Конфликтот во Сирија

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Тоа е сценарио кое не води директно во нова светска војна. Такви случувања нема да останат ограничени само на Блискиот Исток, туку неминовно ќе го зафатат и Балканот, Кавказот, Северна Африка и Средна Азија. Нема Турција капацитет за такво нешто.
Ако делува како Ататуркова Турција, тогаш нема. Но ако делува како војска на Калифатот, тогаш ите како има. И Балканот и Кавказот и северна Африка и Средна Азија имаат одлична логистика за калифатот.

Сирија беше добар терен за подготовка и спремање на искусни борци на џихадистичката интернационала од сите овие региони што ги набројавме, па и од Русија и Европа. Кога ќе заврши Сирија сите тие ќе се вратат во своите држави подготвувајќи терен и обука на нови борци (повеќето се веќе вратени). Турција е една од државите кои пружаа помош на џихадистите како држава. И финансиски и логистички, па сега дури и воено.

Многу грешиш ако мислиш дека Исламската држава се хорда неорганизирани, неписмени луѓе кои не знаат што прават. Тие се многу добро организирани и секој чекор им е предвиден и што е најважно имаат средства и оружје. Дури и бруталностите што ги користат им се планирани и нивното емитување по социјалните мрежи. Во никој случај не смеат да се подценуваат и не смее да се мисли дека со Сирија сме завршиле со нив.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.431
Поени од реакции
17.778

Напротив. Дури и самиот имам пишувано за начинот на организацијата на Исламската држава, чија основа ја чинат бившите Садамови офицери и таа синергија на баатизмот и исламизмот иако вака идеолошки на прв поглед се чини дека се спротивставени - кои се носители на нивната идеолошка матрица. Имаше и многу стручни анализи за организацијата и делувањето на ИД кои баш го поткрепуваат тоа дека таа е се, само не неорганизирана банда неписмени козојеби кои не знаат што прават гинејќи слепо во името на Бог.

Ако делува како Ататуркова Турција, тогаш нема. Но ако делува како војска на Калифатот, тогаш ите како има. И Балканот и Кавказот и северна Африка и Средна Азија имаат одлична логистика за калифатот.

Сирија беше добар терен за подготовка и спремање на искусни борци на џихадистичката интернационала од сите овие региони што ги набројавме, па и од Русија и Европа. Кога ќе заврши Сирија сите тие ќе се вратат во своите држави подготвувајќи терен и обука на нови борци (повеќето се веќе вратени). Турција е една од државите кои пружаа помош на џихадистите како држава. И финансиски и логистички, па сега дури и воено.
Јас стојам на ставот дека исламскиот свет е многу поделен, повеќе од било кога. Нема такви предуслови, дури и Ердоган да настапи од позиција на калиф. Последица од војната во Сирија ќе остане хронично нестабилен Блиски Исток, што отсекогаш и бил и тенденција за ширење на таа нестабилност кон други подрачја, поточно тие што ги набројав. И Европа и Русија преку повремени терористички напади. Сирија нема да заврши во догледно време, единствено може да биде поделена на некој начин, но ќе останат зони - генератори на тероризам и извори на нестабилност, на некој начин ничии земји. Слично како и Ирак.

Прашањето е колку Турција ќе биде вовлечена во дестабилизација и дали и како ќе може да се справи со курдското прашање. А Курдистан веќе им тропа на врата.
 
Крајната поделба на Исламскиот свет поставува потреба од обединување. Све повеќе муслимани гледаат на Калифата како на нов Саладин, све под плаштот на омраза кон Христијанскиот свет.

Токму и мигрантската криза и разочарувањето на мигрантите е во склоп на таа омраза према западната цивилизација. Бевме сведоци и во Македонија како се однесуваат мигрантите. Бевме сведоци и во Македонија на протестот против апсењето во акцијата „Монструм“, токму на луѓе кои ја подржуваат ИД. Тоа беа 10.000 и повеќе луѓе спремни во секој момент на повик да го создадат Балканскиот калифат. Според слободни проценки, само во Македонија имаат околу 100.000 следбеници.

Баш токму бруталноста е наменета на останатите муслимански групи, да знаат што ги чека ако не се наклонат кон калифатот. Тоа е добар мотив(можеби и единствен) на обединување на Сунитите.

Све на све ова не е војна која започна во Сирија, ниту пак ќе заврши во Сирија. Оваа војна почна во Авганистан во 80тите години од 20 век, како продолжение на идеологијата на Ерусалимскиот муфтија Ал Хусеин, творецот на исламските СС дивизии. Сирија е најновото и најбруталното издание до сега. Спрема развојот на настаните, Турција е многу веројатно следна држава за дестабилизација, и тоа токму со подсредство на Ердоган, кој да се подсетиме, е ученик на Гилбудин Хекматјар основоположникот и творецот на џихадистичката интернационала.

Ако престанеш да ги гледаш работите на ниво на држави, ќе сватиш дека некои муслимански држави се пуштени низ вода, токму за развој на џихадистичката интернационала, како стојат работите во моментов, Турција нема да биде исклучок во тоа. Ердоган игра на две карти сега, едната е Турскиот национализам по курдското прашање, а вториот е вистинското лице на Ердоган, подршка на ИД. Двете се преклопуваат меѓусебно. Имај во предвид дека не е без сојузници во сето ова, како што навидум изгледа.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.011
Поени од реакции
83.402
Ако збориме за агендата на вехабизмот и Македонија, многу интересни работи ќе испаднат, од типот на примање пари за несметано ширење на таа агенда.
На кој му се најбољи другари Турска и Катар?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Ако збориме за агендата на вехабизмот и Македонија, многу интересни работи ќе испаднат, од типот на примање пари за несметано ширење на таа агенда.
На кој му се најбољи другари Турска и Катар?
Немора баш во секоја тема да мешаме политика. Но факт е дека безбедносната состојба ни е разнишана почнувајќи од 2001 година па навака. Војската се укина заради некои (досега никаде невидени) НАТО стандарди, иако еве во Грција и Турција на пример како едни од најстарите НАТО држави не е укинат задолжителен воен рок. Македонија е демилитаризирана со задни намери, и ниедна структура во сегашната политичка консталација, ниту од власта ниту од опозицијата, не потегна иницијатива за враќање на воениот рок. Дури ниту маргинилизираните најрадикални Македонски партии. Така да од тој аспект, фактот е неупотреблив ниту за дневна политика.

Ако следниот чекор на калифатот е навистина Турција, тогаш можеме лесно да претпоставиме дека од таму ќе се шири на Балканот и на Кавказот. Тоа значи дека од тој момент би имале 1 година како нација (не како држава), да се спремиме за одбрана. Пошто во последните 15 години, сите напори на нашите властодржшци беа во обратен правец, дали љубителот на Катар и Турција ќе остане на власт или љубителот на џихадистите од Диво Насеље ќе дојде на власт нас како Македонци кои не се со исламска вероисповед, ни е исто.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.011
Поени од реакции
83.402
Ако стварно вас ви беше битна оваа агенда немаше да ги браните петоколонашите кои се на власт и работат здушно против неа, за својот џеб.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Ако стварно вас ви беше битна оваа агенда немаше да ги браните петоколонашите кои се на власт и работат здушно против неа, за својот џеб.
Не е проблемот да се напаѓа власта, проблемот е што и власта и опозицијата спреоведуваат тотално иста политика, а све од лични интереси. Смената на власта е само маневар да се избегнат некои очигледни истапи, а кој никој не ги забележува. На пример демилитаризацијата на Македонија во период со енормни безбедносни предизвици.

Бипартизмот е привидна демократија, во која нема место за нови идеи. Тоа е ништо повеќе од лицемерен комунизам. До сега во затвор лежеле(лежат) само оние кои покушале да се одвојат во некаква си трета опција. Јас слушам само за тешки криминали во транзицијата и на едните и на другите, а никој од нив не е казнет, иако тие што зборат за тоа биле или се на власт.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.299
Поени од реакции
1.806
Се покажа дека немам поима од прогнози, мислев дека ќе им требаат од неколку дена до недела да го ликвидираат опкружението, но армијата за 2-3 сата го ликвидира котелот. Најверојатно главницата од ИСИС пред неколку дена ги оставила позициите и се повлекла, останале само малку месни терористи, така да денеска армијата физички без борба влегла во селата, сигурно сега по стариот албански метод терористите веќе се во цивилни алишта и тврдат дека не знаат ништо, биле во подрум. Во секој случај веста е добра, ослободена е голема територија,

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.011
Поени од реакции
83.402
Очекувам ослободените територии да страдаат од терористички напади извршувани од инфилтрираните борци на ИСИС, помеѓу населението. Самоубиствени бомбашки напади, коли-бомби и сл.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Очекувам ослободените територии да страдаат од терористички напади извршувани од инфилтрираните борци на ИСИС, помеѓу населението. Самоубиствени бомбашки напади, коли-бомби и сл.
ИСИС веќе денес се одмазди.
Над 100 загинати во денешните терористички напади во Хомс и Дамаск.

At least 30 killed as multiple blasts hit Sayeda Zeinab neighborhood, Damascus / Photos
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Тоа е тој сунитски пичкарски начин на борба.
Се чини дека сепак и нуклеарното оружје (макар од она тактичкото) понекогаш може да заврши добра работа и да спаси многу невини животи.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.011
Поени од реакции
83.402
Колку и да се загрева котелот, мислам дека сега за сега никој нема такво нешто да направи.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.431
Поени од реакции
17.778
Ја мислам дека Саудијците се меѓу првите кандидати за тактичка нуклеарка, посебно ако продужат да прдат за достава на ПВО на т. н. умерени бунтовници и копнена инвазија, што секако сами никогаш нема да го направат.
Уствари Турците и Саудијците се посраа викајќи и криејќи се позади америчка сукња. А се тресат и Бога молат газдата да им намигне, ама ни газдата нејќе да се тепа ради нивните влажни вехабиски сонови. И така останаа сами молејќи се виорот на војната да ги одмине што е можно подалеку.[DOUBLEPOST=1456079025][/DOUBLEPOST]
А во меѓувреме Турција денес изврши големи воздушни напади во Северен Ирак. Иначе и Ирак е суверена земја, но турците постојано ги бомбардираат. Очигледно е дека меѓународното право само на хартија стои. А не и во практика. За САД, Франција, Израел, Велика Британија и Турција меѓународното право не важи.
Реџеп, заеби ти меѓународно право и пиши до кај е работава со инвазијата во Сирија и освојување на Блискиот Исток.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom