jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.493
- Поени од реакции
- 27.314
Ако делува како Ататуркова Турција, тогаш нема. Но ако делува како војска на Калифатот, тогаш ите како има. И Балканот и Кавказот и северна Африка и Средна Азија имаат одлична логистика за калифатот.Тоа е сценарио кое не води директно во нова светска војна. Такви случувања нема да останат ограничени само на Блискиот Исток, туку неминовно ќе го зафатат и Балканот, Кавказот, Северна Африка и Средна Азија. Нема Турција капацитет за такво нешто.
Сирија беше добар терен за подготовка и спремање на искусни борци на џихадистичката интернационала од сите овие региони што ги набројавме, па и од Русија и Европа. Кога ќе заврши Сирија сите тие ќе се вратат во своите држави подготвувајќи терен и обука на нови борци (повеќето се веќе вратени). Турција е една од државите кои пружаа помош на џихадистите како држава. И финансиски и логистички, па сега дури и воено.
Многу грешиш ако мислиш дека Исламската држава се хорда неорганизирани, неписмени луѓе кои не знаат што прават. Тие се многу добро организирани и секој чекор им е предвиден и што е најважно имаат средства и оружје. Дури и бруталностите што ги користат им се планирани и нивното емитување по социјалните мрежи. Во никој случај не смеат да се подценуваат и не смее да се мисли дека со Сирија сме завршиле со нив.