Конфликтот во Сирија

Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Мислам дека не е мала можноста за копнено влегување на Турција и Саудиска Арабија во сириската војна.

Со оглед на многу постапки и изјави Ердоган е болен човек, егоманијак. Многу од постапките му се такви што уште повеќе ја влошува положбата на Турција. Американската политика има две можности и се работи за проценка која од нив дава подобар процент за успех.
Од изборот:
вистински воено да се влези во Сирија за заштита на своите интереси или
да се штитат интересите со трошење на руските сили на сирискиот терен, по можност и на други места. Пропратено со санкции и ниската цена на нафтата.
Првиот избор е премногу сложена операција со премногу опасности погледнато од разни страни. Од убедување на домашната јавност, големи трошоци, меѓународна несогласност, противправност, ризичен потфат на терен. Затоа верувам дека го избраа второто.

Како и да е нема долго да чекаме. Во наредните месеци ќе се види дали ескалацијата ќе расти или ќе се смири. Ако продолжи да расти, можиме и да почниме да паничиме дека сме во нова светска војна.
 
Последно уредено:
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Мислам дека не е мала можноста за копнено влегување на Турција и Саудиска Арабија во сириската војна.

Со оглед на многу постапки и изјави Ердоган е болен човек, егоманијак. Многу од постапките му се такви што уште повеќе ја влошува положбата на Турција. Американската политика има две можности и се работи за проценка која од нив дава подобар процент за успех. Од изборот: вистински воено да се влези во Сирија за заштита на своите интереси или да се штитат интересите со трошење на руските сили на сирискиот терен, по можност и на други места. Пропратено со санкции и ниската цена на нафтата. Првиот избор е премногу сложена операција со премногу опасности погледнато од разни страни. Од убедување на домашната јавност, големи трошоци, меѓународна несогласност, противправност, ризичен потфат на терен. Затоа верувам дека го избраа второто.

Како и да е нема долго да чекаме. Во наредните месеци ќе се види дали ескалацијата ќе расти или ќе се смири. Ако продолжи да расти, можиме и да почниме да паничиме дека сме во нова светска војна.
:neetaka:
http://plusinfo.mk/vest/57335/rusija-im-predlozi-na-sad-plan-za-prekin-na-ognot-vo-sirija

Шефот на руската дипломатија изрази зачуденост што германскиот канцелар Ангела Меркел безусловно ја поддржа Турција во однос на ситуацијата во Сирија, на одгласите за уцената на Анкара во врска со проблемот со миграцијата, пренесе ТАСС.

- Зачудени сме од безусловната поддршка за Анкара во целата сириска криза, што прозвучи при посетата на германскиот канцелар Ангела Меркел. При тоа за главен виновник за тоа што се случуваше беше посочувана Русија, за тоа дека нападите на нејзините воздухопловно-вселенски сили ги зголемија бегалските бранови. И збор не беше кажан - барем не јавно - за очигледните факти: дека терористичката закана во Сирија се оддржува со шверцот преку турската граница и во двата правца. Во едниот - борци, оружје, пари и мноштво неопходни нешта за продолжување на терористичката активност. А во другата - нафта и други стоки, што се забранети за трговски операции со бандити. И сето тоа при отворена уцена на Анкара во врска со проблемот со мигрантите - подвлече рускиот министер.

Во интервјуто Лавров уште кажа дека отстранувањето на Курдите од преговорите за Сирија е високо промислена позиција на Турција, која никој повеќе не споделува.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.046
Мислам дека не е мала можноста за копнено влегување на Турција и Саудиска Арабија во сириската војна.

Со оглед на многу постапки и изјави Ердоган е болен човек, егоманијак...
Не верувам. Зошто ако вазалите влезат во Сирија, значи империјата стои позади нив. Но тоа ќе значи дека почнуваат Трета Светска Војна.
Не гледам што толку се случува на глобално ниво, за светската елита да испаничи до толку. Ниту има реална шанса за брзо воведување на глобален нов светски поредок, преку светска војна.

Туку ајде една едноставна локална анализа од аспект на конвенционално војување. Русија има воздушна надмоќност на теренот, противниците немаат одговор за S-400. Можеби е руската база е ранлива од вода, ама не верувам дека Русите немаат сметано на тие варијанти - Средоземјето во тој регион сигурно е преполно со руски подморници, а флотата е на највисок степен на спремност.

Понатаму, дури и да ја победат Русија во конвенционално војување - што правиме со нуклеарната опција? MAD??
Затоа не верувам дека ’муриканците ќе ја ескалираат работата до таму, а ако Ердоган направи нешто на своја рака - секако ќе го јаде немиен, и тоа по кратка постапка. Но ни тоа не го гледам како можност, затоа што ни тој не е толку очаен - само што си среди реизбор на функцијата преЦедник, нема немири, само Курдите се проблем (ама тоа и не е новост). Да, му пропаѓаат шемите и махинациите во Сирија, ама инака на тоа направи куп пари и не е дека настаниве би требало да го натераат во очај. Пари секако има доволно за 100 животи.
 
Моите претпоставки зад кои не стојам со цврста убеденост е дека е можна голема војна и без непосредно учество на САД. Си размислил дека тоа е најповолно за одржување на нивната светска превласт нешто слично како со однесувањето и американската добивка од претходните две светски војни.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.897
Поени од реакции
13.022
Моите претпоставки зад кои не стојам со цврста убеденост е дека е можна голема војна и без непосредно учество на САД. Си размислил дека тоа е најповолно за одржување на нивната светска превласт нешто слично како со однесувањето и американската добивка од претходните две светски војни.
Јас имам слична теза дека е можна голема регионална војна. Доколку Турција и С.Арабија се обидат да интервенираат тогаш мислам дека Иран нема да остане покус и дека ќе интервенира и тој, заедно со трупи на Ирак и Авганистан, да не ги заборавиме и 30 милионите курди кои ги има во регионот. Постои можност за интрарелигиски конфликт меѓу сунити и шиити.
Со оглед на темпото на пораст на исламот, нема да биде погрешно ова сценарио да е креирано од центрите на моќ на играчите, бидејќи исламот ќе прерасне за опасност на се што е либерално и западно, имуна нема да биде ниту Русија.
Америка ќе ги вооружува едните, Русија и Кина другите.
Тој регион има потенцијал за 10годишен крвав конфликт од кој воените корпорации ќе имат огромен профит.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.447
Поени од реакции
17.882
Мислам дека не е мала можноста за копнено влегување на Турција и Саудиска Арабија во сириската војна.
Можеме ли да претпоставиме дека официјално влегување на Саудиска Арабија би било одлична прилика за изговор за блокирање на Ормутскиот Проток од страна на Иран ( што секако екстремно би ги заострило односите на Иран со САД пред се ) и покачување на цената на нафтата над нивото од пред наглото поефтинување?
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Се надевам дека Турција и С. Арабија ќе влезат во Сирија. Тоа би било win-win ситуација за Русите. Ем нафтата ќе скокне, ем Саудијците и Турците ќе го јадат стапот.
Да не зборуваме за тоа дека воен влез од која било непоканета земја е кршење на меѓународното право и им дава целосен легитимитет на Асад и сојузниците да ги толчат окупаторите. Веројатно Турците не се свесни дека Сирија поседува еден од најголемите арсенали на балистички ракети.
Но пред да се судрат со Асад, прво треба да се судрат со Курдите, ИСИС и сл, кои имаат разновидни оружја, меѓу кои и наведувани противтенковски проектили. Секое влегување ќе ги чини скапо.
И доколку фрлат само една бомба врз Сириската армија, ќе се соочат со моќниот С-300 што Сиријците неодамна го добијаа од Русија.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.046
Моите претпоставки зад кои не стојам со цврста убеденост е дека е можна голема војна и без непосредно учество на САД. Си размислил дека тоа е најповолно за одржување на нивната светска превласт нешто слично како со однесувањето и американската добивка од претходните две светски војни.
Како?
Јуруците и Саудијците ќе бидат збришани од мапите по кратка постапка, без воено вмешување од САД. Во однос на тоа што ќе се случи, блицкригот на Рајхстагот ќе изгледа како читање на Војна и Мир - со паузи за чај на секои пар саати. ;)
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Јас имам слична теза дека е можна голема регионална војна. Доколку Турција и С.Арабија се обидат да интервенираат тогаш мислам дека Иран нема да остане покус и дека ќе интервенира и тој, заедно со трупи на Ирак и Авганистан, да не ги заборавиме и 30 милионите курди кои ги има во регионот. Постои можност за интрарелигиски конфликт меѓу сунити и шиити.
Со оглед на темпото на пораст на исламот, нема да биде погрешно ова сценарио да е креирано од центрите на моќ на играчите, бидејќи исламот ќе прерасне за опасност на се што е либерално и западно, имуна нема да биде ниту Русија.
Америка ќе ги вооружува едните, Русија и Кина другите.
Тој регион има потенцијал за 10годишен крвав конфликт од кој воените корпорации ќе имат огромен профит.
Да мислев на потполно истото можно сценарио. Со тоа што таа ескалација може да не биде завршното ниво. Можни се и други замешувања кои тешко можат да се предвидат.
Египет, Израел...
При така голема војна, меѓународната заедница ќе изгуби политичка моќ за влијание и надглед над состојбите, така што некои политики во поблиски или дури и подалечни подрачја може да почувствуваат шанса за остварување на своите замисли. Палестина, Азербејџан, Грузија, Кипар, Косово... многу ги има.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Со што ќе ги поддржи Асад Курдите после војната? Со чатали? Асад нема да има после војната капацитет да поддржува било кого, без разлика дали тоа било на воен план или пак на финансиски. Цела држава му е распадната, колабирана на секое поле, инфраструктурата (од било кој тип) му е пепел сторена. Тоа можат единствено Русите да го направат и никој друг. А и Курдите веќе добиваат поддршка од САД. Ердоган затоа и последниве денови се соочи индиректно со САД и ги стави пред избор: или „ние“ или „тие“. Тоа им го порача на САД Ердоган неодамна. Тоа дека Асад ќе поддржува некој после војната нема воопшто да се случи од моја гледна точка.

А Американците и те како ќе изгубат статус ако Русите ја добијат војната со Асад. Тие тврдеа уште од самиот почеток дека можат со обични бомбардирања да ја поразат ИД и тие беа тие кои тврдеа дека ќе ѝ стават крај на таа војна. Што се случи после тоа? Скоро три години (ако не и повеќе) вршат таму бомбардирања и како резултат на нивното бомбардирање само се зголеми територијата на ИД и регионот стана уште поопасен. Русите ќе ја добијат оваа војна ако продолжат вака и ќе им докажат на Американците само дека веќе не се способни воено да реагираат како што беа порано. Тие веќе доволно попија шамари од Русите, ова сега ќе биде за нив како што пишав погоре нокаут.

Ќе изгубат и тоа премногу ќе изгубат, ајт ти, остај таа работа. Путин е опасна лисица, знае што прави.

Ако Америка не реагира сега готово, губат статус на светска моќ. Русите веќе го изгубија еднаш, сега по се изгледа им е дојден редот на Американците.
Доволно е тоа што Асад ќе ги остави Курдите и нема да му се меша, ќе им ја даде на располагање цела територија.
Доволни се и разузнавачки податоци, воздушно шпионирање и сл. Асад доколку победи, сигурно ќе им се одмазди на Турците.

Американците не ги интересира некаков статус или титула. Утре може да бомбардираат друга земја, да спречат некој диктатор и да си го повратат статусот до некаде. Статусот не е тоа што ги спречува или овозможува да влезат во конфликт.
Да, поразот во Сирија ќе боли, но никако нема да влијае врз воената моќ.

Русија е единствената страна во конфликтот на која и одговара бесконечен конфликт. Затоа што не им одговара ниту ирански гасовод преку Сирија, исто како што не им одговара катарски (читај амерички) гасовод. И двата гасоводи ќе бидат конкуренција на руските гасоводи кон Европа. Затоа го играат Асад полека и контролирано, да не изгуби ама и да не победи пребрзи, и во исто време да знае кој е вистинскиот газда и колку лесно ќе падне (Асад) без нивна подршка (или со нивна подршка за да падне). Русија е во Сирија со намера да остане, ја научиле добро лекцијата од ’муриканците.
Како додатен стратешки момент, Русите имаат неброени залихи на конвенционално оружје и муниција, кои веќе им иде крајот на рокот на употреба. Плус сето ова е нели, невидена реклама за нивната воена индустрија.
Па не им одговара баш бесконечен конфликт. Русија со руските фирми може да го изгради Иранскиот гасовод и да го препродава Иранскиот гас на Европа. Најголемиот дел од профитот ќе оди во Русија. Како што прави со дел од Азербејџанскиот и Казахстанскиот гас. Впрочем, договор за изградба на Ирански гасовод беше склучен пред војната во Сирија. Русија тогаш немаше никаков приговор, бидејќи имаа корист од тоа.
Можеби тоа е и единствениот начин Русија да воспостави монопол врз снабдувањето на енергенски за Европа. Европа има политика да не зависи само од еден снабдувач, за што плаќаат и многу повисоки цени за увоз на гас од Катар, САД, Северен поток не го искористува максималниот проток (само половина) благодарение на таа политика, се само да не станат зависни од Русија.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.703
Поени од реакции
42.289
А јас пак мислам дека никој нема да проба ништо, најмалце саудиска арабија, а турците без нивната помош исто така ќе се повлечат од идејата.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Како?
Јуруците и Саудијците ќе бидат збришани од мапите по кратка постапка, без воено вмешување од САД. Во однос на тоа што ќе се случи, блицкригот на Рајхстагот ќе изгледа како читање на Војна и Мир - со паузи за чај на секои пар саати. ;)
Се разбира дека Русија е далеку посилна од Турција, но тоа сепак би бил прилично крупен залак кој би барал целосна воена вклученост на копно, воздух, вода, со се освен нуклеарните сили. Дали такво нешто би било поволно за Русија? Се разбира дека не. А едноставно е да се одговори: за кого би било поволно и кој би го посакувал?
Турција воопшто не е за потценување ниту во поглед на техничката воена сила ниту турците како борци. Турците биле и верувам дека сеуште се издржливи и многу досетливи војници. Заостануваат многу позади Русија, но се крупен залак.
Саудијците се смешки, залегнати се и не бива од нив војска. Единствено им вреди оружјето кое го имаат и може ќе го употреби некој што знае, ако купат борци како се што купуваат.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Во регионот само Израел и Турција имаат капацитет да извршат воени операции и окупации. А саудијците немаа капацитет со еден Јемен да излезат до крај..
Ако се случи едно такво сценарио Саудијците ќе бидат топовско месо. Нема потреба Израел или Турција да интервенира во Сирија.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Се надевам дека Турција и С. Арабија ќе влезат во Сирија. Тоа би било win-win ситуација за Русите. Ем нафтата ќе скокне, ем Саудијците и Турците ќе го јадат стапот.
Да не зборуваме за тоа дека воен влез од која било непоканета земја е кршење на меѓународното право и им дава целосен легитимитет на Асад и сојузниците да ги толчат окупаторите. Веројатно Турците не се свесни дека Сирија поседува еден од најголемите арсенали на балистички ракети.
Но пред да се судрат со Асад, прво треба да се судрат со Курдите, ИСИС и сл, кои имаат разновидни оружја, меѓу кои и наведувани противтенковски проектили. Секое влегување ќе ги чини скапо.
И доколку фрлат само една бомба врз Сириската армија, ќе се соочат со моќниот С-300 што Сиријците неодамна го добијаа од Русија.
Ниту курдите, ниту сиријците се проблем за турската војска туку само Иран.
Доколку Турција ја употреби својата воена моќ Курдите ќе бидат прегазени за неколку недели. Сирија е воено прилично истрошена. Нејзината моќ за војување е минимална, а на терен сите т.н. бунтовници ќе станат турска логистика. Русија не може да стигне секаде и Сирија би паднала во рок од 2-5 месеци. Само целосно воено вклучување на Иран ќе може значително да го успори и отежни турскиот продор (или директна руско-турска војна). А тоа е веќе голема војна, со исходи што не се поволни за ниеден подлабоко завлезен учесник, вклучувајќи ја и Русија. САД се подповлекоа и ова би бил посакуван тек на настани.
 
Последно уредено:
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Се надевам дека Турција и С. Арабија ќе влезат во Сирија. Тоа би било win-win ситуација за Русите. Ем нафтата ќе скокне, ем Саудијците и Турците ќе го јадат стапот.
Да не зборуваме за тоа дека воен влез од која било непоканета земја е кршење на меѓународното право и им дава целосен легитимитет на Асад и сојузниците да ги толчат окупаторите. Веројатно Турците не се свесни дека Сирија поседува еден од најголемите арсенали на балистички ракети.
Но пред да се судрат со Асад, прво треба да се судрат со Курдите, ИСИС и сл, кои имаат разновидни оружја, меѓу кои и наведувани противтенковски проектили. Секое влегување ќе ги чини скапо.
И доколку фрлат само една бомба врз Сириската армија, ќе се соочат со моќниот С-300 што Сиријците неодамна го добијаа од Русија.
Не сум сигурен за тоа дали ,ИСИЛ, Асад,или курдите би можеле воено да направат нешто против Турција, особено не во оваа состојба , разрушени од граѓанска војна и во моменти кога на повидок е крајот на владеењето на Асад и ако што Американците велат дека целта не е режимот. Инаку тие ни во нормални околности немаат никакви шанси против Турската Армија, тука мора да сме реални ,Дури и да беа помоќни од Турција, никогаш не би се осмелиле да ја нападнат Турција. Зашто? Article 5 of the Washington Agreement of 1949, заедно со Article 51 of the UN Charter, ете затоа. Некои членки на НАТО радо чекаат добра причина за да влезат во Сирија а со си тоа целосно и легитимно да се шират во блискиот исток, а и не сум баш сигурен дека Асад или било кој друг би сакал да си го навлече тоа на себеси. Доколку Сирија ,Иран,ИСИЛ или било кој да реши да ја нападне Турција со модифицирани Скад ракети например или со било што, тоа ќе биде ИСИЛОВИОТ и Асадовиот крај на Сирија комплетно во пакет со си сите други лешинари .

Во врска со Курдите, сите четири земји каде што Курдите живеат (Турција, Сирија, Иран и Ирак) се плашат од создавањето на независен ''Курдистан'', кој може да се каже дека веќе постои de facto, но не и de jure. Тоа многу тешко ќе се одвива во врска со Турција, како земја-членка на НАТО,и како втора најголема армија во алијансата,а исто така и една од најмоќните регионални сили и важен партнер на САД во овој дел од светот. Сирија е и онака во хаос, така да, тоа не би ме чудело. Иран е одамна гледан како Лошата Империја од Америка, така да, нит тоа не би ме зачудило.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom