Конфликтот во Сирија

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.396
Поени од реакции
5.021
Ниту курдите, ниту сиријците се проблем за турската војска туку само Иран.
Доколку Турција ја употреби својата воена моќ Курдите ќе бидат прегазени за неколку недели. Сирија е воено прилично истрошена. Нејзината моќ за војување е минимална, а на терен сите т.н. бунтовници ќе станат турска логистика. Русија не може да стигне секаде и Сирија би паднала во рок од 2-5 месеци. Само целосно воено вклучување на Иран ќе може значително да го успори и отежни турскиот продор (или директна руско-турска војна). А тоа е веќе голема војна, со исходи што не се поволни за ниеден подлабоко завлезен учесник, вклучувајќи ја и Русија. САД се подповлекоа и ова би бил посакуван тек на настани.
Турција не може своите Курди вооружени со калашникови да ги среди, камоли Сириските кои се вооружени со најсовремена опрема вклучувајќи наведувани противтенковски проектили. Асад под покровителство на Руските авиони секојдневно губи десетици војници, а камоли па Турците кога би се судриле со Сириските Курди.
Моментално секоја воена група во Сирија е така добро вооружена што би и нанела сериозни удари и на најмоќната армија.
Воен судир Турција-Асад? Асад е вооружен со С-300, што значи Турција ќе нема воздушна поддршка доколку Турски војски се судрат со Асад. Секојдневно десетици балистички ракети ќе паѓаат во Турција ако дојди до судир. Турција ќе го извлече подебелиот крај.
 
Raynor

Mr.Terrible
Член од
16 април 2014
Мислења
384
Поени од реакции
583
Мене ме интересира едно нешто: дали има некој информација за тоа колку многу е уништена Сирија? И колку години ќе трае отприлика целата реконструкција на таа држава? И колку пари би чинело сето тоа. Јас мислам дека ако денеска заврши војната и се почне после една година со реконструкција дека тоа би траело минимум десет години (ако не и повеќе). Јас ваква информација не можам никаде да најдам, по медиумиве (и руски и западни) се вртат вестите претежно за акциите што се спроведуваат таму. А претпоставувам дека Сирија е премногу уништена зошто се води таму веќе војна пет години по ред.
И утре да заврши војната и да почнат со реконструкција Мир нема да има, постојано ке има самоубиствени бомбашки напади низ големите населени места во Сирија. А тоа колку е е расрушена ,мислам дека оваа војна е најдеструктивната после втората светска војна... Ке им требааат билиони долари и огромни човечки ресурси да ја средат земјата, па болести од секојвнените бомбардирања и гранатирања и ред други проблеми.

Турција не може своите Курди вооружени со калашникови да ги среди, камоли Сириските кои се вооружени со најсовремена опрема вклучувајќи наведувани противтенковски проектили. Асад под покровителство на Руските авиони секојдневно губи десетици војници, а камоли па Турците кога би се судриле со Сириските Курди.
Моментално секоја воена група во Сирија е така добро вооружена што би и нанела сериозни удари и на најмоќната армија.
Воен судир Турција-Асад? Асад е вооружен со С-300, што значи Турција ќе нема воздушна поддршка доколку Турски војски се судрат со Асад. Секојдневно десетици балистички ракети ќе паѓаат во Турција ако дојди до судир. Турција ќе го извлече подебелиот крај.
Тука не си во право, ако било кој истрела Балистички ракети кон Турција, го имаат Патриот Системот за одбрана.Асад не е во можност да се бори со Турската Армија. Инаку за тоа дека Америка ке влезе во војна со Русија заради Сирија, нема шанси - верувајте овде никој не е будала да се откаже од голф терените на Лонг Ијленд, плажите на Флорида или коцкањето во Вегас за некаква си будала како Ердоган, Турција , Сирија или Ирак. Се секавам за војната во Грузија, сега гувернерот на Одеса, поранешен предтседател на Грузија Сакашвили влезе во таква авантура и ја нападна сепаратистичката Јужна Осетија, му беше ветена помош тогаш од Американската администрација. Кога русија интервенираше воено, Америка ја пушти Грузија низ вода.[DOUBLEPOST=1455063420][/DOUBLEPOST]Turkey summons US ambassador over US comments on Syrian Kurds
Ankara summoned the US’ ambassador to Turkey on Tuesday after a comment was made by a State Department spokesman who said that the US did not regard the Democratic Union Party (PYD) of Syrian Kurds as a terrorist organization, Reuters reports, citing a Turkish foreign ministry official. The US statement followed calls by Turkish President Recep Tayip Erdogan for the US to choose between Turkey and the Kurds. Turkey regards the PYD as a sister arm of the Kurdistan Workers Party (PKK), which is fighting for Kurdish autonomy in southeastern Turkey. It considers PYD to be a terrorist organization, along with the US the EU. The US, however, also supports the PYD as an ally in war against the Islamic State (IS, formerly ISIS/ISIL) terror group.

Ова куче доста Лае, не ја научи лекцијата на Садам Хусеин, Мубарак и ред други диктатори подржувани од САД, кои беа искористени и подоцна завршија како што завршија
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Турција не може своите Курди вооружени со калашникови да ги среди, камоли Сириските кои се вооружени со најсовремена опрема вклучувајќи наведувани противтенковски проектили. Асад под покровителство на Руските авиони секојдневно губи десетици војници, а камоли па Турците кога би се судриле со Сириските Курди.
Моментално секоја воена група во Сирија е така добро вооружена што би и нанела сериозни удари и на најмоќната армија.
Воен судир Турција-Асад? Асад е вооружен со С-300, што значи Турција ќе нема воздушна поддршка доколку Турски војски се судрат со Асад. Секојдневно десетици балистички ракети ќе паѓаат во Турција ако дојди до судир. Турција ќе го извлече подебелиот крај.
Турската воена сила за 1-2 месеци би го прегазила цел Балкан, а не пак курдите и сириската војска онаква каква што е сега после 5 години разорно војување. Токму затоа стариот Асад трупал хемиско оружје. Кога Сирија веќе не можела да се спротивстави на Турција или Израел, а не можела да има нуклеарно оружје, тогаш со поседувањето хемиско оружје сакал да обезбеди сигурност дека нема да бидат нападнати.

Но турската воена сила не може да се рамни со Русија која за неколку месеци пола Европа би ја прегазила.
Се разбира дека воено влегување на Турција во Сирија не е поволно ниту за турците, ниту за сиријците, иранците, русите. Сите ќе изгубат. Но ако не се вклучи, поради поразот на компромитираните политики во Сирија и уцените со мигрантската криза Ердоган би бил сметан за мивка и тоа не само надвор туку и во Турција. Затоа можно е турско вмешување во сирискиот воен котел.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.396
Поени од реакции
5.021
Тука не си во право, ако било кој истрела Балистички ракети кон Турција, го имаат Патриот Системот за одбрана.Асад не е во можност да се бори со Турската Армија. Инаку за тоа дека Америка ке влезе во војна со Русија заради Сирија, нема шанси - верувајте овде никој не е будала да се откаже од голф терените на Лонг Ијленд, плажите на Флорида или коцкањето во Вегас за некаква си будала како Ердоган, Турција , Сирија или Ирак. Се секавам за војната во Грузија, сега гувернерот на Одеса, поранешен предтседател на Грузија Сакашвили влезе во таква авантура и ја нападна сепаратистичката Јужна Осетија, му беше ветена помош тогаш од Американската администрација. Кога русија интервенираше воено, Америка ја пушти Грузија низ вода.
Прво, Турција не поседува Патриот и второ,
Патриотот има слаба прецизност против Скад проектилите (потребни се во просек 4 ракети за да се гарантира некаков погодок), во Заливската војна, имаше 10% погодок против модификуваните Ирачки скадови (полесни за погаѓање), а Асад поседува многу понапредни ракети од тие на Садам.

Турската воена сила за 1-2 месеци би го прегазила цел Балкан, а не пак курдите и сириската војска онаква каква што е сега после 5 години разорно војување. Токму затоа стариот Асад трупал хемиско оружје. Кога Сирија веќе не можела да се спротивстави на Турција или Израел, а не можела да има нуклеарно оружје, тогаш со поседувањето хемиско оружје сакал да обезбеди сигурност дека нема да бидат нападнати.

Но турската воена сила не може да се рамни со Русија која за неколку месеци пола Европа би ја прегазила.
Се разбира дека воено влегување на Турција во Сирија не е поволно ниту за турците, ниту за сиријците, иранците, русите. Сите ќе изгубат. Но ако не се вклучи, поради поразот на компромитираните политики во Сирија и уцените со мигрантската криза Ердоган би бил сметан за мивка и тоа не само надвор туку и во Турција. Затоа можно е турско вмешување во сирискиот воен котел.
Тие муабети дека за пет дена ќе стаса до Австриска граница, само во некое зачадено кафанче, помеѓу три четворица поранешни припадници на ЈНА.
На терен модерна армија има проблеми да завземе мало градче окупирано со терористи вооружени со РПГ и АК-47.
Милитантите во Сирија се толку вооружени со наведувани ракети, што почнаа да ги користат против автомобили место против тенкови.
Саудијците се најмодерната армија на Блискиот исток, море во цела Азија и Африка со исклучок на Русија, па трпат големи загуби против Хутите во Јемен.

Турција е однапред поразена доколку влези во Сирија.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.735
Поени од реакции
33.986
Се разбира дека Русија е далеку посилна од Турција, но тоа сепак би бил прилично крупен залак кој би барал целосна воена вклученост на копно, воздух, вода, со се освен нуклеарните сили. Дали такво нешто би било поволно за Русија? Се разбира дека не. А едноставно е да се одговори: за кого би било поволно и кој би го посакувал?
Ти како да зборуваш за војување во стилот од Втората Светска Војна?

Воздушна премоќ на Русија е толкава да никакви посебни офанзивни копнени акции нема да бидат потребни. За дефанзивни делувања таму се копнените сили на Хезболах, Сириската Арапска Армија, Иранските специјалци... Во првите неколку саати ќе бидат дезинтегрирани сите воени радари и воздушни бази, аеродроми и писти, и се разбира целата воена авијација на Турција. Се што ќе успее да полета ќе биде плен на S-400, со кој Турција е покриена во повеќе одделни такви системи. Тука се и 35ките, кошмарот на НА ТО, и сите други воени авиони на руската авијација, кои после првите цели непречено ќе летаат и ќе извршуваат воени задачи.
После неколку саати, најмногу пар денови Турција воено ќе биде поразена во Сирија. Во Турција Русија нема да изврши инвазија, туку ќе гаѓа стратешки цели со авијацијата и морнарицата - не само од Средоземјето и од Црното Море, туку и флотилата од Каспијското Море (нешто што ИСИС го осети на своја кожа).
После неколку недели од сето тоа, Турците сами ќе го линчуваат Ердоган. Или Курдите, сеедно.

Целата работа ќе биде Југославија верзија 2.0, само многу побрзо, и за разлика овојпат зликовците ќе го јадат. ;)
 
B

Borg_Drone

Гостин
Доволно е тоа што Асад ќе ги остави Курдите и нема да му се меша, ќе им ја даде на располагање цела територија.
Доволни се и разузнавачки податоци, воздушно шпионирање и сл. Асад доколку победи, сигурно ќе им се одмазди на Турците.
Американците не ги интересира некаков статус или титула. Утре може да бомбардираат друга земја, да спречат некој диктатор и да си го повратат статусот до некаде. Статусот не е тоа што ги спречува или овозможува да влезат во конфликт.
Да, поразот во Сирија ќе боли, но никако нема да влијае врз воената моќ.
За болдираново гадно си се излажал. И те како ги интересира. Инаку немаше воопшто да рипаат наоколу по медиумите и ширум светот со критики и ред други контра-предлози (кои се само во нивна корист) наспроти Русија. Така да, тврдењето не ти на место. Ги интересираат и нивните интереси и нивниот статус ширум светот. Овие работи се тесно поврзани кај нив.
После завршувањето на војната Асад сакал или нејќел ќе мора да постигне компромиси и со нив (што се однесува до Курдите) . Но, нема да има било каква можност нив да ги поддржува. Да не е Русија, Асад ќе падне. Нема да има на самиот старт такви средства на располагање. Тоа единствено можат да го прават Американците или Русите после војната. Курдите веќе добиваат помош од Америка (во моментов). Дали и понатаму ќе ја добиваат таа помош не се знае.

Така да, не можеш да ме разубедиш со ова што го тврдиш зошто за мене нема логика тоа. Ама секој си има свое мислење и во ред е.
 
Raynor

Mr.Terrible
Член од
16 април 2014
Мислења
384
Поени од реакции
583
Русите требаше да интервенираат многу порано, но можеби неизвесноста на Украинската ситуација го наведе Путин да не избрзува и да ја почека разврската во Донбас. Инаку најнова изјава на Давотоглу според која може да се заклучи дека Алепо им е во мислите. Според некои тврдења Турција го гледаат делот на Алепо и Латакиа како дел од Отоманска Турција, некоја си слична идеја како во случајот со Голема Албанија. Така да ако Асад успее да го запечати Алепо и да се пробие до Турската граница, тогаш Величествениот кретен Ердоган ке може да сонува за освојување на Алепо. Во секој случај Турците ако влезат ке се соочат со големи загуби, и воени и политички. Можеби имаат јака армија,ама додека они 5 години убиваа Курдски цивили со бели знамиња, Сириските Курди се покажаа како ефективна воена сила со акумулирано воено искуство, вклучувајки и фронтално и герилско војување..
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Прво, Турција не поседува Патриот и второ,
Патриотот има слаба прецизност против Скад проектилите (потребни се во просек 4 ракети за да се гарантира некаков погодок), во Заливската војна, имаше 10% погодок против модификуваните Ирачки скадови (полесни за погаѓање), а Асад поседува многу понапредни ракети од тие на Садам.

Тие муабети дека за пет дена ќе стаса до Австриска граница, само во некое зачадено кафанче, помеѓу три четворица поранешни припадници на ЈНА.
На терен модерна армија има проблеми да завземе мало градче окупирано со терористи вооружени со РПГ и АК-47.
Милитантите во Сирија се толку вооружени со наведувани ракети, што почнаа да ги користат против автомобили место против тенкови.
Саудијците се најмодерната армија на Блискиот исток, море во цела Азија и Африка со исклучок на Русија, па трпат големи загуби против Хутите во Јемен.

Турција е однапред поразена доколку влези во Сирија.
Нема потреба да има патриот. Турција е членка на НАТО и втора најмоќна и најголема армија е во алијансата одма после САД. НАТО ќе процени што треба да се постави доколку додје до тоа. Турција ќе била поразена од Асад ? Друже навистина со цел памет го велиш ова или од ракав ? Грешка си единствени супер сили во Блискиот Исток се Израел и Турција. Какви Арабии какви бакрачи. Инаку со вакви муабети и ова тема ќе почне да личи на вицотека.[DOUBLEPOST=1455103113][/DOUBLEPOST]
Русите требаше да интервенираат многу порано, но можеби неизвесноста на Украинската ситуација го наведе Путин да не избрзува и да ја почека разврската во Донбас. Инаку најнова изјава на Давотоглу според која може да се заклучи дека Алепо им е во мислите. Според некои тврдења Турција го гледаат делот на Алепо и Латакиа како дел од Отоманска Турција, некоја си слична идеја како во случајот со Голема Албанија. Така да ако Асад успее да го запечати Алепо и да се пробие до Турската граница, тогаш Величествениот кретен Ердоган ке може да сонува за освојување на Алепо. Во секој случај Турците ако влезат ке се соочат со големи загуби, и воени и политички. Можеби имаат јака армија,ама додека они 5 години убиваа Курдски цивили со бели знамиња, Сириските Курди се покажаа како ефективна воена сила со акумулирано воено искуство, вклучувајки и фронтално и герилско војување..
Ако не се замешат Русија и Иран Турција може за неколку дена со без никакви проблеми да ја окупира цела Сирија. А и башка е тоа што ќе имаат логистика од Ал Нусра. А можеби и од Исис. Така да, да се надеваме дека нема да дојде до тоа.
 
Последно уредено:

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.396
Поени од реакции
5.021
За болдираново гадно си се излажал. И те како ги интересира. Инаку немаше воопшто да рипаат наоколу по медиумите и ширум светот со критики и ред други контра-предлози (кои се само во нивна корист) наспроти Русија. Така да, тврдењето не ти на место. Ги интересираат и нивните интереси и нивниот статус ширум светот. Овие работи се тесно поврзани кај нив.
После завршувањето на војната Асад сакал или нејќел ќе мора да постигне компромиси и со нив (што се однесува до Курдите) . Но, нема да има било каква можност нив да ги поддржува. Да не е Русија, Асад ќе падне. Нема да има на самиот старт такви средства на располагање. Тоа единствено можат да го прават Американците или Русите после војната. Курдите веќе добиваат помош од Америка (во моментов). Дали и понатаму ќе ја добиваат таа помош не се знае.

Така да, не можеш да ме разубедиш со ова што го тврдиш зошто за мене нема логика тоа. Ама секој си има свое мислење и во ред е.
Ок, според твоево мислење треба да очекуваме копнен влез на Америка во Сирија.
Останува да видиме што ќе биди. :)
 
B

Borg_Drone

Гостин
Ок, според твоево мислење треба да очекуваме копнен влез на Америка во Сирија.
Останува да видиме што ќе биди. :)
Јас не пишав дека треба да очекуваме влез на Америка, погрешно си го разбрал коментарот. Јас само опишав што би се случило со Америка доколку не влезат, што тие ќе изгубат и пишувам за тоа всушност колку е итар и лукав Путин. Тие може и да не влезат, тоа не се знае сè уште, сакав само да укажам на тоа што би се случило на меѓународното поле со нив доколку не влезат. Јас навистина споменав на почетокот дека мислам дека ќе влезат Америка ама не сум сигурен значи. Има големи шанси и да не влезат со војска во Сирија.
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.832
Поени од реакции
4.536
Да ама за разлика од вас не јадам бурек со поминат рок.
Светлинава твоја милионите бездомници во италијански ресторани ги ранат
 
Член од
26 мај 2015
Мислења
458
Поени од реакции
253
Едно ке кажам само. Америка и Русија соработуваат во сите свери и глумат ривалство со цел полесно да го дупат целото опшество на цела планета! Тие две големи мафијашки дувла Америка и Русија еден ден ке паднат на колена пред правдата и ке платат за целиот терор и кражби низ цела планета ! Мисли критички не биди оФца
 
Ова теорија да беше вистина СССР немаше да се распадне..
 
Член од
26 мај 2015
Мислења
458
Поени од реакции
253
Ова теорија да беше вистина СССР немаше да се распадне..
Мора и на двете страни да има по некое жртвено јагне така функционира системот ете ти баш и си паднал во стапицата :D Тоа ти е политика бе братче капитализмот владее уште од памтивека од Античко време Сува пара златце нафтиче ова она народ си гине па шо и треба да се ретчи малу ваму малу таму :D
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Тие муабети дека за пет дена ќе стаса до Австриска граница, само во некое зачадено кафанче, помеѓу три четворица поранешни припадници на ЈНА.
На терен модерна армија има проблеми да завземе мало градче окупирано со терористи вооружени со РПГ и АК-47.
Милитантите во Сирија се толку вооружени со наведувани ракети, што почнаа да ги користат против автомобили место против тенкови.
Саудијците се најмодерната армија на Блискиот исток, море во цела Азија и Африка со исклучок на Русија, па трпат големи загуби против Хутите во Јемен.

Турција е однапред поразена доколку влези во Сирија.
Очигледно не правиш разлика меѓу нанесување воен пораз и држење територија под окупација.
САД и нивните сојузници воено поразија многу земји (Авганистан, Ирак, Либија) и тоа за многу кратко време, но не постигнаа да наметнат (целосна) власт над освоениот простор.

Спореди ги бројките на она кое воено го поседува Турција. Погледни на нивните воени способности во минатото и она кое може да се види при воените вежби и ќе сфатиш дека и курдите и сиријците лојални на Асад би биле лесно и брзо поразени. Сосема друга работа е владеењето со истиот простор.[DOUBLEPOST=1455149668][/DOUBLEPOST]
Ти како да зборуваш за војување во стилот од Втората Светска Војна?

Воздушна премоќ на Русија е толкава да никакви посебни офанзивни копнени акции нема да бидат потребни. За дефанзивни делувања таму се копнените сили на Хезболах, Сириската Арапска Армија, Иранските специјалци... Во првите неколку саати ќе бидат дезинтегрирани сите воени радари и воздушни бази, аеродроми и писти, и се разбира целата воена авијација на Турција. Се што ќе успее да полета ќе биде плен на S-400, со кој Турција е покриена во повеќе одделни такви системи. Тука се и 35ките, кошмарот на НА ТО, и сите други воени авиони на руската авијација, кои после првите цели непречено ќе летаат и ќе извршуваат воени задачи.
После неколку саати, најмногу пар денови Турција воено ќе биде поразена во Сирија. Во Турција Русија нема да изврши инвазија, туку ќе гаѓа стратешки цели со авијацијата и морнарицата - не само од Средоземјето и од Црното Море, туку и флотилата од Каспијското Море (нешто што ИСИС го осети на своја кожа).
После неколку недели од сето тоа, Турците сами ќе го линчуваат Ердоган. Или Курдите, сеедно.

Целата работа ќе биде Југославија верзија 2.0, само многу побрзо, и за разлика овојпат зликовците ќе го јадат. ;)
Да речеме за почеток 20 000 турски војници добро опремени и обучени со добро вооружување со можност по потреба да користат и тешко вооружување кое беше главна предност на САА плус и со ПВО системи кои би ги отежнале руските бомбардирања, вметнати меѓу бунтовниците низ цела Сирија. Како би биле победени за брзо време кога и бунтовниците сега што се во Сирија даваат силен отпор на сириската војска.
Тие за неколку месеци би создале добар терен кој би овозоможил и фронтален влез на турската војска.
Без позначајна копнена помош од некој однадвор силите околу Асад не би имале шанса.[DOUBLEPOST=1455150765][/DOUBLEPOST]Дека она кое ни се врти низ разговоров сега истото им се врти и низ умот на штабовите кои раководат со силите вклучени во сирискиот котел може да се види од следниот напис:

Столтенберг: НАТО ќе ја засили воздушната одбрана на Турција

НАТО реши да продолжи со распоредување на батерии од противвоздушните ракети „патриот“ за да ја засили воздушната одбрана на Турција, изјави денес генералниот секретар на Северноатлантската алијанса Јен Столтенберг.

„Кон крајот на минатата година ги усогласивме мерките за безбедност за Турција – со разузнавачки авиони „авакс“, воздушни патроли, засилено морнаричко присуство во Средоземното и Црното Море“, изјави Столтенберг на состанок на министерите за одбрана на НАТО, пренесува Тасс.

Зголеменото распоредување на воздухопловни и морнарички сили на НАТО во Турција доаѓа во моменти на влошени односи меѓу Москва и Анкара откако Турција собор руски бомбардер Су-24 во Сирија откако, според турските власти, го нарушил турскиот водушен простор.

Ракетите „патриот“ беа распоредени во Турција во 2012 година, по неколку инциденти во кои турска територија беше гранатирана од соседна Сирија.

Столтенберг денес на состанокот во Брисел најави и засилување на присуството на Алијансата во Источна Европа за да се одврати Русија.

Според него, таковото засилување на воената опрема и инфраструктура, ќе „испрати јасен сигнал“ дека Алијансата е спремна и способна да ја одбрани секоја од своите земји членки.

Се очекува на дводневната средба министрите да разговараат за тоа што нивните земји можат да направат откако администрацијата на американскиот претседател Барак Обама ја објави намерата четири пати да ги зголеми расходите за зголемување на безбедноста на членките на НАТО кои се уплашени од Русија.

Со тоа доколку Турција отворено би влегла со свои сили во сириската војна, нејзината територија би била заштитена од воздушни напади. Нема да може да го користи воздухопловството над Сирија, но ниту Русија нема да може да го користи своето воздухопловство над Турција. Од друга страна со префрлени ПВО системи би им правеле проблеми на руските воздушни дејства во Сирија.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom