни за нештата кои не му се допаѓаат?
Пожелно е да се адаптираш во ова болно општество, во спротивно нема да имаш мирен и хармоничен живот. Зарем треба доживотно да стоиме слепи и неми пред овој факт?
Дали по секоја цена се адаптирате? До каде е вашата граница?
Кои се маче, твоите желби и амбиции кои ти ги убиваат? Што ти е толку болно во општеството? Дај кажи, луѓе сме, ќе ти помогнеме.
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Искрено, појма немаш за што јас овде ти објаснувам :)
Арно ама ако можел Буда да чека 6 години проаѓајки ги сите до тогаш познати школи без успех, ти ќе чекаш и 100 :)
1. Ако немало правила и норми немало да ни да има познати школи за Буда да ги пројде.
2. Во сите тие школи имало учители + планови што треба еден Буда да пројде за да биде Зен.
3. Ако самиот Буда немал приближни верувања како социјалната група во која израснал и на која припаѓал, никогаш не би бил Буда.
Зошто Буда не се појавил во Мариово, кај Итар Пејо? Или зошто Итар Пејо не станал сатори?

Влијанието на конформизамот е многу поголемо и поважно, отколку што му се придава значење. Тој конформизам дефинира социјални групи, го дефинира разговорот и односите меѓу луѓето. Проблемот во конформизамот произлегува од потсвесните влијанија кои можат да бидат протолкувани како негативни. Инаку конформизамот како појава не е ексклузивна само кај луѓето, и не треба да биде третирана со подбив, потсмев, а најмалку со навреди.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.735
Поени од реакции
24.383
Кои се маче, твоите желби и амбиции кои ти ги убиваат? Што ти е толку болно во општеството? Дај кажи, луѓе сме, ќе ти помогнеме.
Змејче, јас немам проблем со конформизмот. Дозволувам да се адаптирам само во средини кои мене ми одговараат, а не во оние во кои сум принудена на тоа. Не газам на себе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom