Деир Ез Зор се поврза со останатиот дел- аеродромот. Од околу 8-9 месеца градот беше разделен од ИСИС на два дела.
Голема игра на време е, САД ги активира новите донори -курдите, денеска окупираа околу 20 километра област од Деир Ез Зор. Сириската армија ослободува брзо но сепак им треба некое време за логистика, понтонски мостови, во моментов освен доослободување на градот, брзаат да се префрлат на другата страна на река Еуфрат. Колку може повеќе да ги ограничат курдите.
Како што се развиваат работиве во иднина е можна арапско - курдска војна. Да си сојузник со САД не е лесно, курдите би биле задоволни да имаат курдска држава на својата историска територија, но САД не дозволува така, треба да слушаат, окупираат туѓа територија, евентуалната курдска држава оди во пакет со исполнување на геополитички задачи.
Алчноста нема граници, но курдите играат доста глупаво, немаат коридор за логистика од пријателска држава, планот за копнен коридор со Јордан одамна не успеа, практично се енклава опкружена со три непријателски држави од кој што курдите сакаат да анексираат територија.