Конформизам

D

Daedalus

Гостин
Па за тие лошите те прашувам, кои се тие средини каде што си принудена, и на што си принудена?
Саудиска Арабија на пример, ќе мора да ги мие нозете на Абу Бекр, братот на нејзиниот маж и да не гледа со похот кон Али, таткото на Абу.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Па за тие лошите те прашувам, кои се тие средини каде што си принудена, и на што си принудена?
Еве овде е прунудена да моли за абортус на пример. Треба да подмитува за да и остварат право. Пример не подалеку од носот на сите инволвирани во дискусијава. Не мора да бегаме во Саудиска Арабија за примери.
 
Член од
25 јули 2012
Мислења
22
Поени од реакции
12
"мислењево" ми е во движење (деновиве полагам на таа тема) па нема да содржи додатоци (линкови/останати е -изданија како и стручна странска литература што може да се најде низ нет,прво ради обемот и недделивоста на материјата, друго ради праксата и практичноста односно праксата покажува дека нема ќар, бар масовен, од крупни елаборации па подобро практично да се каже личниот став/искуство а во мојов случај, ќе имам и онака шанса од час и половина да една гадура од опортунист -средното име на конформизмот, да ја тестира мојата меморија/селективност/опсежност на однапред одредена тема, со мојот став како заклучок према истата)

Милиграм/Зимбардо, спомнати наназад, корелираат со конформизмот но не колку веќе спомнатиот експеримент на Аш, кој општо е најблиску до дефеницијата, која пак во литературата не само што е во контекст на мноштво автори (различни времиња/места/норми) и нивни гледишта (повеќето спаѓаат под теории) него и самите тие даваат своја, во зависност (ни два ни три) од личното им искуство кое многу зависи од времето (има и такви од пред прва светска) и секако, сето тоа во социо-средината односно во релативно-променлива и обавезно општествено зависна политичка историја како централен фактор (кој вклучува и попрецизни термини: вазалагиум/дефетизам/субмисивност/субординираност/резигнираност или апатија) чија историја на "зависност " и зачестеност на општествено (не) делување од една и подложност (спремност) на критика (критичка мисла) од друга страна, дава една пирамидално поставена "дефанзива" (кремот се кои ако не интелектуалната елита која по се во пракса и овојпат глобално гледано се, биле и ќе бидат зависни од политичките пресврти, кои пак се зависни од (не) реагирањето на масите, подложни на пропаганда) дефанзива која носи онолку општествена одговорност колку и е доделена поширока функција со, би рекол, занемарливи широки примања - ова во споредба со одговорноста и моќта на делување што и доделена на мала група идеолшки зависни (автоматски конформисти- според Жижек)и секогаш про-позициски кукли, чии маневри се граничат со повеќе неделување отколку пред тоа, без разлика на новонастанатата опасност/ (негативна и под претпоставка, животно загрозувачка ситуација, манифестирана кај мал а потоа и поширок дел население) за сликовити и наивни примери ѕирнете што европската (германско-кинематографска) тројка има за цел/поента во групно посматрање на врските меѓу масите и ненаметнатиот водач, кој може да биде групниот ќар рецимо.
The Wave (2008); The Edukators (2004) Good Bye Lenin! (2003)
...и да постои исто така светски термин, (балканизација) користиен во негативна конотација од страна на западните критериуми каде што постои неразрешлива константа на поделеност/делење на веќе поделените или завојувани страни, кои се во постојан параноиден грч продолжен со секој непресметан акт, сметан под дифолт за непријателски, и зад кој постепеното и постојано оддалечување, спонтано и ненамерно, се смета за заштита но истовремено неразрешлива криза, од која ниедна страна не е на "сигурно" пред се од глобалната политика, потем од соседот чиј конфликт на интереси зависи од "подршката" што му се нуди од страна, така да овој процес, делумно (20-30%макс) e локално зададен и заслужен (политички е битна само "отвореноста" за подршка, без разлика на политичката историја)
пс: колку за споредба, бразилизацијата (термин исто така скован по западно-европски тертип) е спротивно од балканизација кога се комшиско-верски препукувања во прашање но оваа бразилска варијанта, не само што е технолошки потпомогната и обединета спрема западно-капиталистички ситем на уредување, него е во постојан раст (драстична разлика, нешто како медиумска идила, сител-реалност и само реалност) кој/а, кога е во прашање економијата, по се изгледа локалното население не се зема за репрезент, него чисто како чувари на идеологијата од која ќаруваат прво спроведувачите со раздели па владеј политика, па потем локалците со сите последици (економски/еколошки) што одат со замижувањето на одговорните, чиниш "ослепени" кога се критичкото расудување и губење на просекот или опозициските организации во прашање.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.964
1632945728360.png

Темава е многу интересна во врска со моменталната состојба на светот и притисокот за еден наратив во врска со короната и вакцините.

Експериментот на Аш, во моментов можат да го почуствуваат повеќе луѓе, кои се под притисок на вакцинираните, милитаризирани од страна на авторитетите, за да ги доведат во ред/послушност сите невакцинирани.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.593
Поени од реакции
38.741
јас сум конформист, се осеќам многу комфорно во детската, и ја слушам владата кога ми вика да се чипирам
 

Kajgana Shop

На врв Bottom