Се поизвесно е дека за разлика од почетокот на конфликтот, на терен YPD де факто ја смени страната и денес поточно е да се каже дека е во слабо сојузништво со владата на Асад и во отворено непријателство со опозициските сили на Исламскиот фронт за кои пишував порано.
За ова придонесоа неколку фактори како што се слабата и неодлучна поддршка од стана на САД, поддршката од страна на Русија (јасно е дека Асад не може да постигне значителен успех сам против сите и потребен му е макар еден посилен сојузник од страните во конфликтот), но најглавната од сите е однесувањето и позиционирањето на Ердоган во оваа војна.
После се почестите бомбардирања од страна на турската артилерија на пограничните области кои се под контрола на Курдите, руската авијација систематски, отворено и одлучно создава предуслови и ја олеснува нивната офанзива на потегот Алепо-Азаз.
Дури, најверојатно со цел дополнително да се изнервира Ердоган, една од населбите во овој регион која беше освоена од страна на владините сили беше предадена под контрола на курдските сили. Ова има за цел да го зајакне пријателството меѓу Курдите и армиските сили, како и да покаже дека армиската офанзива ќе се концентрира кон југ (северозападните/западните предградија на Алепо) со цел целосно пресекување на снабдувањата кон делот од Алепо кој е под контрола на терористите.
Еве што се случи со територијата која беше под контрола на исламистите во текот на овие десетина дена.
Прегледај го приврзокот 139220
Остана уште делот околу Азаз, две-три поголеми и десетина помали населби источно и југоисточно од градот.