- Член од
- 12 февруари 2014
- Мислења
- 7.950
- Поени од реакции
- 25.477
Колку и да сме слични, сите се раѓаме како слободни индивидуи, уникатни. Занемарувајќи го овој факт, ја убиваме својата оригиналност со тоа што имаме тенденција да се адаптираме и да бидеме прифатени од страна на другите. За волја на вистината, никој не е целосно имун на конформизам, односно секој сака да биде прифатен во одредена средина, што и не е секогаш негативно. Понекогаш за да би се вклопиле во некоја средина, можеби ќе треба да станете подобра личност.
Но што кога средината во која сакате да бидете прифатени не е здрава, а вие ги потиснувате или целосно ги убивате своите амбиции, желби и идеи со цел да се вклопите? Што ако од вас се бара да станете послушен роб, кој верно ќе служи без да се побуни за нештата кои не му се допаѓаат?
Пожелно е да се адаптираш во ова болно општество, во спротивно нема да имаш мирен и хармоничен живот. Зарем треба доживотно да стоиме слепи и неми пред овој факт?
Дали по секоја цена се адаптирате? До каде е вашата граница?

Последно уредено: