@jamajka Кадми на почеток од изјавата пренесува разговор од висок офицер од изралеското воздухопловство и се надоврзува на руските ПВО системи во Сирија, инаку постојат шпекулации дека русите имаат стационирано системи за електронско војување шо би го попречиле т.е дезориентирале дејството на крстосувачките проектили и таков напад би бил неефективен и целосно фијаско за западот. Да не се занемари фактот шо на грчки Кипар постои базата Акротири шо веројатно е на ниво на НАТО команден и центар за електронско извидување/војување.
Според ова т.н хируршки прецизни воздушни напади се исклучени, останува само масивен плотун од проектили, се на се во краток временски период западот може да лансира 1500 крстосувачки проектили со техниката која веќе ја има распоредено или за кракто ќе пристигне во средоземјето.
Моментално во средоземјето исклучиво Морнарица на САД: 4 крстосувачи за наведувани крстосувачки проектили секој со стартни 90 лансирни ќелии за проектили и тоа не само томахавк туку може да лансира и против воздушни и против подморнички проектили, 1 Охајо класа пратечка подморница со 150 крстосувачки проектили,
Плус на ова петта флота на морнарицата на САД може да делува од Персиски залив и црвено море со уште најмалку 4 разурнувачи со наведувани крстосувачки проектили и 2 крстосувачи исто со GCM.
Додатно носачот на авиони Ајзенхауер како знаменосец на борбената група на петта флота на морнарицата на САД.
Пратечки се две подморници носачи на крстосувачки проектили.
Според ова ,она шо се пласира како теза дека геостратешки русите биле поблиску до Сирија и сл е гола вода, и тоа чисто земени во предвид ресурси на Вујко Сем, без Израел и монти пајтон шоу.
Проблем е шо русите цврсто стојат на ставот дека нема да ги неутрализираат само проектилите туку и средствата кои ги лансирале, пошто се свесни дека во конвенционални средства западот е надмоќен и едноставно ќе ја презасити ПВО во Сирија за одреден временски период.
Активни и во полна борбена готовност, моментално има околу 200 ПВО системи во Сирија, од кои поголемиот дел трупна ПВО.
Единствена game changer непозната се персијците и со шо конкретно тие располагаат и колку од таа техника активно ќе вклучат во борбени дејствија при евентуален масивен воздушен напад, другите се шо со нив, исто без нив. Добро не исто, скоро исто

[DOUBLEPOST=1523613919][/DOUBLEPOST]Комплетно и константно извидување на средоземјето,
И Израел повторно од либански воздушен простор према Сирија затоа шо е голема веројатноста густината на ПВО на тој дел да е помала,