Конфликтот во Сирија

Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.299
Поени од реакции
1.806
Многу добро напредува ослободувањето на Сирија, и добрите /Сириската армија/ ослободуваат и лошите /Израел и нивните сателити САД, курди, умерената ИСИС/.
ИСИС е пред капитулација и газдите гледаат да спасат што може, да станат неколку држави од типот северен и јужен Виетнам/Сајгон/, Северна и Јужна Кореја, Судан...
Игра навреме е, Асад и Русија ослободуваат, а Хабад гледа да создаде курдска држава и дел од ИСИС да се применуваат во умерена опозиција.

Тамор/Палмира / : За разлика од порано кога Асад ја ослободуваше со малечка армија и тесен пробив/клин/ и неколку пати ја губеше, сега прави широк фронт напред и копа на страна, тоа е и еден од патиштата за ослободување на Деер е Зор и Рака

Област Дараја и границата со Јордан: Америкаците уфрлаат своја армија и умерени опозиционери, целта е да се обедини границата со Јордан со умерените, Асад гледа тоа да не се случи, иако тоа е слабо населена планинско пустинска територија, ако стане вистинска енклава што граничи со Јордан е идна опасност за цела Сирија, тоа е празна но огромна територија.

Област Хама: После големата офанзива на "умерените" од пред 8 месеца и последниот пробив кон град Хама што беше реална опасност градот да падне, сириската армија се консолидира и ги отфрли назад на старите позиции/дваесетина километра/. Тука мислам дека приоритет е да се ослободи Кафр Зита и да се види дали хемискиот напад е од авио бомби или на "умерените".

Град Дамаск: Тука топат едно малечко упориште на ИСИС, малку со бомби,малку со преговори гледаат да се израмни фронтот

Се на се работите идат добро, оваа година дваесетина енклави доброволно капитулираа, ИСИС и семејствата беа транспортирани во ИДЛИБ, без борба Асад ги ослободи, не само тоа а де блокира и големо количество своја армија која беше ангажирана со опкружувањето енклавите, примерно во град Забадани имаше 5000 терористи и Асад за опсадата сигурно имал ангажирано неколку илјади.
Во Астана има потпишано примирје за 5 реона со најумерените терористи, тука целта е да не се мешаат на сириската армија да ги избутка ИСИС и да ја преземе границата.
Лошите работи се курдите, ја ослободија Табка и САД ги фаворизира како идни ослободители на Рака, иако таму не живеат курди.
Ќе видиме што ќе се случи, геополитичка игра на време е, не да се победи ИСИС а кој да го победи.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719

Курдско-арабските сили поддржани од САД се на 4 километри од влезот во Рака. После минатонеделното снабдување со оружје и муниција од Американците, "чистењето" на Рака ќе се реализира многу бргу.
Асад тука нема шанси. Единствено во перспектива можно е да стигне до Дејр Ез-Зор и да ги заземе областите до десниот брег на Еуфрат.

Во Сирија веќе се исцртуваат три региони на влијание. Америка (со поддршката на Јордан и Израел) ги има под свое влијание областите на левиот брег на Еуфрат ослободени од курдско-арабската коалиција + Јужен фронт заедно со новите напредувања долж ирачката граница.
Делот под контрола на сириската армија ќе остане под влијание на Русија.
За Идлиб и северно Алепо ќе одговара Педроган.

Сепак ваквата поделба на сфери на влијание нема да и донесе стабилност на Сирија. Уште после комплетниот колапс на ИСИС логично е да се очекуваат нови судири меѓу сириската армија и американските "умерени бунтовници".

Овие ИСИС најголеми глупаци излегоа. А можеа да играат по сценарио и да бидат новото Косово каква и што беше намерата на Муриканските лешојади заедно со Кувајт, С.Арабија и ОАЕ. Место нив Курдите се офајдија.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
И повторно, нема капацитет за такво нешто, нема интерес, нема финансии, ја немаш таа алтернатива сега, а имаш неодложен проблем сега. Ќе го циркулираме ова до бесконечност?

Ги виде сликите од ноќниот живот во Дамаск? Прочепка како изгледал животот во Сирија пред војната? Го изледа на Ал Џезеира документарецот и на што е сведено? Повеќе би сакал таква Сирија или ваква Сирија (дистурбинг имиџес 18+)
https://www.almasdarnews.com/article/18-graphic-content-isis-beheads-man-southern-syria-sorcery-charges/
Не ми кажувај-Јас сакам Сирија каде што ќе се венчаат и ќе живеат среќно до крај на животот а вселенски бродови од Стар Трек ќе летаат и истражуваат нови светови. За мене решиле доволно. Екстремно салафистичко во затвор или мистериозно исчезнато, во меѓувреме луѓе си шетаат си пијат коктели, ако сакаш носиш шамија ако сакаш не, по некој бомбаш самоубиец и невини жртви ќе има, тоа е неизбежно, ама и не масивно. Египет под Мубарак? Туристи полно, Шарм ел Шеик, Хургада, да 2-3 пати годишно ќе се рокнеше некој, проблеми има да, другата опција е Морси, трета нема. Морси е за тебе подобар избор? Или пак ќе ми кажеш сега трансформација, бутс он граунд и да чекаме 50-60-100 години, Дизниленд. Тие сметаат дека Божја волја е сечење на клиторис на девојчиња. Мубарак, Сиси, Асад за нив се измислени, за таква стока и тоа е џек-пот.

Пост-француски Алжир.
https://en.wikipedia.org/wiki/Algerian_Civil_War
И какво изненадување драги гледачи, спротиставените страни се воена диктатура од една страна, а исламистичка теократија од друга. Тотално уникатен пример со ништо сличен на Египет, Ирак, Либија.

Разликата е во масовните импликации што нуклеарките ќе ги донесат. Од старт за само неколку минути бројот на жртвите ќе бидат најмалку 5 пати повеќе од моменталниот број на жртви во сириската војна до сега, посебно цивилни, да не збориме за радијациските и другите пост ефекти што си одат со тоа. Вака на една страна го имаш вооружен Хезболах, шиитски бригади, Тигри, НДФ, регуларна армија итн... на друга страна вооружени Џаиш ал Ислам, Ахрар ал Шам, Тахрир ал Шам, ИСИС и уште многу поситни групи. Методите се тие, бруталноста е горе-доле таа, кај ИСИС и Ал Каеда дури и поголема, шиитите имаат плус воздушна поддршка и дополнителна воена логистика но далеку за да се употреби примерот со рушење на брана. И за да го победиш пожарот треба да употребиш нешто повеќе вода за да надвладее над огинот.
Да, аргументите веќе се вртат во круг. Мојот став во сите претходни поста, ајде ќе повторам пак, е дека подршката на шиитските радикали воопшто не го решаваат проблемот, тоа е централната тема на дискусија. Решението што ти го промовираш НЕ Е РЕШЕНИЕ. Зошто радикалниот ислам е проблемот, не негова верзија што во даден историски момент се појавува во преден план. Не може да ја браниш твојата позиција со тврдењето дека нема подобри алтернативи од твојата, кога алтернативата што ти ја нудиш, воопшто не е тоа. Треба прво за тоа да се согласиме. И да не функционира моето (паушално конструирано) решение, како и сите останати кои се понудени, тоа не значи дека твоето ќе функционира. Дури и на краток рок да има некаков ефект (што е само по себе дискутабилно), имаш неколку века историја што докажуваат дека на долг рок не функционира.
Јас поставувам знак за еквиваленција помеѓу двата пола на радикалниот ислам и сунитски и шиитски . Зборот “радикален“ во фразата опишува зошто. Ти сакаш да веруваш дека има, и ја поставуваш на некакви стаклени морални нозе. Дека откако Иран и шиитските милиции ќе расчистат со Ахрар и Тахрир ал Шам ќе не пречекат нас останатите со цвеќе и бомбоњера. Свесен си за улогата на Иран во војната во Босна? Знаеш дека Хезболах беа едни од првите кои испратија борци во Босна, дека Иран беше еден од најголемите снабдувачи со оружје на муџите кои правеа парче четри години таму? Прашај ги Србите таму дали ја осетија разликата помеѓу едните и другите. Ако утре има некаков меѓурелигиски конфликт и на наша територија, колку си сигурен дека твоите опевани борци против радикалниот ислам, нема без никаков проблем да дојдат и тука да убиваат, силуваат и мачат неверници, идентично како и сунитските муџи .

И аман со сликите од ноќниот живот во Дамаск. Еве ти слики од Иран пред револуцијата. http://www.businessinsider.com/iran-before-the-revolution-in-photos-2015-4/#due-to-irans-large-supply-of-oil-proximity-to-india-and-shared-border-with-the-soviet-union-britain-and-the-us-fully-backed-the-iranian-government-2
Еве после револуцијата. http://hlaoo1980.blogspot.mk/2016/12/khomeinis-fatwa-killed-30000-in-irans.html
Каков Иран ти сакаш повеќе да видиш? И не ми збори сакам Иран кај што сите се весели и живеат среќно до крајот на животот. Ако ја следиме линијата на твојот strawman аргумент, ќе бидеш контрадикторен ако не бараш моќта на Исламска република Иран да слабее и Шахот да се врати на власт. И каква врска има Морси и Мубарак? Каде реков дека групи инспирирани од салафизмот се добра опција? Реков дека Арапската пролет е неуслех. Јас Асад не го спомнувам во конотација на преставник на радикалниот ислам, он е еден од оние преставници на авторитарни режими, реликт од Студената војна. Само констатирам историски факти, дека и он а особено татко му, немал никаков проблем надворешно-политичката тежина да ја гради врз употребата и финансирањето на радикалните шиитски милитантни групи кои ги употребувале истите тактики како и денешните сунитски групи. Затоа е лицемерно и иронично сега да се преставува како некаков предводник во борбата против радикалниот ислам. Се бори со нив само затоа што тоа не е верзијата на радикалниот ислам, што он може да ја користи за негови цели.
А и зошто се преставува како граѓанската војна да му падна од небо, како он со неговите постапки да немаше никаков удел во разгорувањето на конфликтот. Зошто, кога се инсталираа радикалните сунитски групи во Алепо и останатите делови од Сирија, тамошните резиденти не рекоа, остајте не на рат да пиеме коктели и да уживаме во ноќниот живот?

А за последниот параграф. Само давав компаративни примери каде и ти го користиш треба во твоите аргументи, во контекст на замерката дека зборот треба е синоним за фантазии, не ги споредував меѓусебно двата примери и не имплицирав дека нуклеарка е во било кој случај реална опција. Мислев на шала го збориме тоа. :)
 
Последно уредено:

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.018
Поени од реакции
24.576
Да, аргументите веќе се вртат во круг. Мојот став во сите претходни поста, ајде ќе повторам пак, е дека подршката на шиитските радикали воопшто не го решаваат проблемот, тоа е централната тема на дискусија. Решението што ти го промовираш НЕ Е РЕШЕНИЕ. Зошто радикалниот ислам е проблемот, не негова верзија што во даден историски момент се појавува во преден план. Не може да ја браниш твојата позиција со тврдењето дека нема подобри алтернативи од твојата, кога алтернативата што ти ја нудиш, воопшто не е тоа. Треба прво за тоа да се согласиме. И да не функционира моето (паушално конструирано) решение, како и сите останати кои се понудени, тоа не значи дека твоето ќе функционира. Дури и на краток рок да има некаков ефект (што е само по себе дискутабилно), имаш неколку века историја што докажуваат дека на долг рок не функционира.
Многу е просто ако само прекинеш со инаетењето. А не сакаш. Затоа нажалост треба да прејдам на метода на цртање. Дали ти е јасно дека ако не беше Асад, ако не беше Хезболах тогаш Исис или Ал Каеда во една од нивните инкарнации ќе владееа со Алепо, Дамаск и многу можно конфликотот веќе ќе беше префлен во Либан? Благодарејќи на нив и воздушната поддршка од Русија која беше од огромно значење но залудна ако немаш теренски и пешадиски сили џихадистите не само што не се експандираат туку се намалуваат. Значи моето решение-ФУНКЦИОНИРА во најпесимистичка верзија за мене-за сега. Твоето решение лебди низ стратосферата на фантастиката, во најоптимистичка верзија за тебе-за сега. Ја разбираш разликата или не? Уште еднаш, моето решение во најлош случај функцинира за сега, додека твојот во најдобар случај не функционира за сега. Се е подобро од ИСИС и Ал Каеда. Не 14 уште 114 века да се тепаат меѓу себе, уште милион пати ИСИС да згаснува и пак да се појавува како друга форма на сунитски екстремизам е подобро од тоа да победат. Додека не се појави подобра опција за сега изборот е или Асад или ИСИС и Ал Каеда. Каква Сирија сакаш ти?

Јас поставувам знак за еквиваленција помеѓу двата пола на радикалниот ислам и сунитски и шиитски . Зборот “радикален“ во фразата опишува зошто. Ти сакаш да веруваш дека има, и ја поставуваш на некакви стаклени морални нозе. Дека откако Иран и шиитските милиции ќе расчистат со Ахрар и Тахрир ал Шам ќе не пречекат нас останатите со цвеќе и бомбоњера. Свесен си за улогата на Иран во војната во Босна? Знаеш дека Хезболах беа едни од првите кои испратија борци во Босна, дека Иран беше еден од најголемите снабдувачи со оружје на муџите кои правеа парче четри години таму? Прашај ги Србите таму дали ја осетија разликата помеѓу едните и другите. Ако утре има некаков меѓурелигиски конфликт и на наша територија, колку си сигурен дека твоите опевани борци против радикалниот ислам, нема без никаков проблем да дојдат и тука да убиваат, силуваат и мачат неверници, идентично како и сунитските муџи.
Не ме интересира Хезболах пред 25+ години затоа што го немаме тој луксуз сега. Ме интересира Хезболах и ситуацијата денес. Ако престанеш со инатењето ќе ми одговориш искрено и реално на следново прашање-Ако силом прилике леташ со авион над Сирија, авионот падне ти рипнеш со падобран и можеш да го управуваш само онолку колку да падне во територија или на Ал Каеда (ИСИС нема ни да го ставам како пример тука затоа што ќе те ставам во многу гадна позиција како да го одбраниш ставот со еквиваленцијата на двата радикални елементи а тоа нема да ми биде интересно, нема жар нема њух, нема fun) или на Хезболах, ти ќе го молиш Алах, Буда, Харе Кришна и Ричард Докинс да биде во територија на Хезболах. Во тој случај ти паѓа аргументот на еквиваленција. Затоа што треба да ти е сеедно. Ама тоа ако не се инатиш. Во случај да се инатиш еве ти неколку слики и репост на видеото од Хезболах:

Јас ставив тас на вагата. Повели еквивалентирај ми го со тас од другата страна, слики вака од девојки незабулени во струкирани маички и видео од христијани или други малцински групи на митинг на Тахрир ал Шам (или од ИСИС ако ти се игра на advance level). После тоа покажи ми црква и синагога во Саудиска Арабија како што јас ти покажав во Иран.

МНОГУ ВАЖНА НАПОМЕНА ОТИ Е МНОГУ МОЖНО ТОА ДА НЕ ГО СФАТИ ДО СЕГА
: Ова апсолутно не значи дека Хезболах е хуманитарна организација и дека се водат по конвенција за човекови права и слободи. Ова е само навраќање на она моето почетно "помалото од двете зла" и твоето тврдење за еквивалентност.

Да се навратиме на твоето прашање односно ова

Ако утре има некаков меѓурелигиски конфликт и на наша територија, колку си сигурен дека твоите опевани борци против радикалниот ислам, нема без никаков проблем да дојдат и тука да убиваат, силуваат и мачат неверници, идентично како и сунитските муџи.

Прво не се мои опевани борци, немој да правиш лоши спинови. Ама ок легитимно е прашањето. Одговорот е-Не сум сигурен. Ама знаеш во што сум сигурен? Дека ако сакам да се прошетам низ Париз, Европа или дури и низ Скопска Чаршија и ако загинам поради терористички напад базиран на ислам 99.99% тоа ќе биде од сунитски карактер. Исто сум сигурен дека моментално сега и веднаш (затоа што и проблемот е сега и веднаш) шиитските сили се единственото реално апликативно инстант (оти и ситуацијата е инстант) решение за сунитскиот вахабизам. Го немам јас луксузот во моментов да мислам дали човекот кој во моментот го млати мојот непријател дека утре ќе се сврти потенцијално и кон мене, дури и ако (исто така легитимно забалежано од твоја страна) тоа го правел пред 25 години. Она што го знам со сигурност е дека ако не е он, непријателот мој со полна сила ќе се сврти кон мене сега во денешниот ден 2017-та година, исто така знам дека кај млатачот подобро се живее (види слики погоре, види Сирија под Асад и Сирија под ИСИС и Ал Каеда, спореди Иран и Саудиска Арабија). Тоа се лупхоле карите на маса, тоа е ситуацијата и тоа е разликата меѓу нас. Ти одиш на моменти шта би било кад би имао џокер у покер, јас ти кажувам кои се опциите во реалноста и сега. Секое градење на вселенски бродови во 24 век и да е изводливо не го решава моменталниот проблем.

И аман со сликите од ноќниот живот во Дамаск. Еве ти слики од Иран пред револуцијата. http://www.businessinsider.com/iran-before-the-revolution-in-photos-2015-4/#due-to-irans-large-supply-of-oil-proximity-to-india-and-shared-border-with-the-soviet-union-britain-and-the-us-fully-backed-the-iranian-government-2
Еве после револуцијата. http://hlaoo1980.blogspot.mk/2016/12/khomeinis-fatwa-killed-30000-in-irans.html
Каков Иран ти сакаш повеќе да видиш? И не ми збори сакам Иран кај што сите се весели и живеат среќно до крајот на животот. Ако ја следиме линијата на твојот strawman аргумент, ќе бидеш контрадикторен ако не бараш моќта на Исламска република Иран да слабее и Шахот да се врати на власт.
Не ме разбираш и после толку постови. Мојата поддршка за шиитите е од прагматична природа а не од идеолшока или било каква друга, читај ме внимателно. Ако јас бев роден пред 79-та секако дека немаше да бидам про-револуцијата на Хомеини и ќе бев за Палави. Ако се согласиме (а и не мора) дека стоката на блискиот исток знае само теократија или (најчесто воена) диктатура јас навивам за ова второто, и секако Иран не е исклучок. Ако се појави сега реална сила која ќе воспостави секуларно владеење, без разлика дали диктаторско, демократско па дури и комунистичко (идеологија која ми е в крај одвратна ама тоа е друга тема) на сметка на сегашнава јас ќе го поддржам тоа. Ама шансите од сегашна перспектива за тоа се што би рекле енглезите slim to none. Нема ништо такво на повидок во Иран, и карите на маса се тие. Картите на маса исто викаат дека појак Иран значи послаба Саудиска Арабија и Ердоганова (намерно го ставам ова ердоганова да не ти текне после да се фатиш за овој момент) Турција. А во Иран не влегол шиит во црква или синагога да се разнесе, или јас не знам за таков случај. Во Саудиска Арабија исто така не, оти нема цркви и синагоги. Еквивалентно нели? Ама затоа во Пакистан...

И каква врска има Морси и Мубарак? Каде реков дека групи инспирирани од салафизмот се добра опција? Реков дека Арапската пролет е неуслех. Јас Асад не го спомнувам во конотација на преставник на радикалниот ислам, он е еден од оние преставници на авторитарни режими, реликт од Студената војна. Само констатирам историски факти, дека и он а особено татко му, немал никаков проблем надворешно-политичката тежина да ја гради врз употребата и финансирањето на радикалните шиитски милитантни групи кои ги употребувале истите тактики како и денешните сунитски групи. Затоа е лицемерно и иронично сега да се преставува како некаков предводник во борбата против радикалниот ислам. Се бори со нив само затоа што тоа не е верзијата на радикалниот ислам, што он може да ја користи за негови цели.
Ок заклучивме дека Асад не е чарлиев ангел, нешто што воопшто не го тврдев никогаш. И сега пак треба да ти цртам дека политиката не е хуманитарна организација, дека нема морал, дека нема чисти играчи и дека очигледно живееш во заблуда. Ок Асад е лично Мефисто, Маркиз де Сад, Сталин, Нерон во едно. Не еве стварно нека е. Другата опција се Исис и Ал Каеда со сателитите и инкарнациите. Кај сакаш да ти падне падобранот, која Сирија ја претпочиташ, Асадовата, вахабистичката или пак ќе циркулираш со-Ама знаеш ако ставиме бутс он граунд, учители кои ќе викаат-а нееее џихаааааад, џииииш, за 4 генерации и 70-80 години од сега ќе добиеме првокласни норвежани во понашање. Пак ќе кажам многу е просто само треба да не се инатиш, да сфатиш дека картите на маса се тие и дека нема простор и време сега за фантазии. Да, толку е просто.

А и зошто се преставува како граѓанската војна да му падна од небо, како он со неговите постапки да немаше никаков удел во разгорувањето на конфликтот. Зошто, кога се инсталираа радикалните сунитски групи во Алепо и останатите делови од Сирија, тамошните резиденти не рекоа, остајте не на рат да пиеме коктели и да уживаме во ноќниот живот?
Он со неговите постапки имаше удел во сето тоа, нема збор. Е сега знаеш зошто кога се инсталираа салафистичките структури тамошните резиденти не рекоа остајте не на раат да пиеме коктели? Затоа што се стока исламска што сака да живее во шеријат. И знаеш што е најинтересно? Моментот што има многу сунити на високи функции како и во бизнис кругови итн и обични граѓани сунити кои го поддржуваат. Значи не било тоа работата
https://www.usatoday.com/story/news/world/2013/08/01/syria-sunnis-assad/2599927/
https://www.theguardian.com/commentisfree/2012/jan/17/syrians-support-assad-western-propaganda

особено првиот прочитај го. Е сега јас фино лепо ти одговорив, одговори ми ти мене. Зошто револуцијата е од радикално-сунитски карактер а не од секуларен, демократски? Зошто најголемите сили по квантитет на членови против Асад се сите про-шеријатски? Одговорот на ова и на твоето прашање се исти. Ако не се инатиш, се разбира.

А за последниот параграф. Само давав компаративни примери каде и ти го користиш треба во твоите аргументи, во контекст на замерката дека зборот треба е синоним за фантазии, не ги споредував меѓусебно двата примери и не имплицирав дека нуклеарка е во било кој случај реална опција. Мислев на шала го збориме тоа. :)
Не се разбравме ни тука. Со тоа што го потенцирав зборот треба, мене не ми беше намерата дека не треба :D да го користиш зборот треба, туку дека во случајот треба беше носител и темел на фантастиката.

Или со примери

Немаме леб дома, треба да одам да купам. Валидно.
.
Доцнам, состанокот почнува за 10 минути на 150 километри од тука. Треба да се телепортирам. Невалидно.
 
Последно уредено:
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Многу е просто ако само прекинеш со инаетењето. А не сакаш. Затоа нажалост треба да прејдам на метода на цртање. Дали ти е јасно дека ако не беше Асад, ако не беше Хезболах тогаш Исис или Ал Каеда во една од нивните инкарнации ќе владееа со Алепо, Дамаск и многу можно конфликотот веќе ќе беше префлен во Либан? Благодарејќи на нив и воздушната поддршка од Русија која беше од огромно значење но залудна ако немаш теренски и пешадиски сили џихадистите не само што не се експандираат туку се намалуваат. Значи моето решение-ФУНКЦИОНИРА во најпесимистичка верзија за мене-за сега. Твоето решение лебди низ стратосферата на фантастиката, во најоптимистичка верзија за тебе-за сега. Ја разбираш разликата или не? Уште еднаш, моето решение во најлош случај функцинира за сега, додека твојот во најдобар случај не функционира за сега. Се е подобро од ИСИС и Ал Каеда. Не 14 уште 114 века да се тепаат меѓу себе, уште милион пати ИСИС да згаснува и пак да се појавува како друга форма на сунитски екстремизам е подобро од тоа да победат. Додека не се појави подобра опција за сега изборот е или Асад или ИСИС и Ал Каеда. Каква Сирија сакаш ти?

Не ме интересира Хезболах пред 25+ години затоа што го немаме тој луксуз сега. Ме интересира Хезболах и ситуацијата денес. Ако престанеш со инатењето ќе ми одговориш искрено и реално на следново прашање-Ако силом прилике леташ со авион над Сирија, авионот падне ти рипнеш со падобран и можеш да го управуваш само онолку колку да падне во територија или на Ал Каеда (ИСИС нема ни да го ставам како пример тука затоа што ќе те ставам во многу гадна позиција како да го одбраниш ставот со еквиваленцијата на двата радикални елементи а тоа нема да ми биде интересно, нема жар нема њух, нема fun) или на Хезболах, ти ќе го молиш Алах, Буда, Харе Кришна и Ричард Докинс да биде во територија на Хезболах. Во тој случај ти паѓа аргументот на еквиваленција. Затоа што треба да ти е сеедно. Ама тоа ако не се инатиш. Во случај да се инатиш еве ти неколку слики и репост на видеото од Хезболах:

Јас ставив тас на вагата. Повели еквивалентирај ми го со тас од другата страна, слики вака од девојки незабулени во струкирани маички и видео од христијани или други малцински групи на митинг на Тахрир ал Шам (или од ИСИС ако ти се игра на advance level). После тоа покажи ми црква и синагога во Саудиска Арабија како што јас ти покажав во Иран.

МНОГУ ВАЖНА НАПОМЕНА ОТИ Е МНОГУ МОЖНО ТОА ДА НЕ ГО СФАТИ ДО СЕГА
: Ова апсолутно не значи дека Хезболах е хуманитарна организација и дека се водат по конвенција за човекови права и слободи. Ова е само навраќање на она моето почетно "помалото од двете зла" и твоето тврдење за еквивалентност.

Да се навратиме на твоето прашање односно ова

Ако утре има некаков меѓурелигиски конфликт и на наша територија, колку си сигурен дека твоите опевани борци против радикалниот ислам, нема без никаков проблем да дојдат и тука да убиваат, силуваат и мачат неверници, идентично како и сунитските муџи.

Прво не се мои опевани борци, немој да правиш лоши спинови. Ама ок легитимно е прашањето. Одговорот е-Не сум сигурен. Ама знаеш во што сум сигурен? Дека ако сакам да се прошетам низ Париз, Европа или дури и низ Скопска Чаршија и ако загинам поради терористички напад базиран на ислам 99.99% тоа ќе биде од сунитски карактер. Исто сум сигурен дека моментално сега и веднаш (затоа што и проблемот е сега и веднаш) шиитските сили се единственото реално апликативно инстант (оти и ситуацијата е инстант) решение за сунитскиот вахабизам. Го немам јас луксузот во моментов да мислам дали човекот кој во моментот го млати мојот непријател дека утре ќе се сврти потенцијално и кон мене, дури и ако (исто така легитимно забалежано од твоја страна) тоа го правел пред 25 години. Она што го знам со сигурност е дека ако не е он, непријателот мој со полна сила ќе се сврти кон мене сега во денешниот ден 2017-та година, исто така знам дека кај млатачот подобро се живее (види слики погоре, види Сирија под Асад и Сирија под ИСИС и Ал Каеда, спореди Иран и Саудиска Арабија). Тоа се лупхоле карите на маса, тоа е ситуацијата и тоа е разликата меѓу нас. Ти одиш на моменти шта би било кад би имао џокер у покер, јас ти кажувам кои се опциите во реалноста и сега. Секое градење на вселенски бродови во 24 век и да е изводливо не го решава моменталниот проблем.

Не ме разбираш и после толку постови. Мојата поддршка за шиитите е од прагматична природа а не од идеолшока или било каква друга, читај ме внимателно. Ако јас бев роден пред 79-та секако дека немаше да бидам про-револуцијата на Хомеини и ќе бев за Палави. Ако се согласиме (а и не мора) дека стоката на блискиот исток знае само теократија или (најчесто воена) диктатура јас навивам за ова второто, и секако Иран не е исклучок. Ако се појави сега реална сила која ќе воспостави секуларно владеење, без разлика дали диктаторско, демократско па дури и комунистичко (идеологија која ми е в крај одвратна ама тоа е друга тема) на сметка на сегашнава јас ќе го поддржам тоа. Ама шансите од сегашна перспектива за тоа се што би рекле енглезите slim to none. Нема ништо такво на повидок во Иран, и карите на маса се тие. Картите на маса исто викаат дека појак Иран значи послаба Саудиска Арабија и Ердоганова (намерно го ставам ова ердоганова да не ти текне после да се фатиш за овој момент) Турција. А во Иран не влегол шиит во црква или синагога да се разнесе, или јас не знам за таков случај. Во Саудиска Арабија исто така не, оти нема цркви и синагоги. Еквивалентно нели? Ама затоа во Пакистан...

Ок заклучивме дека Асад не е чарлиев ангел, нешто што воопшто не го тврдев никогаш. И сега пак треба да ти цртам дека политиката не е хуманитарна организација, дека нема морал, дека нема чисти играчи и дека очигледно живееш во заблуда. Ок Асад е лично Мефисто, Маркиз де Сад, Сталин, Нерон во едно. Не еве стварно нека е. Другата опција се Исис и Ал Каеда со сателитите и инкарнациите. Кај сакаш да ти падне падобранот, која Сирија ја претпочиташ, Асадовата, вахабистичката или пак ќе циркулираш со-Ама знаеш ако ставиме бутс он граунд, учители кои ќе викаат-а нееее џихаааааад, џииииш, за 4 генерации и 70-80 години од сега ќе добиеме првокласни норвежани во понашање. Пак ќе кажам многу е просто само треба да не се инатиш, да сфатиш дека картите на маса се тие и дека нема простор и време сега за фантазии. Да, толку е просто.

Он со неговите постапки имаше удел во сето тоа, нема збор. Е сега знаеш зошто кога се инсталираа салафистичките структури тамошните резиденти не рекоа остајте не на раат да пиеме коктели? Затоа што се стока исламска што сака да живее во шеријат. И знаеш што е најинтересно? Моментот што има многу сунити на високи функции како и во бизнис кругови итн и обични граѓани сунити кои го поддржуваат. Значи не било тоа работата
https://www.usatoday.com/story/news/world/2013/08/01/syria-sunnis-assad/2599927/
https://www.theguardian.com/commentisfree/2012/jan/17/syrians-support-assad-western-propaganda

особено првиот прочитај го. Е сега јас фино лепо ти одговорив, одговори ми ти мене. Зошто револуцијата е од радикално-сунитски карактер а не од секуларен, демократски? Зошто најголемите сили по квантитет на членови против Асад се сите про-шеријатски? Одговорот на ова и на твоето прашање се исти. Ако не се инатиш, се разбира.

Не се разбравме ни тука. Со тоа што го потенцирав зборот треба, мене не ми беше намерата дека не треба :D да го користиш зборот треба, туку дека во случајот треба беше носител и темел на фантастиката.

Или со примери

Немаме леб дома, треба да одам да купам. Валидно.
.
Доцнам, состанокот почнува за 10 минути на 150 километри од тука. Треба да се телепортирам. Невалидно.
Лол, добро ај. Не се инаетам, туку не се согласувам со твојата аргументација, мислам дека е неиздржана и полна со дупки, и веќе неколку поста се обидувам да ти објаснам зошто, истото што го правиш и ти со мојата аргументација, што е поентата на вакви теми и на вакви форуми. Не знам дали се перцерпираш себеси дека проповедаш некакво геополитичко евангелие што е неоспорливо, ама ако веруваш дека секој што не се согласува со твојот став се инаети, тогаш или си голем егоцентрик или не разбираш како функционира една нормална рационална дебата. А не сакам да верувам дека си било кое од двете, така да да ги задржиме тие детски трикови за “публиката“ на страна.
И немој жити се да тргаш од некаков intellectual high ground, да црташ работи и слични глупости. Немој, смешни и педерски финти се тоа. На интернет форум сме и двајцата, и моите и твоите ставовите ги има на секое ќоше на интернетот, не пишуваш од некое крило на Пентагон, немаш ексклузивни информации, ни презентираш некаква експертиза на темава, како што знам дека не презентирам и ја. Ти ги разбирам аргументите, сфаќам што сакаш да кажеш, не е толку тешко не е теориска физика, добар дел ги има на секој втори про-руски сајт. Работата е што и двајцата гребеме на површината, не се преставувај дека си ископал дупка од 10 км.

Е сеа, тоа на страна, за да не губиме време во беспотребно повторување на истите аргументи, што е страшно досадно, и за да иде дискусијава некаде, за тоа што сум го одговорил ќе посочам каде сум го одговорил.
Зошто решението не функционира, веќе ги изложив аргументите во последниот параграф од првиот пост, првиот, вториот и последниот параграф од вториот пост и целиот трет пост и нема потреба од повторување. Али мислам дека фактот што се повторуваме за ова прашање е симптом за нешто друго, а тоа е дека гледаме од различна перспектива и тоа ствара забуни. Ќе се вратам на ова подоле.

За делот со падобранот, веќе го одговорив во вториот пост. Цитирам: „Ја се слагам дека моментално, без конкуренција, сунитскиот фундаментализам е далеку поголем проблем“. И не знам зошто пак го покренуваш како прашање. Да, во овој момент од историјата, сунитските групи се поголемо ѓубре, и да, би претпочитал да паднам кај Асад, отколку да паднам кај Исис, иако за мене разликата е помеѓу да видеш ебан и да бидеш ебан и тепан. И не, не паѓа аргументот за еквиваленција и тоа се обидувам да го објаснам три ебани поста наназад. Стварно круцијалниот критериум на кој ќе го базираш тврдењето дека има суштинска разлика помеѓу двете верзии на радикалниот ислам, ќе ти биде начинот на облекување на женскиот дел од популацијата? Еднаквоста ја базирам на, повторувам, историски примери за идентични терористички напади со идентични методи и цели, идентична (од збор до збор) радикална идеологија, идентична подршка на радикални милитантни групи, меѓудругото и на Балканот кои оперираа против слични на мене и тебе луѓе, и идентични примери за брутални убиства на оние кои не се придржуваат на нивната религиозна догма. Ама не, жени во тесни маички немало. Не знам како попластично би го објаснил ова, и ти самиот кажуваш дека ако си коментирал пред 25 години или во времето на Иранската револуција ќе си се согласел со мене. Не можеш да го извадиш денешниот момент од историскиот контекст, не се случувало се претходно во паралелен универзум. Освен ако не докажеш дека има суштинска разлика помеѓу секоја појавна форма на радикалниот ислам, што исклучува компарација помеѓу нив, (што е контрадикторно зошто тогаш не би потпаѓала секоја од нив во категоријата радикален ислам), нема начин како да ти биде конзистентен аргументот, дека не е битно за еквиваленцијата што се случувало претходно.

За различната перспектива. Очигледно тргаме од различна појдовна точка. За мене централен проблем за решавање, е проблемот на радикалниот ислам како целина, за тебе е проблемот на најопасната моменталната негова форма изразена во сунитските вахабистички групи. Иако, не разбирам од денес за утре кратковидост и непланирање, али ок. Да се фокусираме на тоа, зошто (претпоставувам) дека се согласивме да не се согласуваме за решенијата за радикалниот ислам.

Ти го ставиш проблемот во рамката на “непријателот на мојот непријател....“, “го сакаме Сталин зошто се тепаме со Хитлер“. Јас, прво, не се согласувам дека таму му е местото. Работата не е толку итна за такви панични решенија, сунитски терористи не се нов феномен, ги имало и ќе ги има, и неможат да мобилизираат ресурси за сериозно безбедносно да ја загрозат Европа (да направат инвазија или што и да ти е стравот) или да створат функционална држава (калифат). Се виде со Исис кои распукаа по шавови во моментот кога им се обрна внимание. Второ, Иран и Асад не се ни блиску до решавање на проблемот со нив во Сирија и Ирак, за други места да не збориме. Еве во Авганистан моќта пак им расте. Исто не знаеме што ќе се случува со тие територии пост-Исис, што го покренав како прашање и во првиот пост. Многу е веројатно да видиме нови групи или стари преименувани групи. Трето, дури и да има некаква финална победа на Асад и Иран, наивен си ако мислиш дека тоа ќе го реши проблемот со сунитскиот екстремизам. Отиде колата за такво нешто, и најголема причина се таквите кратковидни плукни-залепи решенија. Платениците од милитантните групи еволуираа со глобализираниот свет и технологијата околу нив. Исис се пример за колку брзо се адаптираат, они ти се платеници со иновативен бизнис модел, што пробаа да работат самостојно, без газди. Нема рикверц на таквата состојба, ќе има и следни. Плус, ако не се во Сирија и Ирак, ќе бидат на Балканот, во Кавказ, во бившите советски републики, во С.Африка. Она што пробувам да го потенцирам е дека, од “дај само да ги откачиме овие сега“ решенија со подршка на групи кои стануваат подеднаков проблем down the road, им ствараш пазар и им ја зголемуваш моќта на оние што сакаш да ги решиш како проблем. На крај последицата ќе биде што целото соседство на Западот ќе експлодира, а они уште ќе си тераат со плукни-залепи приодот и ќе си додаваат масло на огнот.

Ова погоре поврзи го и со муабетот за треба. Потенцирав во претходните постови, треба не се однесува на нормативни идеали, Треба се однесува на менталната работа, собирање информации, испитување на постоечките алтернативи и создавање на нови, пред да се одбере оптималниот план за да се постигне целта (да се реши проблемот). И тоа се однесува на светските политичари, не на мене и тебе, а за нив постојат и други алтернативи освен подржување на шиитите. Тое не е темел на фантастика, тоа е суштината на политиката, уствари тоа е суштина на интелигентното однесување, да формулираш цели и планови за остварување на тие цели. Ти си го направил тоа најмалку десет пати од сабајле.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.018
Поени од реакции
24.576
Лол, добро ај. Не се инаетам, туку не се согласувам со твојата аргументација, мислам дека е неиздржана и полна со дупки, и веќе неколку поста се обидувам да ти објаснам зошто, истото што го правиш и ти со мојата аргументација, што е поентата на вакви теми и на вакви форуми. Не знам дали се перцерпираш себеси дека проповедаш некакво геополитичко евангелие што е неоспорливо, ама ако веруваш дека секој што не се согласува со твојот став се инаети, тогаш или си голем егоцентрик или не разбираш како функционира една нормална рационална дебата. А не сакам да верувам дека си било кое од двете, така да да ги задржиме тие детски трикови за “публиката“ на страна.
И немој жити се да тргаш од некаков intellectual high ground, да црташ работи и слични глупости. Немој, смешни и педерски финти се тоа. На интернет форум сме и двајцата, и моите и твоите ставовите ги има на секое ќоше на интернетот, не пишуваш од некое крило на Пентагон, немаш ексклузивни информации, ни презентираш некаква експертиза на темава, како што знам дека не презентирам и ја. Ти ги разбирам аргументите, сфаќам што сакаш да кажеш, не е толку тешко не е теориска физика, добар дел ги има на секој втори про-руски сајт. Работата е што и двајцата гребеме на површината, не се преставувај дека си ископал дупка од 10 км.
Past certain point дебатата не е веќе тоа туку одење со глава у ѕид. Не ти се допадна тонот на претходниот пост? Помогни ми со тоа што нема да ме водиш во насока да комуницирам на тој начин. Нити пропагирам геополитичко евангелие нити настапувам од хај граунд, напротив пишав дека е МНОГУ ПРОСТО. Нит Пентагон нит бутур, нит треба да си политички или било каков генијалец. ПРОСТО Е. Ако е просто, а ти не ми помагаш значи се две опции во прашање: или тераш инат или втората (ја знаеш). Јас како и ти одбирам да верувам во пооптимистичката верзија, затоа што ако не е тоа треба да се преиспитам во моите расудувања и проценки. Ако го доведуваме муабетот до моментот-Тоа е патот, кај што јас ти викам ама ќорсокак е еве види, и ако ти ми одговориш пак-Тоа е патот тука веќе не може да реагирам со истиот метод како порано. Се е по заслуга. Педерски е девојка ти да ја оставиш девојка ти на бензинска на -20 во странска држава. Не е веќе толку педерски девојка ти што те изварала да ја оставиш на бензинска на -20 во странска држава.

Е сеа, тоа на страна, за да не губиме време во беспотребно повторување на истите аргументи, што е страшно досадно, и за да иде дискусијава некаде, за тоа што сум го одговорил ќе посочам каде сум го одговорил.
Зошто решението не функционира, веќе ги изложив аргументите во последниот параграф од првиот пост, првиот, вториот и последниот параграф од вториот пост и целиот трет пост и нема потреба од повторување. Али мислам дека фактот што се повторуваме за ова прашање е симптом за нешто друго, а тоа е дека гледаме од различна перспектива и тоа ствара забуни. Ќе се вратам на ова подоле.
И јас ќе се навратам подоле по n-ти пат.

За делот со падобранот, веќе го одговорив во вториот пост. Цитирам: „Ја се слагам дека моментално, без конкуренција, сунитскиот фундаментализам е далеку поголем проблем“. И не знам зошто пак го покренуваш како прашање. Да, во овој момент од историјата, сунитските групи се поголемо ѓубре, и да, би претпочитал да паднам кај Асад, отколку да паднам кај Исис, иако за мене разликата е помеѓу да видеш ебан и да бидеш ебан и тепан. И не, не паѓа аргументот за еквиваленција и тоа се обидувам да го објаснам три ебани поста наназад.
Основна логика е дека не може и кај Асад е подобро и исто е. Прво одделение. Да, паѓа, и тоа е моментот што не сакаш да го прифатиш или не ти е јасен. Да веруваме дека е првото. Ние живееме во овој момент од историјата не пред 25 години, после 25 години или во паралелен универзум. И патем речено, Асад е барем по мое мислење многу пооцрнуван отколку што заслужува. Иран рецимо more often than not си ги заслужува медиумските и други напади. Пред 25 или после 25 години еквиваленцијата може да постои. Тогаш и јас ќе дојдам и ќе ти кажам е сега веќе има еквиваленција. Ама минатото е завршено а иднината може само да ја нагаѓаме. Ако дискутираме, се ослонуваме на факти кои се присутни во реалноста. За реалноста во 2050-та може само да фантазираме. Фактите, реалноста на теренот денес, сите показатели викаат дека кај Асад е подобро. Минатото е завршено, може ќе се повтори, може не, тогаш реалноста била каква што била а сега веќе не е, тогашната реалност не е реалност сега. Иднината може да ја нагаѓаме и да погодиме или да утнеме. Но во било кој од двата случаи ќе се базираме на ШПЕКУЛАЦИИ, шта би било кад би било и изигравање Сабина врчарката а тоа не е аргумент туку одење со глава во ѕид. И јас не знам како попластично од ова да ти објаснам а да не викаш дека правам финти. Ова не ни треба да го дискутираме ако сакаш разбрана дебата, затоа можам само да ти кажам-Не терај инат.

Стварно круцијалниот критериум на кој ќе го базираш тврдењето дека има суштинска разлика помеѓу двете верзии на радикалниот ислам, ќе ти биде начинот на облекување на женскиот дел од популацијата? Еднаквоста ја базирам на, повторувам, историски примери за идентични терористички напади со идентични методи и цели, идентична (од збор до збор) радикална идеологија, идентична подршка на радикални милитантни групи, меѓудругото и на Балканот кои оперираа против слични на мене и тебе луѓе, и идентични примери за брутални убиства на оние кои не се придржуваат на нивната религиозна догма. Ама не, жени во тесни маички немало. Не знам како попластично би го објаснил ова, и ти самиот кажуваш дека ако си коментирал пред 25 години или во времето на Иранската револуција ќе си се согласел со мене. Не можеш да го извадиш денешниот момент од историскиот контекст, не се случувало се претходно во паралелен универзум. Освен ако не докажеш дека има суштинска разлика помеѓу секоја појавна форма на радикалниот ислам, што исклучува компарација помеѓу нив, (што е контрадикторно зошто тогаш не би потпаѓала секоја од нив во категоријата радикален ислам), нема начин како да ти биде конзистентен аргументот, дека не е битно за еквиваленцијата што се случувало претходно.
Ме тераш да мислам дека сум ти ги преценил способностите и после ќе се љутиш ако реагирам следствено. Пример беше, пример. Ти ставам јаготка на тортата со надеж дека не мора да губам време во опис на цела торта. Место да ти ставам пред и потоа слики од Сирија како што ти стави, мислења на малцински групации, религиозни слободи и куп други линкови јас малце за да заштедам време, малце ради забава, малце да олабавам тензија, малце за да исплакнеме очи, верувајќи дека ќе прочиташ меѓу редови, ќе ја сфатиш пораката и ќе продолжиме понатаму со муабетот, одбирам да земам еден ваков помал а убав пример со надеж дека не мора да го дрвам 50 речници. Замисли ме дека збориме за Сомбор и јас место да ти ја пеам цела песна само ти го цитирам делот-Чак (Негде е и Па) и жене пију вина со надеж дека си разбран а ти ми враќаш со-Сериозно ќе се ослониш на описот на Сомбор со тоа што жените пиеле вино? Оф зошто треба после сево ова да притиснам испрати мислење. Со претходниот дискутант кој фатен во тесно сакаше да изиграва smart ass по секоја цена, не сакав да го правам ова појаснување што го правам сега. Ме тераш да го објаснувам и ова, да бидам буквалист т.е. да цртам, а не ми помагаш, не ми помагаш :(.
Ако почнеме да вадиме историски контексти за се знаеш каде ќе стигнеме? До Биг Бенгот. Ќе сум се согласел со тебе за Иран во 79-та. Ама работите се менуваат, еволуираат, девалвираат или остануваат статус кво. Ете на пример МЕЃУ ДРУГОТО помеѓу поддржувачите на Хезболах има и христијани и дечки кои сметаат дека е ок женски по тесни маички да се појават на митинг, како и девојки кои сакаат и можат да ги носат истите маички. (Се надевам дека не мора да се осврнувам на ова со маичките уште еднаш и дека појаснувањево е доволно).

За различната перспектива. Очигледно тргаме од различна појдовна точка. За мене централен проблем за решавање, е проблемот на радикалниот ислам како целина, за тебе е проблемот на најопасната моменталната негова форма изразена во сунитските вахабистички групи. Иако, не разбирам од денес за утре кратковидост и непланирање, али ок. Да се фокусираме на тоа, зошто (претпоставувам) дека се согласивме да не се согласуваме за решенијата за радикалниот ислам.
Да, ти тргаш од перспектива што ти мислиш дека треба да се направи за да се реши радикалниот проблем како целина, а јас од перспектива на картите на маса без нереални амбиции. Ти сакаш перманентно решение на проблемот чија што апликација во најдобар случај е неостварлива за сега, јас ти кажувам дека апликативно перманентно решение нема и дека во недостаток на тие адути и орудија во реалноста најдобро решение се шиитски сили што во најлоша верзија за мене функционира за сега.

Ти го ставиш проблемот во рамката на “непријателот на мојот непријател....“, “го сакаме Сталин зошто се тепаме со Хитлер“. Јас, прво, не се согласувам дека таму му е местото. Работата не е толку итна за такви панични решенија, сунитски терористи не се нов феномен, ги имало и ќе ги има, и неможат да мобилизираат ресурси за сериозно безбедносно да ја загрозат Европа (да направат инвазија или што и да ти е стравот) или да створат функционална држава (калифат). Се виде со Исис кои распукаа по шавови во моментот кога им се обрна внимание.
Никогаш како порано не се рокале терористи во Париз а не па во Истанбул. Во даден момент ИСИС контролираше територија колку Британија што е над 200 000 километри квадратни, а ако на тоа ги додадеме и териториите на Ал Каеда и сателитите и многу поголема.
http://www.telegraph.co.uk/news/worldnews/middleeast/iraq/11073593/Islamic-State-controls-area-the-size-of-Britain-US-warns.html
Косово, во комшии што ние на 15 километри од Скопје има најмногу борци во ИСИС пер капита од сите европски земји
https://www.nytimes.com/2016/05/22/world/europe/how-the-saudis-turned-kosovo-into-fertile-ground-for-isis.html?_r=0
Во Македонија се градат сумљиви џамии со вахабистчка архитектура и обележја од турски и арапски пари, во ИВЗ радикалните структури со години земаат замав и држат некои точки меѓу кои и Јаја Паша, Тутунсуз џамија, се повеќе Албанци се шетаат во 3/4 панталони со бради без мустаќи (на ова претходникот твој ќе речеше дека може таков им е стилот, не можеме со сигурност да тврдиме без научна студија), нешто што го немаше претходно. Ситуацијата е доста сериозна.
Ако мислиш дека не е затоа што куцаш на твојот лап-топ негде во Источна Македонија, Исланд, Аргентина или Владивосток пробај тоа да им го објасниш на асиријците, језидите и христијаните од Ирак до Либан. Не, не, еве полесно, пробај објасни му го тоа на либерален Турчин од Едрене. Ова беше прв обид за калифат во модерната историја, во даден момент Багдад (градот) се спремаше за инвазија. И во 1993-та беше прв обид за рушење на кулите близначки. Имаше и филм за тоа се вика Path to paradise од (забележи ја добро годината) 1997-ма.

Крајот на филмот кој е воедно и последна реченица од истиот

Второ, Иран и Асад не се ни блиску до решавање на проблемот со нив во Сирија и Ирак, за други места да не збориме. Еве во Авганистан моќта пак им расте. Исто не знаеме што ќе се случува со тие територии пост-Исис, што го покренав како прашање и во првиот пост. Многу е веројатно да видиме нови групи или стари преименувани групи.
Јас Исис и остали ги сфаќам како рак. Иран и Асад ја запреа метастазата еве пак ќе го потенцирам тоа во најлош случај за мене- за сега. Не можеш на пациент да му кажеш-Слушај, не знаеме што ќе се случи после хемотерапијата, од самата терапија ти паѓа косата а може и да те убие самата терапија, а може ракот пак ќе ти се врати. Во отсуство на друго мора хемотерапија, мора мотиката. Или тоа, или Исис победува. Едноставно.

Трето, дури и да има некаква финална победа на Асад и Иран, наивен си ако мислиш дека тоа ќе го реши проблемот со сунитскиот екстремизам. Отиде колата за такво нешто, и најголема причина се таквите кратковидни плукни-залепи решенија. Платениците од милитантните групи еволуираа со глобализираниот свет и технологијата околу нив. Исис се пример за колку брзо се адаптираат, они ти се платеници со иновативен бизнис модел, што пробаа да работат самостојно, без газди. Нема рикверц на таквата состојба, ќе има и следни. Плус, ако не се во Сирија и Ирак, ќе бидат на Балканот, во Кавказ, во бившите советски републики, во С.Африка. Она што пробувам да го потенцирам е дека, од “дај само да ги откачиме овие сега“ решенија со подршка на групи кои стануваат подеднаков проблем down the road, им ствараш пазар и им ја зголемуваш моќта на оние што сакаш да ги решиш како проблем. На крај последицата ќе биде што целото соседство на Западот ќе експлодира, а они уште ќе си тераат со плукни-залепи приодот и ќе си додаваат масло на огнот.
Наивен си ти ако мислиш дека со сегашната состојба на човештвото (ќе се осврнам на ова во последниот параграф под последниот твој што ќе го цитирам) има перманентно решение за сунитскиот екстремизам. Пак ќе кажам-Нека има следни. И тој што ставал стапици за глувци му викале-Ќе има и следни. И што значи тоа, да не става веќе стапици, затоа што ќе има и следни? Башка, пак ќе се навратам на тоа-Што му фалеше на Египет под Мубарак, Либија под Гадафи, Сирија под Асад? Еве Мубарак да го земеме оти кај Асад уште полиберално беше, 30 години туристи полно, Хургада, Шарм ел Шеик полно, 2-3 пати годишно ќе се се дигнеше некој во Гиза, ќе имаше и по некој турист мртов. Жално е, да, ама that's the best we (не ние лично) can do, the best we got тоа е во суровата реалност максимумот што може да се извлече кога ќе ги ставиме сите алатки на маса. Во останатите денови друго си беше мирно, ќелии се полнеа со муслимански браќа, коптите помирно живеаа. Не можеме од таква стока да направиме Норвешка, или барем не без децении на да поминат и тоа под услов некој со реална политичка моќ АКО сака да се заангажира.
Не се решава сунитскиот екстремизам во наш животен век лупхоле. Ако се реши, јас те частам тебе кафана, јадење, пиење до посерување, на драго срце. Ако не ти ме частиш во Валхала истото. Фер дил?

Ова погоре поврзи го и со муабетот за треба. Потенцирав во претходните постови, треба не се однесува на нормативни идеали, Треба се однесува на менталната работа, собирање информации, испитување на постоечките алтернативи и создавање на нови, пред да се одбере оптималниот план за да се постигне целта (да се реши проблемот). И тоа се однесува на светските политичари, не на мене и тебе, а за нив постојат и други алтернативи освен подржување на шиитите. Тое не е темел на фантастика, тоа е суштината на политиката, уствари тоа е суштина на интелигентното однесување, да формулираш цели и планови за остварување на тие цели. Ти си го направил тоа најмалку десет пати од сабајле.
Ме стопи последниов параграф. Фалеше уште само песнава да ја ставиш
Ок, ај да не бидам трејдмарк циничен за момент. Ценам тоа што појдовната подлога ти е со хуманистичка вредност, стварно. Ама што би рекол мојот омилен филмски јунак-Well, ladies and gentlemen, we're not here to indulge in fantasy, but in political and economic reality. Ти ги изнесе твоите треби, јас сега ќе ги изнесам моите.
Треба ли Локхид и Мартин да направат профит? Треба ли сенатори да земаат некоја провизија од тоа? Треба ли гувернери да не ги боли кур за бомбардирањата во Јемен дур го пијат својот коктел на Бора Бора? Треба ли Саудиска Арабија да го шири своето влијание низ исламскиот свет? Како треба тоа да го прави? Преку ширење на идеја за заеднички идентитет. Кој и се алатките за заеднички идентитет? Арабизам и сунитски ислам. Треба ли нафтата да тече до Кина и Индија? Треба ли некоја си како Париз Хилтон да стави менѓуша на пичката со дијамант копан од робови во Сиера Леоне? Е како бе Лупхол да има Ердоган палата од милјарда евра ако се реши сунитскиот екстремизам? На крај се се сведува на тоа. Се дур има ќар од проблемот нема да има решение. Тие Мигови 29 што ќе се изложат сега на саем за оружје во Перу нема сами да се продадат. На тебе 1 ќе има 1000000 што би прифатиле кеш пред секаков морален принцип. 400000 и кусур илјади гласаа за паторот и после сите срања што ги слушнавме затоа што не ги боли курот за повеќе од пари. Тоа е човештвото, тоа е РЕАЛНОСТА. Изгледај ја The Wire. Во серијата имаше еден тип како тебе што сакаше да стане градионачалник на Балтимор, од чисти причини, да помогне на градот. Изгледај ја и ќе сфатиш зошто не треба со политика да се бавиш, да сфатиш како реалната политика функционира. Ако веќе сакаш да не ја гребеме површината. А може во еден од следните постови ќе се послужам и јас со фантазијата, иако не ми е воопшто сјајна страна, како јас го гледам арапскиот полуостров во утопистичка верзија.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Past certain point дебатата не е веќе тоа туку одење со глава у ѕид. Не ти се допадна тонот на претходниот пост? Помогни ми со тоа што нема да ме водиш во насока да комуницирам на тој начин. Нити пропагирам геополитичко евангелие нити настапувам од хај граунд, напротив пишав дека е МНОГУ ПРОСТО. Нит Пентагон нит бутур, нит треба да си политички или било каков генијалец. ПРОСТО Е. Ако е просто, а ти не ми помагаш значи се две опции во прашање: или тераш инат или втората (ја знаеш). Јас како и ти одбирам да верувам во пооптимистичката верзија, затоа што ако не е тоа треба да се преиспитам во моите расудувања и проценки. Ако го доведуваме муабетот до моментот-Тоа е патот, кај што јас ти викам ама ќорсокак е еве види, и ако ти ми одговориш пак-Тоа е патот тука веќе не може да реагирам со истиот метод како порано. Се е по заслуга. Педерски е девојка ти да ја оставиш девојка ти на бензинска на -20 во странска држава. Не е веќе толку педерски девојка ти што те изварала да ја оставиш на бензинска на -20 во странска држава.

И јас ќе се навратам подоле по n-ти пат.

Основна логика е дека не може и кај Асад е подобро и исто е. Прво одделение. Да, паѓа, и тоа е моментот што не сакаш да го прифатиш или не ти е јасен. Да веруваме дека е првото. Ние живееме во овој момент од историјата не пред 25 години, после 25 години или во паралелен универзум. И патем речено, Асад е барем по мое мислење многу пооцрнуван отколку што заслужува. Иран рецимо more often than not си ги заслужува медиумските и други напади. Пред 25 или после 25 години еквиваленцијата може да постои. Тогаш и јас ќе дојдам и ќе ти кажам е сега веќе има еквиваленција. Ама минатото е завршено а иднината може само да ја нагаѓаме. Ако дискутираме, се ослонуваме на факти кои се присутни во реалноста. За реалноста во 2050-та може само да фантазираме. Фактите, реалноста на теренот денес, сите показатели викаат дека кај Асад е подобро. Минатото е завршено, може ќе се повтори, може не, тогаш реалноста била каква што била а сега веќе не е, тогашната реалност не е реалност сега. Иднината може да ја нагаѓаме и да погодиме или да утнеме. Но во било кој од двата случаи ќе се базираме на ШПЕКУЛАЦИИ, шта би било кад би било и изигравање Сабина врчарката а тоа не е аргумент туку одење со глава во ѕид. И јас не знам како попластично од ова да ти објаснам а да не викаш дека правам финти. Ова не ни треба да го дискутираме ако сакаш разбрана дебата, затоа можам само да ти кажам-Не терај инат.

Ме тераш да мислам дека сум ти ги преценил способностите и после ќе се љутиш ако реагирам следствено. Пример беше, пример. Ти ставам јаготка на тортата со надеж дека не мора да губам време во опис на цела торта. Место да ти ставам пред и потоа слики од Сирија како што ти стави, мислења на малцински групации, религиозни слободи и куп други линкови јас малце за да заштедам време, малце ради забава, малце да олабавам тензија, малце за да исплакнеме очи, верувајќи дека ќе прочиташ меѓу редови, ќе ја сфатиш пораката и ќе продолжиме понатаму со муабетот, одбирам да земам еден ваков помал а убав пример со надеж дека не мора да го дрвам 50 речници. Замисли ме дека збориме за Сомбор и јас место да ти ја пеам цела песна само ти го цитирам делот-Чак (Негде е и Па) и жене пију вина со надеж дека си разбран а ти ми враќаш со-Сериозно ќе се ослониш на описот на Сомбор со тоа што жените пиеле вино? Оф зошто треба после сево ова да притиснам испрати мислење. Со претходниот дискутант кој фатен во тесно сакаше да изиграва smart ass по секоја цена, не сакав да го правам ова појаснување што го правам сега. Ме тераш да го објаснувам и ова, да бидам буквалист т.е. да цртам, а не ми помагаш, не ми помагаш :(.
Ако почнеме да вадиме историски контексти за се знаеш каде ќе стигнеме? До Биг Бенгот. Ќе сум се согласел со тебе за Иран во 79-та. Ама работите се менуваат, еволуираат, девалвираат или остануваат статус кво. Ете на пример МЕЃУ ДРУГОТО помеѓу поддржувачите на Хезболах има и христијани и дечки кои сметаат дека е ок женски по тесни маички да се појават на митинг, како и девојки кои сакаат и можат да ги носат истите маички. (Се надевам дека не мора да се осврнувам на ова со маичките уште еднаш и дека појаснувањево е доволно).

Да, ти тргаш од перспектива што ти мислиш дека треба да се направи за да се реши радикалниот проблем како целина, а јас од перспектива на картите на маса без нереални амбиции. Ти сакаш перманентно решение на проблемот чија што апликација во најдобар случај е неостварлива за сега, јас ти кажувам дека апликативно перманентно решение нема и дека во недостаток на тие адути и орудија во реалноста најдобро решение се шиитски сили што во најлоша верзија за мене функционира за сега.

Никогаш како порано не се рокале терористи во Париз а не па во Истанбул. Во даден момент ИСИС контролираше територија колку Британија што е над 200 000 километри квадратни, а ако на тоа ги додадеме и териториите на Ал Каеда и сателитите и многу поголема.
http://www.telegraph.co.uk/news/worldnews/middleeast/iraq/11073593/Islamic-State-controls-area-the-size-of-Britain-US-warns.html
Косово, во комшии што ние на 15 километри од Скопје има најмногу борци во ИСИС пер капита од сите европски земји
https://www.nytimes.com/2016/05/22/world/europe/how-the-saudis-turned-kosovo-into-fertile-ground-for-isis.html?_r=0
Во Македонија се градат сумљиви џамии со вахабистчка архитектура и обележја од турски и арапски пари, во ИВЗ радикалните структури со години земаат замав и држат некои точки меѓу кои и Јаја Паша, Тутунсуз џамија, се повеќе Албанци се шетаат во 3/4 панталони со бради без мустаќи (на ова претходникот твој ќе речеше дека може таков им е стилот, не можеме со сигурност да тврдиме без научна студија), нешто што го немаше претходно. Ситуацијата е доста сериозна.
Ако мислиш дека не е затоа што куцаш на твојот лап-топ негде во Источна Македонија, Исланд, Аргентина или Владивосток пробај тоа да им го објасниш на асиријците, језидите и христијаните од Ирак до Либан. Не, не, еве полесно, пробај објасни му го тоа на либерален Турчин од Едрене. Ова беше прв обид за калифат во модерната историја, во даден момент Багдад (градот) се спремаше за инвазија. И во 1993-та беше прв обид за рушење на кулите близначки. Имаше и филм за тоа се вика Path to paradise од (забележи ја добро годината) 1997-ма.

Крајот на филмот кој е воедно и последна реченица од истиот

Јас Исис и остали ги сфаќам како рак. Иран и Асад ја запреа метастазата еве пак ќе го потенцирам тоа во најлош случај за мене- за сега. Не можеш на пациент да му кажеш-Слушај, не знаеме што ќе се случи после хемотерапијата, од самата терапија ти паѓа косата а може и да те убие самата терапија, а може ракот пак ќе ти се врати. Во отсуство на друго мора хемотерапија, мора мотиката. Или тоа, или Исис победува. Едноставно.

Наивен си ти ако мислиш дека со сегашната состојба на човештвото (ќе се осврнам на ова во последниот параграф под последниот твој што ќе го цитирам) има перманентно решение за сунитскиот екстремизам. Пак ќе кажам-Нека има следни. И тој што ставал стапици за глувци му викале-Ќе има и следни. И што значи тоа, да не става веќе стапици, затоа што ќе има и следни? Башка, пак ќе се навратам на тоа-Што му фалеше на Египет под Мубарак, Либија под Гадафи, Сирија под Асад? Еве Мубарак да го земеме оти кај Асад уште полиберално беше, 30 години туристи полно, Хургада, Шарм ел Шеик полно, 2-3 пати годишно ќе се се дигнеше некој во Гиза, ќе имаше и по некој турист мртов. Жално е, да, ама that's the best we (не ние лично) can do, the best we got тоа е во суровата реалност максимумот што може да се извлече кога ќе ги ставиме сите алатки на маса. Во останатите денови друго си беше мирно, ќелии се полнеа со муслимански браќа, коптите помирно живеаа. Не можеме од таква стока да направиме Норвешка, или барем не без децении на да поминат и тоа под услов некој со реална политичка моќ АКО сака да се заангажира.
Не се решава сунитскиот екстремизам во наш животен век лупхоле. Ако се реши, јас те частам тебе кафана, јадење, пиење до посерување, на драго срце. Ако не ти ме частиш во Валхала истото. Фер дил?

Ме стопи последниов параграф. Фалеше уште само песнава да ја ставиш
Ок, ај да не бидам трејдмарк циничен за момент. Ценам тоа што појдовната подлога ти е со хуманистичка вредност, стварно. Ама што би рекол мојот омилен филмски јунак-Well, ladies and gentlemen, we're not here to indulge in fantasy, but in political and economic reality. Ти ги изнесе твоите треби, јас сега ќе ги изнесам моите.
Треба ли Локхид и Мартин да направат профит? Треба ли сенатори да земаат некоја провизија од тоа? Треба ли гувернери да не ги боли кур за бомбардирањата во Јемен дур го пијат својот коктел на Бора Бора? Треба ли Саудиска Арабија да го шири своето влијание низ исламскиот свет? Како треба тоа да го прави? Преку ширење на идеја за заеднички идентитет. Кој и се алатките за заеднички идентитет? Арабизам и сунитски ислам. Треба ли нафтата да тече до Кина и Индија? Треба ли некоја си како Париз Хилтон да стави менѓуша на пичката со дијамант копан од робови во Сиера Леоне? Е како бе Лупхол да има Ердоган палата од милјарда евра ако се реши сунитскиот екстремизам? На крај се се сведува на тоа. Се дур има ќар од проблемот нема да има решение. Тие Мигови 29 што ќе се изложат сега на саем за оружје во Перу нема сами да се продадат. На тебе 1 ќе има 1000000 што би прифатиле кеш пред секаков морален принцип. 400000 и кусур илјади гласаа за паторот и после сите срања што ги слушнавме затоа што не ги боли курот за повеќе од пари. Тоа е човештвото, тоа е РЕАЛНОСТА. Изгледај ја The Wire. Во серијата имаше еден тип како тебе што сакаше да стане градионачалник на Балтимор, од чисти причини, да помогне на градот. Изгледај ја и ќе сфатиш зошто не треба со политика да се бавиш, да сфатиш како реалната политика функционира. Ако веќе сакаш да не ја гребеме површината. А може во еден од следните постови ќе се послужам и јас со фантазијата, иако не ми е воопшто сјајна страна, како јас го гледам арапскиот полуостров во утопистичка верзија.
Ајде доста е до тука, кажавме што имаме и двајцата и, да, past овој point дебатата е идење со глава во ѕид. Не ми е многу гајле за тонот или на кој начин ќе се изразува соговорникот, зошто ми е тешко да се навредам преку пораки на интернет од луѓе што не ги знам, гајле ми е дебатата да е продуктивна и да има некаква поента. А оваа веќе преминува на срамежливи ад хоминеми и мерење на пениси, што во следните неколку поста ќе резултира само со заедничко губење на време во back and forth исти аргументи со по некоја интересна референца, односно непродуктивна дебата. Плус, генерално, не сакам да се карам со луѓе што ја поштуваат The Wire.

Нека остане дека јас се инаетам, па може за некоја година ќе имаме можност пак да го правиме муабетот со нови информации.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Интересно е како се обвистинија предвидувањата и предупредувањата на руските стручњаци дека американците ја користат наводната воена вежба во Јордан за да инфилтрираат голем број на "умерени" сунитски платеници и воена техника во Сирија долж подрачјето покрај јорданската и ирачката граница.
Откако овие американски прокси бунтовници ја зазедоа оваа пустинска област околу граничниот премин Ал-Танаф, сириската армија се почувствува малку растоварена од притисокот којшто ИСИС и вахабитстите во Дамаск им го создаваа претходно, па тргна да го ослободува патот до ирачката граница со цел да остварат директен контакт со ирачките сили и нивните шиитски милиции.

Американците уште еднаш тешко прекршувајќи го меѓународното право извршија бомбардирање на силите кои доста успешно ги растеруваат нивните "проверени сојузници во борбата против ИСИС", потоа правдајќи се дека нападот бил насочен единствено кон единиците на Хезболах.
Мислам дека сириските армиски сили нема да се откажат од оваа цел, а останува да се види како ќе се однесуваат американските платеници во овој регион.

Syria-Jordan.png
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.299
Поени од реакции
1.806
Офанзивата на Сириската армија оди одлично.
За две недели ослободија од ИСИС околу 3-4 илјади квадратни километри

Во област Алепо се движат накај Табка, коешто е и еден од патиштата за Рака, кој ќе ја ослободи, ќе видиме, САД многу сака курдите да се "ослободителите",
област Палмира, досега беше некаков пробив или широк клин на сириската армија, веќе е нормален фронт, уште повеќе дел од умерените во Дума станаа енклава.
Фронтот е разбиен, ИСИС се деморализирани и пред капитулација, нешто од типот "дорога за берлин"
ИСИС пробуваат да направат нешто, заедно со господарите, еве едно убаво видео како заврши помошта на ИСИС од РАКА за засилување на фронтот во Палмира, ликвидиран конвој од 200-300 терористи, шекер да им е!

https://www.youtube.com/watch?v=vXN9OE1euLY
 
Америка, Израел, Западот и Саудијците веќе немаат избор освен отворено да играат прљаво против Асад.
Со пропаста на ИСИС и неспособноста на "борците за слобода" јасно е дека не им успеа планот преку "умерено" ретардираните бунтовници да го соборат Асад, и да воспостават целосна контрола врз оваа територија на таков начин.
Не само тоа, туку армијата потпомогната од своите сојузници (и договорот постигнат со учество на Турција, Иран и Русија) има големи шанси да ги реализира првично зацртаните цели и да го завземе поголемиот дел до десниот брег на Еуфрат.

Затоа сега англо-саксонско-јудејската Империја ја менува играта. Ќе го држат Асад во "карантин", па барем да биде нерешено.
При наводната вежба во Јордан кога внесоа техника и војска на сириска територија почнаа со реализирање на планот да не му се дозволи на Асад излез до границата со Ирак со коешто како прво би можел непречено да добива помош од шиитските милиции, а како второ би можел еднаш засекогаш да ја елиминира опасноста од повторно навлегување на терористи преку соседните земји.
Офанзивата за завземање на граничниот премин Ал-Танаф запре поради директната вмешаност на западните сили во нападите против силите на сириската армија.

Бунтовниците од Јужниот Фронт добиваат поддршка преку Израел и Јордан. Од јорданската граница со Ирак до Еуфрат областа ќе се контролира од коалицијата предводена од САД. Понатаму се Курдите, исто со американски сили на терен. И на северозапад се бунтовниците поддржани од Турција.

За армиските сили ќе биде извонредно тешко после елиминирањето на ИСИС да повратат контрола врз граничната линија. И колку и територија да ослободи армијата во внатрешноста, без контрола на границата може одново и одново во секој момент терористите да направат инвазија и да бидат одлично логистички поддржани во позадина.

18765455_1315203211862610_1043845997_o.jpg
 
Последно уредено:

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.018
Поени од реакции
24.576
Операцијата за освојување на Рака е започната од курдите+САД како позадинска поддршка. Градот е опколен и напднат од исток, запад и север. Единствениот начин на повлекување на ИСИС од градот е јужно преку Еуфрат, каде што копнено има само 2 моста, не знам во каква состојба се беа бомбардирани ама ако се проодни и да сум јас Асад би ги дигнал и двата во воздух, па чим веќе негови сили нема да го освојат барем да не се трупаат во териториите што тој треба да ги освојува. Очајнички, ИСИС притиска кон Деир ез Зор а секој ден се повеќе губи територија од сиријската армија од 3 страни, Маскана е освоена без борба и силите на Асад напредуваат према југ, втора страна источно од Саламија и трето источно (а и северно и јужно) од Палмира. Целта е да се подигне опсадата на Деир ез Зор, град кој го надмина временски Ленинград во опсада и каде што командува еден од најбитните воени лица во Сирија заедно со Сухаил Ал Хасан
https://en.wikipedia.org/wiki/Issam_Zahreddine
Поголема пречка на тој пат ќе му биде Сукна, битна стратешка делница каде што се делат 2 крака, едниот према Рака, а вториот према Деир ез Зор.
Јужно америчката војска втор пат оваа недела а трет пат во тој регион за месец дена ги бомбардира сиријските сили кои се обидуваат да го освојат Ал Танаф граничниот премин на автопатот Дамаск-Багдад. САД по секоја цена со копнени сили од такозваната ФСА не се повлекува од таму, спојувањето на ирачките и сиријските шиити копнено е моментално голем кошмар на американците. На потег се Русија и Иран, сега а и во претстојните денови барем мене лично тој фронт ми е најитересен.
На другите фронтови Дараа е интензивно бомбардирана воздушно во очекување на копнен напад, до сега сите копнени офанзиви да се освои градот од Асад беа неуспешни. Освојувањето на Дараа е геостратешки битно од 2 аспекта: ќе се подели стоката на два џеба источно и западно од Дараа, а и со падот на Дараа паѓаат автоматски и два многу битни копнени премини си Јордан кои се на неколку километри од Дараа, со што ќе им се отежни логистичката врска со Јордан на стоката. Во источна Гута и во Идлиб различните џихадистички фракции се тепаат меѓу себе во северна Хама и Алепо е релативно мирно без посебни ескалации.
Догворот во Астана меѓу Турција, Иран и Русија за воспоставување на 4 мировни зони му купува време на Асад да се фокусира на ИСИС во трката со курдите. Турција е задолжена џихадистите да не аздисуваат многу-многу. Има шпекулации дела Јамрук кампот кој моментално е поделен меѓу ИСИС и Тахрир ал Шам ќе биде евакуиран во договор со властите како и Хараста од страна на Ахрар ал Шам ама тоа останува да видиме.
За брзо време очекувам среќавање на силите на Асад со Курдите пред Табка, сега има некое ситно кошкање како што се намалува тампон зоната од 20 километри меѓу нив. Исто така очекувам да се освои скоро патот од Итриа до нешто пред Табка со што ИСИС во источните делови од провинциите Хама и Хомс ќе биде притеснет од 3 страни, Источно од Саламија, северно од Итриа и јужно од Палмира. Теренот е ридест и комплициран, со оглед на кој брзина ќе напредува Асад ќе се оцени до колку стварно се слаби Исис.
Ирачките сили ги делкаат Исис вдолж границата со Сирија од север кон југ. Мосул е прашање на ден кога ќе биде освоен. Тал Афар е засега оставен како приоритет, бидејќи е опколен без шанси за сериозни изненадувања, а побитен е граничиот премин Абу Камал-Ал Каим. Колапсот на Исис е неминовен битна е само трката со курдите и донекаде со јорданско-америнаксите куртони во делба на колачот како и шиитското спојување на двете армии. Колку што теренот на Исис ќе станува помал, толку поголеми шанси ќе има за кошкање на релација курди-ирачки шиити и курди-асад, затоа што ќе се пресретнуваат на повеќе точки, но можно и меѓу самите фракции на курдите. Дали ќе ескалира таа тензија за мене е можеби финалното прашање во целиот овој конфликт, прашање што и на почетокот го поставив.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.431
Поени од реакции
17.779
Убиен Лавдрим Мухаџери, „Касапот од Качаник“

Во бомбардирањата во Мосул е убиен Лавдрим Мухаџери познат и како Абу Абдулах ал-Косова, водачот на албанските џихадисти во Сирија и Ирак.

Дваесет и деветгодишниот Мухаџери, по потекло од Качаник, и Билал Хаќифи, исто така од Косово, биле убиени во полноќни бомбардирања на седми јуни од страна на америкаските авиони, јави Tirana Observer.

Во изминатиот период повеќепати излегуваа информации дека Мухаџери е убиен, но тој повторно се појавуваше. Сегашната вест за смртта на „Касапот од Качаник“ ја потврдило и неговото семејство во Качаник за електронското издание на приштински Express.

Косовската полиција потврди дека има информации за убиен Косовец, но нема потврда дека тоа е Мухаџери. Пред да замине во редовите на Исламската држава тој работел во американската база Бондстил во Косово.
https://kajgana.com/ubien-lavdrim-muhadzheri-kasapot-od-kachanik
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.657
Поени од реакции
42.208
Temava e tl dr, pisuvanje referati od po 1000 zbora za nesto sto moze da se opise vo 3 recenici.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.299
Поени од реакции
1.806
Русија објави крај на граѓанската војна во Сирија, не дека е сосема точно но повеќе од месец во тие 5-6 енклави на умерените немало проблеми. Останува борбата на Асад и сојузниците против ИСИС.
Денеска за прв пат после неколку години е ослободена границата со Ирак, за сега е само преку пустината, но со тоа ги заградија новите американски опозиционери да си седат во Ат Танаф, нема накаде да "ослободуваат" повеќе.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Мал интерен апдејт на темава.. :)))

Муриканците се видно разочарни од неспособноста да ја наложат својата верзија на "демократија" во Сирија преку позерите од таканаречените умерена опозиција и нивните сојузници од Ал-Каеда.
Сириската армија повторно, за првпат после околу 3 години, има контрола не само над териториите кадешто живее мнозинството од сириското население (околу 70%) туку сега и воопшто над најголем процент од територијата споредено со останатите прокси бунтовнички армии спознорирани и финансирани од Западот, Израел и заливските религиозно-фашистички монархии.

naselenie3435.jpg

terr424.jpg

Откако сириската армија и руските воени советниците во нивните редови направија еден маестрален маневар за затворање на американците во регионот околу нелегалната база на сириска територија, која требаше да послужи како појдовна точка со цел да се оневозможи директен контакт меѓу силите на Асад и сојузничките шиитски милиции и власти во Ирак, САД сега префрлаат прокси бунтовнички курдски одреди на овој дел од пустината којшто се наоѓа околу тромеѓето Сирија-Ирак-Јордан.

kjkjks.jpg

Во меѓувреме силите на Асад, не вознемирувани посериозно од терористичките формации на северниот фронт кои се под контрола на Турција и кои беа прогласени за демилитаризирани зони, се концентирани единствено на борбата против ИСИС. Засега главната цел на војската е да се пробие до градот Де(ј)р ез Зор кадешто околу 100-200 000 цивили веќе седум години живеат под опсада на ретардираните издркотини од ИСИС. Остануваат 120 км од Ресафа и околу 140 преку Палмира до Деир ез Зор.

derezzor.jpg
Но, Американците се веќе во паника бидејќи во меѓувреме армијата е се поблиску до Рака, а таму борбата против ИСИС оди со забавено темпо, па така многу веројатно е дека еден од сириските армиски авиони бил погоден и срушен од страна на авиони на коалицијата предводена од Империјата. Ова се повеќе ја вжештува атмосферата и е добар показател како ќе се движи конфликтот после целосниот крах на ИСИС, а тоа е отворена конфронтација од една страна меѓу Западната Империја (тука влегува и Израел) заедно со богатите и смрдливи саудиски теократи и Асад/Иран и Русија позади нив од друга страна.
Во овај "танц на лудоста", Турција и Курдите во Ирак и Сирија ќе се обидат да си извојуваат подобри позиции лавирајќи согласно сопствените интереси помеѓу едните и другите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom