Конфликтот во Сирија

Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.684
Поени од реакции
42.275
Последно уредено:
?

..........

Гостин
Ердоган: Алепо не го даваме
Тие имаат капацитет цел Блиски Исток да го земат. Доколку не се мешат САД или Русија.


САД и Русија со децении водат војни таму, и уште не им е заземен Блиски Исток... :icon_lol:
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.447
Поени од реакции
17.877
Тие имаат капацитет цел Блиски Исток да го земат. Доколку не се мешат САД или Русија.
Имаат капацитет, уште муда им фалат да влезат во Сирија и може ќе го земат... од трите подолгото ;-)
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Вчера беше одбиен предлогот на Русија во советот на безбедноста во ООН, од страна на Франција, Америка и Британија а кој се однесуваше на заштита на суверинитетот на Сирија.
Вратите кон директна воена интервенција на Турција во Сирија се широко отоворени поради постапките на трите горно наведени земји.
Ова е прв пат членките на советот на безбедност директно, намерно и со цел го срушија целиот меѓународен правен систем и смисла на кој се базираше функционирањето на советот на безбедност и на ООН, а тоа е се одвратување на меѓународни конфликти и гарантирање на сувереноста на земјите во светот.

Така да сценарието за воена агресија од страна на Турција е многу веројатно.

Во историјата ќе остане запишано кој го започна и кој го прекрши принципот на суверинитет и безбедност на државите.
А што очекуваше ти ? Позади Русија да застанат ? :icon_lol: Западот знае дека Русија е најголема закана. А не другите земји.[DOUBLEPOST=1456007021][/DOUBLEPOST]
Ердоган: Алепо не го даваме




САД и Русија со децении водат војни таму, и уште не им е заземен Блиски Исток... :icon_lol:
Дефакто Ирак и Авганистан е заземен од САД. Американците тоа што го бараја си го добија. Тоа е тоа кучињата лаат ама караванот си врви.
 
Последно уредено:

Raynor

Mr.Terrible
Член од
16 април 2014
Мислења
384
Поени од реакции
583
И Американската армија која е нели најмокната армија на планетата, го освои Ирак за неколку недели Буш и неговиот Mission Accomplished евент на носачот на авиони. Што се случуваше после натаму сите знаеме - крвава војна која трае повеке од 10 години и во еден добар период американските војници гинеа како пилци со целата воена опрема и наоружување таму. Затоа и ја напуштија земјата оставајки го хаосот да еволуира. Слична ситуација е во Авганистан. Така да немојте да се очекувате ако Ердоган влезе со војска и да речеме дека ја освои цела Сирија, ке биде 5 века турско ропство..............
 
B

Borg_Drone

Гостин
Не па очигледно за независните земји единствена солуција е поседување на нуклеарно оружје како гаранција за својот суверинитет.



Познато ни е на сите како функционира меѓународното право барем кога станува збор за воена агресија од друга земја.


За болдов, мислам нема потреба да наседнуваме на лицемерието на англосаксонците. Доколку се водеа они од романтичарски побуди, Курдисан уште од поодамна ќе беше независен, во моментов Курдите се еден обичен пиун на Америка.
Без разлика на Курдите и на изјавите пласирани во медиумите, Американските служби работата заедно на терен со силите на С.Арабија и ги спремаат за инвазија во Сирија.
Иако постојат структури на кои им смета Едоган и негоавата политика исламска, сепак нема да ги пуштат низ вода. Во геополитика не фукционираат тие правила доколку сојузникот ти е виновен ти го напушташ, барем од ww2 најлесно може да се земе пример.


Колку е длабок раздорот меѓу Западот и Русија може да се заклучи од ова.
The ‪#‎UK‬'s 'special status' compromise comes with one important condition: No reconciliation with ‪#‎Russia‬


Многу работи се сменија после падот на СССР, но непријателството остана исто.
Русија може од корен да се измени, да се смени цела владеачка и да стане најдемократско општество во светот, се додека има независна политика и си ги брани интересите ќе биде демонизирана земја за западните центри на моќ.

Откако постои ООН и советот на безбедност, се случија 65 воени конфликти.
Се додека не почне да играат нукеларки мислам дека нема западот да ја напушти својата хегомонска,агресивна и себична политика.
Историјата учи дека секоја империја имала свој крах, но ако сме евоулирале во интелектот тогаш тој крах мора да се потрудиме да не биде брутален и крвав за целиот човечки род. Сигурен сум дека секогаш постои можност за соработка, но сеуште тоа не е возможно односно човекот не е сеуште евоулиран до тој стадиум и претпоставувам треба да се случат катастрофални настани за да сфатиме дека не води кон ништо позитивно конфронтацијата.[DOUBLEPOST=1455996899][/DOUBLEPOST]Да се надополнам. Руското МОД ја засилува својата база во Арменија константно веќе месец дена.




И ова.
Пријателе, има тука една мала, но многу важна разлика: меѓународното право никогаш не функционирало за држави од типот на Србија и Македонија. За такви држави овие правила нема никогаш да важат. Во овој конфликт е вмешан далеку посериозен играч, нуклеарна моќ.
Тоа дека не функционирало правото за други не толку значајни и слаби држави е точно, никој не го спори тоа. Ама во оваа војна е вмешана и Русија. Тоа не е било кој. Кога станува збор за играчи како Русија тоа секогаш функционирало. А ако не функционира ќе има голем проблем, нема така лесно да се извлечат...
 
Последно уредено од модератор:

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Прашање е дали би имале капацитет воопшто да победат во една агресија на Сирија.
Притиснати се во тесно... изборот е мал.
Асад има загуби од 100 000+ војска. Прашањето е дали Ердоган е спремен на слични загуби? Бидејќи војната на Турција и е гарантирана. Или сега Турците влегуваат во Сирија, или за некое време Курдите во Турција. Ебани се секако.

Им остануваат уште неколку маневри, еден од нив е да ги поддржуваат ИСИС во борбата против Курдите, што некако е доста предизвикувачки последно време...
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.882
Поени од реакции
12.992
Ако Саудијците им достават земја воздух проектили на нивните прокси вехабии во Сирија и овие почнат да рушат Руски авиони тогаш конфликтот ке ескалира во отворен судир. Путин нема да се повлече, па дури може да интервенира со копнени сили заедно со Иран, и тогаш ке видиме слични масакри на џихадистите слични на оние во Дебалцево и Иловајск во Донбасс. А ако контра мерка на тоа биде Саудиско Турска инвазија тогаш Саудијците ке треба да спремат доста пластични вреки за мртвие војници што ке ги имаат. Пола година удираат врз Јемен со сета најмодерна воена техника од западот и пак неможат да ја добијат војната, единствено што успеаа е да убиваат цивили. Додека турција имаат јака армија, но нивната сила е базирана на силната артилерија, тенковските и оклопните дивизии и америчката авијација која ја поседуваат. Но како што видовме, Сириската Армија пред војната беше една од најсилните армии во светот па и се случи крах. Воедно и влијанието на тенковите во овој конфликт е значително намалено со доставата на TOW системот и рускиот АТМ. Герилската тактика на Курдите ке биде голем проблем за Турците. Тие веке 30 години се борат со ПКК на своја територија и неможат да ја уништат.
Веке конфликтот доживува процес пред кулминација , се отворија картите па да видиме каков ке биде расплетот.[DOUBLEPOST=1456000157][/DOUBLEPOST]German diplomat: "We are not going to pay the price for a war started by the Turks"
Се сложувам целсно се напишаново.

Вистина е дека сега за сега нуклеарното оружје дава каква таква гаранција, но мислам дека во блиска иднина со развој на антиракетните системи, и поседување на нуклеарно оружје нема да биде гарант за безбедност на една држава.


Јас не дека не би се сложил со оваа констатација, меѓутоа оставам и друга можност. На пример, магнатите на воена технологија на САД да идат на студена војна по секоја цена. Па така пораз на Турција подржана од западот од страна на Русија би бил сериозно раздрмување на регионот и во секој случај целосно враќање на Русија како противтежа на САД. Така да, Турција на едната страна на кантарот и мултиплициран воен буџет на другата страна од кантарот...што викаш?



Историјата неизбежно се повторува. А како технологијата е на повисоко ниво при што секој еден човек може да ги свати последиците од тоа, сепак не значи дека нема да се повтори. Баш напротив во 20 век светот бил сведок на војни со жртви колку што немало во целата човекова историја. Така да и да се случи нуклеарна војна, таа нема да го сопре следниот бран на меѓусебно уништување, туку само ќе го оддложи.

Еве да сме и ние(Македонците) хегемони со моќ да употребиме сила да управуваме со далечни држави, ние тоа ќе го правиме и ич око нема да ни трепне. Светот одсекогаш претставувал брутална сцена на меѓусебно уништување. Очигледно тоа е во човековата природа. Доколку некоја цивилизација достигне повисоко ниво на свест, одма има друга која ќе ја повлече назад. Немој да се зачудиш на пример, дека против борците на ИД, не се применуваат слични методи на мачење и егзекуции.

Збориш за еволуција на интелектот, ама немој да заборавиш дека за еволуцијата 10.000 години колку што постои човековата цивилизација, се колку една секунда човеков живот. Писмото ни ја зголемува почетната база на знаења кои ги имаме од науката, а не ни помага да еволуираме. Баш напротив Цивилизацијата еволуира, а човекот не само што не еволуира, туку и е во регрес. Замисли да пуштиш некој човек од град со сите технолошки придобивки да се снаоѓа во дивина.... Тој нема да преживее долго....

Све на све, не би играл на картата на човековиот интелект.

Ако ме сфати нагоре што напишав претходно, јас баш напишав дека не е доволно човечкиот интелект развиен за да се пробие таа психолошка животинска бариера каде посилниот го гази на послабиот. Резултат не би сакал да прогнозирам, но би бил катасрофален за човештвото.







Мило ми е што се разви барем колку толку подостоинствена и нормална дискусија со одредени членови.
За разлика од ова копитово Реален што освен некои банални мислења ништо полезно за дискусија не понуди.
 
G

Goldie

Гостин
Инаку според последниве информации што читам Курдите напредуваат кон југ на истокот на Сирија каде што завземале неколку села, а има информации и дека ИСИС почнале да влегуваат во домови во Табка (Сиријската војска сериозно се приближи кон Табка во последно време со тоа и кон Рака) барајки шпиуни кои даваат информации за состојбата на терен на Сиријската војска

Бонус
Syrian President Assad 'We are ready to implement cease-fire but with conditions, provided terrorist don't exploit it'
 

red baron

sad but true
Член од
3 ноември 2012
Мислења
960
Поени од реакции
825
Им остануваат уште неколку маневри...
Единствената маневра која им останува е очајно да се молат САД да интервенираат воено во Сирија. Во сириското небо е Русија. Дури Ердоган не е толку луд да испрати турска војска откако не знае каква ќе биде возвратната реакција на Русите. Со Русија може да мери сили само САД. Сирискиот министер за надворешни работи веќе предупреди дека секој странски војник стапнал на сириска територија без да е поканет од официјалните власти ќе се врати во дрвен сандак.
 

Raynor

Mr.Terrible
Член од
16 април 2014
Мислења
384
Поени од реакции
583
Proekcija Sirija1.jpg ИСИЛ полека почнува да сериозно губи територија, со последното освојување на Курдите на Шадади и напредок на Сириската војска кон Такба (каде што пред 1, 5 година ИСИЛ изврши масакр врз војниците кои беа стационирани во авио базата) позициите на ИСИЛ се прилично непогодни. Моментално калифатот е поделен на два дела , односно делот во Ирак околу Мосул е отсечен од дело во Сирија, баш кај планината односно градот Синџар ( каде што го извршија масакрот врз Јазидите)... Интересна е оваа Курдска офанзива која мислам дека е делумно координара со Сириската војска која исто така тргна во офанзива.. Мислам дека освен тоа што е Ирачкиот и Сирискиот дел на калифатот се отсечени , Сирискиот дел исто така ке биде поделен на два дела и до крај на годината Курдите и Асад ке стигнат до Рака. Исто така има големи шанси ИСИЛ да биде отсечен и од Турската граница, но во оовој случај проблем е калифот Ердоган кој ги гранатира Курдите во пределот на Кобане.
 
Последно уредено:
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.299
Поени од реакции
1.806
Освен големата геополитика, која е најважната во моментов, на ситно Сириската армија како што предвидев во претходниот мој коментар официјално го затвори обрачот во Алепо- авио база Квејрис, ослободија околу 15 села, автопатот М15 е деблокиран и должината на патот за логистика од Алепо до Квејрис од 90км станува 15км, теренот е убав-поле и мислам дека за неколку дена, највеќе недела ќе го ликвидираат котелот со тоа слободната територија во Алепо ќе стане покомпактна, линијата на фронтот ќе се скрати со 20 километра, исто така и ќе добијат неколку илјади војници којшто беа зафатени со обезбедување на долгата линија на фронтот, така да ќе имаат повеќе сили за офанзива нагоре, накај Турска/градови Албаб, Манбиџ/.


Колку до големата геополитика, мислам дека ќе има Трета Светска Војна, турците, саудијците, катарците, САД се само марионетки во рацете на ционистите, на само затоа што доларот е пред распад и Бретонвудскиот договор повеќе не функционира а затоа што од напишаното во светите книги библијата или другите пророштва не може да се избега, убеден сум дека антихристот веќе е меѓу нас и тоа се ционистите, Тората не го признава Исус и новиот завет, гледаме како под маската на доброто САД и ЕС ги направија еден голем концентрационен лагер и планирано и системски го убиваат месното европско население. Нострадамус, Ванѓа и други пророци предвидуваат дека ТСВ ќе започне на блискиот исток Персија, Сирија... Интересен е извадокот на Ванѓа кога ја прашал ќе има ли ТСВ, таа му одговорила: не се плаши рано е Сирија сеуште не паднала, и победникот нема да е тој што ние мислиме. Мислам дека тоа време веќе настапи и не е во иднина, а е сега.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Тие имаат капацитет цел Блиски Исток да го земат. Доколку не се мешат САД или Русија.
Од кај ти се бре овие претпоставки. Тие со Курдите е можат на крај да излезат, а не па со некој друг.[DOUBLEPOST=1456044669][/DOUBLEPOST]
Притиснати се во тесно... изборот е мал.
Асад има загуби од 100 000+ војска. Прашањето е дали Ердоган е спремен на слични загуби? Бидејќи војната на Турција и е гарантирана. Или сега Турците влегуваат во Сирија, или за некое време Курдите во Турција. Ебани се секако.

Им остануваат уште неколку маневри, еден од нив е да ги поддржуваат ИСИС во борбата против Курдите, што некако е доста предизвикувачки последно време...
Искрено мислам дека на Ердоган во агендата му е повеќе калифатот отколку силна Турција. Па така, ако влезе во Сирија, намерно ќе ја турне Турција во пропаст. Турција нема да победи во Сирија, дури и да ги нема Русите во Сирија. Поготово не после екстензивното искуство на Сириската Армија последниве 5 години.
Све ова оди во прилог на тезата дека Ердоган намерно ја носи Турција во пропаст. Ќе ги искористи Курдите за широка дестабилизација и ќе ја отвори вратата на калифатот. Дефакто и сега југоисточна Турција е воена зона.
 
Последно уредено:
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.447
Поени од реакции
17.877
Искрено мислам дека на Ердоган во агендата му е повеќе калифатот отколку силна Турција. Па така, ако влезе во Сирија, намерно ќе ја турне Турција во пропаст. Турција нема да победи во Сирија, дури и да ги нема Русите во Сирија. Поготово не после екстензивното искуство на Сириската Армија последниве 5 години.
Све ова оди во прилог на тезата дека Ердоган намерно ја носи Турција во пропаст. Ќе ги искористи Курдите за широка дестабилизација и ќе ја отвори вратата на калифатот. Дефакто и сега југоисточна Турција е воена зона.
Тоа е сценарио кое не води директно во нова светска војна. Такви случувања нема да останат ограничени само на Блискиот Исток, туку неминовно ќе го зафатат и Балканот, Кавказот, Северна Африка и Средна Азија. Нема Турција капацитет за такво нешто.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom