Конфликтот во Сирија

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
Точно, но ваквите воени игранки со вистинско оружје и муниција, вистински војници, вистински жртви и вистинска материјална штета, меѓу другото служат и за тестирање на новајлиите тазе излезени од Анаполис, Вест Поинт и останати школи за војување.
не баш
за тоа постојат jcats, c2tc, bs2, ccdv и други симулации
бтв од тие школи испаѓаат потпоручници а не генерали
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
не баш
за тоа постојат jcats, c2tc, bs2, ccdv и други симулации
бтв од тие школи испаѓаат потпоручници а не генерали
Ама мораат да ги размрдаат задниците на бојното поле за да станат генерали, САД не се Советскиот Сојуз на крајот од 1930-те години, па ако вождот Јосиф Висарионович Сталин ставил потпис, тогаш и некој селанец од некоја сибирска тајга да стане преку ноќ генерал кој ќе командува милиони луѓе.

Сирија е бојното поле на кое САД и Русија ги вежбаат своите воени мускули и рефлекси.
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
Ама мораат да ги размрдаат задниците на бојното поле за да станат генерали, САД не се Советскиот Сојуз на крајот од 1930-те години, па ако вождот Јосиф Висарионович Сталин ставил потпис, тогаш и некој селанец од некоја сибирска тајга да стане преку ноќ генерал кој ќе води милиони луѓе во битка.

Сирија е бојното поле на кое САД и Русија ги вежбаат своите воени мускули и рефлекси.
пријателе, во САД има институција шо се вика џенерал стаф колеџ, изгуглај,
вака оди тоа:
кај нив генерал може и војник да стане, ако остане доволно долго и ако остане жив, мора да имаат искуство во војна, мора да имаат пурпурно срце (ранет) и мора да имаат беспрекорно досие, вклучувајќи и семејство (неможе да е разведен, не може да има проблематични деца, не може да има криминално досие а скраја да е пијано возење или сексуално вознемирување како престап)
од кога ќе магистрира на џенерал стаф колеџ, а не ни може да влезе ако ги нема погоре наведените критериуми, треба да се уклучи во политика и да покаже дека знае да лиже гз и ќе напредува
едно е сигурно, треба да има многу среќа
војни како сирија не се битни во овој процес воопшто, ама се многу битни за тестирање на воеа техника, трошење на старата како би се набавила нова и нормално профит
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.277
Поени од реакции
1.755
Деир Ез Зор се поврза со останатиот дел- аеродромот. Од околу 8-9 месеца градот беше разделен од ИСИС на два дела.

Голема игра на време е, САД ги активира новите донори -курдите, денеска окупираа околу 20 километра област од Деир Ез Зор. Сириската армија ослободува брзо но сепак им треба некое време за логистика, понтонски мостови, во моментов освен доослободување на градот, брзаат да се префрлат на другата страна на река Еуфрат. Колку може повеќе да ги ограничат курдите.

Како што се развиваат работиве во иднина е можна арапско - курдска војна. Да си сојузник со САД не е лесно, курдите би биле задоволни да имаат курдска држава на својата историска територија, но САД не дозволува така, треба да слушаат, окупираат туѓа територија, евентуалната курдска држава оди во пакет со исполнување на геополитички задачи.
Алчноста нема граници, но курдите играат доста глупаво, немаат коридор за логистика од пријателска држава, планот за копнен коридор со Јордан одамна не успеа, практично се енклава опкружена со три непријателски држави од кој што курдите сакаат да анексираат територија.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
...

војни како сирија не се битни во овој процес воопшто, ама се многу битни за тестирање на воена техника, трошење на старата како би се набавила нова и нормално профит
Ова ти е точно, во комбинација со ова што го имаш спомнато претходно.

...

кај нив генерал може и војник да стане, ако остане доволно долго и ако остане жив, мора да имаат искуство во војна, мора да имаат пурпурно срце (ранет) и мора да имаат беспрекорно досие, вклучувајќи и семејство (неможе да е разведен, не може да има проблематични деца, не може да има криминално досие а скраја да е пијано возење или сексуално вознемирување како престап)

...
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
Ова ти е точно, во комбинација со ова што го имаш спомнато претходно.
мора да има воено искуство почнувајќи од Е6 сарџент па нагоре, еба му матер на тој амерички генерал шо тек пред полагање за генерал треба да се здобие со искуство. Кога би познавале некој што има служено американска војска да ви ги објасни овие работи ќе сватите дека овакввите мубети се навистина излишни.
Накратко, точна информација
командно штабна школа се полага на JCATS симулација (командир на чета, баталјон или ретко бригада) тоа важи за чинови од мајор до полковник (високи офицерски чинови)
генералска школа се полага на SIT Aware симулатор, најчесто потпомогнат од JCATS за настани во степен на бригада, дивизион или корпус
Ако се чекаат војни за полгање на генерали, војска во светот ќе снема, а далеку подобро е да се полага на компјутерски симулатор кој не бара ресурси за воени маневри или ангажирање на поголеми единици, башка симулација укажува на грешки без никакви жртви па дури ни испукан куршум и може да се повтори многу пати

fun fact нашата армија има JCATS симулатор :чда:
 
Дај биди сериозен, веројатно не сакаш да кажеш дека АРМ исполнува услови за да се нарече армија. :pos:

А кога сме кај војни, граѓанската војна во Сирија е само една од повеќе војни во кои се вмешани САД, разликата е во тоа што граѓанската војна во Сирија има поголема медиумска изложеност наспроти останатите војни во кои се вмешани САД, како на пример Јемен, Авганистан, Либија, еве баш пред некоја недела Доналд Трамп најави испраќање на повеќе војници во Авганистан, а можеби и во Јемен.

Северна Кореја исто така му е на нишан, а пред некоја недела Трамп се закани и со воена интервенција во Венецуела - не дека на Венецуелците им е дојдено преку глава од социјалистичката влада која е на власт 18 години, но плавиот Дони вети дека САД нема повеќе да си го пикаат носот во туѓи држави.
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.904
Поени од реакции
14.596
Ја погоди другар ти.
Поглупо нешто за генерали немам слушнато.
Ваквите војни се геополитика, борби за интерес и влијание, понекогаш ослабување на регион или уплеткување на субјекти во војна која не би ја сакале. Ова е шаховска игра каде кралот е бизнисмен а генералите пиони
Едното и другото не се исклучуваат. Дали ќе има војна или не навистина одлучуваат геостратешките интереси, но водењето на војните им се остава на генералите.

И да....многу пати во вакви битки се полагаат генералски испити
За разлика од тебе јас како војник на ЈНА сум бил во еден ден во непосредна близина и сум ги послужувал на 40 врвни генерали од тогашно време како Антун Тус, Благоја Аџиќ.....

Така да не сум лаик кога е оваа тема во прашање...и иако не сум бил дирекно на фронт, сум бил во околина на заратено подрачје спиејќи во камион под полна ратна спремност и наоружан до заби.....т.е. не сум ``гугл вориор``
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
Едното и другото не се исклучуваат. Дали ќе има војна или не навистина одлучуваат геостратешките интереси, но водењето на војните им се остава на генералите.

И да....многу пати во вакви битки се полагаат генералски испити
За разлика од тебе јас како војник на ЈНА сум бил во еден ден во непосредна близина и сум ги послужувал на 40 врвни генерали од тогашно време како Антун Тус, Благоја Аџиќ.....

Така да не сум лаик кога е оваа тема во прашање...и иако не сум бил дирекно на фронт, сум бил во околина на заратено подрачје спиејќи во камион под полна ратна спремност и наоружан до заби.....т.е. не сум ``гугл вориор``
почит за твојата служба, ама тоа било некогаш, во тоа време
порано регрути имало повеќе од доволно, имало посебни единици за таа намена, денес веќе не е така, има компјутерски симулации. Нашата армија на пример сеуште има остатоци од тоа време, сеуште има полагања од тој тип ама полагаат на вежби во криволак, па затоа сите се тепаат да полагаат со штипската пешадија оти е најдобра, па на војнициве од штип им е преку курца од полагања
компјутерска симулација денес овозможува повеќекратни сценарија и терени, овозможува речиси неограничен број на војска и системи и различни непријателски сили.
Нато силите ги тестираат во симулатор своите идни формации и новоформирани единици со различни сценарија за да се утврди дали таквата промена држи вода или не ама навлегуваме во друга тема
во Сирија полагање на високи воени старешини е далеку од листата на приоритети
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Кога ќе се спомене ослабување на регион одма ме асоцира на Израел, додека во сите држави околу нив се случуваат револуции и конфликти помогнати од надворешни фактори овие си уживаат. Уште пак кога се знае дека на Голанската висорамнина граничат со ИСИС и ништо не превземаат околу тоа туку и (ин)директно им помагаат..

Инаку Асад одамна ги “тестираше“ генералите, на почетокот на конфликтот многу заминаа во таканаречената умерена опозиција така да сега му останаа само лојалните
Важноста на оваа војна е што за првпат после триесетина години некој успеа во овој дел на светот да го запре глобалното самоволие на западната империјална алијанса предводена од САД. И тоа на бојното поле.
Затоа сега ние ќе трпиме последици од стравот и паранојата која се создава кај членките на овој империјалистички сојуз коишто се решени да воспостават апсолутна контрола врз територијата на којашто живееме.

Инаку за восхит е издржливоста, присебноста и единството коишто ги покажаа војниците и цивилното население во Деир ез Зор, коишто поминаа повеќе од 3 години под опсада на гнасните исламистички џелати.
Ова ќе се памети во историјата.
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Деир Ез Зор се поврза со останатиот дел- аеродромот. Од околу 8-9 месеца градот беше разделен од ИСИС на два дела.

Голема игра на време е, САД ги активира новите донори -курдите, денеска окупираа околу 20 километра област од Деир Ез Зор. Сириската армија ослободува брзо но сепак им треба некое време за логистика, понтонски мостови, во моментов освен доослободување на градот, брзаат да се префрлат на другата страна на река Еуфрат. Колку може повеќе да ги ограничат курдите.

Како што се развиваат работиве во иднина е можна арапско - курдска војна. Да си сојузник со САД не е лесно, курдите би биле задоволни да имаат курдска држава на својата историска територија, но САД не дозволува така, треба да слушаат, окупираат туѓа територија, евентуалната курдска држава оди во пакет со исполнување на геополитички задачи.
Алчноста нема граници, но курдите играат доста глупаво, немаат коридор за логистика од пријателска држава, планот за копнен коридор со Јордан одамна не успеа, практично се енклава опкружена со три непријателски држави од кој што курдите сакаат да анексираат територија.
Ослободен и аеродромот

Член од
16 декември 2009
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.159
Важноста на оваа војна е што за првпат после триесетина години некој успеа во овој дел на светот да го запре глобалното самоволие на западната империјална алијанса предводена од САД. И тоа на бојното поле.
Затоа сега ние ќе трпиме последици од стравот и паранојата која се создава кај членките на овој империјалистички сојуз коишто се решени да воспостават апсолутна контрола врз територијата на којашто живееме.

Инаку за восхит е издржливоста, присебноста и единството коишто ги покажаа војниците и цивилното население во Деир ез Зор, коишто поминаа повеќе од 3 години под опсада на гнасните исламистички џелати.
Ова ќе се памети во историјата.
Се слагам со горенапишаното освен со зборот некој,зошто тој некој има име,а тоа е Русија.
Русија
е таа која единствено може да се спротивстави и да победи
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.159
Се спрема преоѓање на Еуфрат.Мора да се помине овие неколку дена и да се разреши дилемата.Денес дојде и информацијата дека Русија и Турција потпишаа договр за испорака на С-4оо.Ако е така тогаш Русите и турците веројатно ќе соработуваат во врска со курдското прашање.Секако дека Турција ќе мора да принесе и други дарови до русите(евентуално излегување од НАТО и за мене најважно заедничко настапување на Балканот со тоа што турците ќе бидат малиот брат).Русите секако дека ќе мораат стратегиски да се определат дали ќе дозволат Американците и Евреите да создадат Курдистан (со нивни отстапки во руска полза) или да не го дозволат тоа во корист на Турција.Значи треба да се отворат двете понуди турската и амерканската па да се измери што е најдобро за Русија.[DOUBLEPOST=1505226611][/DOUBLEPOST]Се спрема преоѓање на Еуфрат.Мора да се помине овие неколку дена и да се разреши дилемата.Денес дојде и информацијата дека Русија и Турција потпишаа договр за испорака на С-4оо.Ако е така тогаш Русите и турците веројатно ќе соработуваат во врска со курдското прашање.Секако дека Турција ќе мора да принесе и други дарови до русите(евентуално излегување од НАТО и за мене најважно заедничко настапување на Балканот со тоа што турците ќе бидат малиот брат).Русите секако дека ќе мораат стратегиски да се определат дали ќе дозволат Американците и Евреите да создадат Курдистан (со нивни отстапки во руска полза) или да не го дозволат тоа во корист на Турција.Значи треба да се отворат двете понуди турската и амерканската па да се измери што е најдобро за Русија.
 
M

MD_

Гостин
Се спрема преоѓање на Еуфрат.Мора да се помине овие неколку дена и да се разреши дилемата.Денес дојде и информацијата дека Русија и Турција потпишаа договр за испорака на С-4оо.Ако е така тогаш Русите и турците веројатно ќе соработуваат во врска со курдското прашање.Секако дека Турција ќе мора да принесе и други дарови до русите(евентуално излегување од НАТО и за мене најважно заедничко настапување на Балканот со тоа што турците ќе бидат малиот брат).Русите секако дека ќе мораат стратегиски да се определат дали ќе дозволат Американците и Евреите да создадат Курдистан (со нивни отстапки во руска полза) или да не го дозволат тоа во корист на Турција.Значи треба да се отворат двете понуди турската и амерканската па да се измери што е најдобро за Русија.
Не само за Курдското прашање туку се спрема и терен за интервенција во Идлиб откако ќе заврши кампањата за чистење на ИС во Сирија - наводно веќе е изготвен план за заедничка операција на Сирија, Иран, Русија и Турција против ХТС во Идлиб. Ете денеска Шогју беше во Сирија, а делегација од Иран ќе оди во Москва деновиве

https://www.almasdarnews.com/article/mass-defection-amongst-al-qaeda-associated-rebel-group/

Курдите нема да добијат независност и Русите нема да го дозволат/подржат тоа, многу поважни им се (интересите) на Турција, Сирија, Ирак и Иран отколку тие на Курдите..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom