Конфликтот во Сирија

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Инаку, на темава. Од почетокот на ноември сириската војска успеа да ги стабилизира позициите и да земе здив, па од дефанзива премина во слаба, но стабилна офанзива на целиот фронт.

Речиси половина од загубените територии на североистокот од Латакија веќе се повратени под контрола на армијата, и после освојувањето на Салма/Марунија сириската армија ќе се обиде да напредува кон останатите главни упоришта на терористите и опозиционерите во овој регион како Рабија, Кинсаба и Џиср-ал-Шугур..

aaa.jpg
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.299
Поени од реакции
1.806
Многу ги млатат во Латакија, тука е важно да ја пресечат границата со Турска и да не дозволат со помош на туркмените да за грабнат територија и направат некој нов турски халифат. Како територија е малечко парче но е планинска и горска месност, така да ослободувањето оди бавно но се гледа крајот.


Хомс овие два големи котли, веќе се намалија, особено последнава недела загубија дваесетина %



Главниот град Дамаск, тука малку послабо оди ослободувањето, многу здраво се вкопани, имаат цела инфраструктура од подземни тунели но тука дејствуваат по сила на помал отпор, го ослободија аеродромот Марџ АС-Султан, гледаме долу се оформува едно малечко котелче, полека од секаде каде што е полесно ги ослободуваат приградските населби,

Алепо е слично со Дамаск, и таму се запечатени некој населби со терористи, со тоа што не се опкружени а имаат врска со провинција Идлиб. Од десно е ослободената база Кувејрис, таму се и сојузниците Иран, Хизбула, порано копаа надолу, но гледам последнава недела тргнаа нагоре кон град Тадеф и Ел Баб, и тука се оформува едно котелче.
Горе лево работи Асад и нова помош неколку илјади доброволци од Ирак, таму е единствена врска по копно меѓу Идлиб и Рака(ИСИС има врска преку сојузниот Турска), скоро ќе ја затворат.
Доле лево работи Хизбула, Асад, Иран, минатата година доста ослободија, сега побавно напредуваат

Мислам дека војната е кон крајот, главно е да земе контрола на границите, ИСИС да нема коридор кон сојузниците Израел, Турска и Јордан, а останатите 40% пустина под контрола на ИСИС, кога ќе дојде време, многу брзо ќе ги ослободат.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.533
Поени од реакции
33.674
Луѓе дали јас само тука гледам битка помеѓу САД и Русија на неутрален терен или трипувам? Јас мислам дека САД стратешки сакаат да ја завземат Сирија за да...
...за да направат гасовод од Катар до Европа, и да го намалат руското влијание во Европа.


...ми светна некни една мисла во врска со бегалскава криза...
Што ако државите од европската унија кажат...ДОСТА Е, вракајте ги назад ниту имаме пари за нив ниту сакаме да ни прават проблеми повеке, премногу се
На оваа опасност предупредуваме повеќемина, уште од лани пролетта. Само успанава раја не се штреца многу...
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.261
Поени од реакции
15.366
Прв пат русите , т.е. Путин ја спомна можноста за азил на Асад. Се ближи разврската на хаосот
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.261
Поени од реакции
15.366
Вчера на вести тоа го кажаа.....јас слушав на некое радио во канцеларија, како вести од светот. Демек Путин рекол ако затреба ќе му пружи ``уточиште`` на Асад
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.533
Поени од реакции
33.674
Па тоа се знаеше уште од претходниот милениум. Ова е очигледно патка на западна пропаганда, онака да се обидат да го испаничат Асад или тие окулу него.
Русија не си оди од Сирија се додека тотално не го загуби геостратешкиот судир со западната банкарско-елитистичка багра. Одење од Сирија за Русија е еднакво на капитулација, откажување на секакво влијание не само на енергетски важниот Близок Исток, туку уште поважно - откажување на секакво влијание во Европа. Пошто нели, целта на западот е низ Сирија да се изгради гасовод од Катар, и целосно да се замени рускиот гас (и политичко влијание).

Притоа треба да се напомне дека на Русија одлично и оди во интервенцијата во Сирија. Не ги кошта многу скапо. И онака имаат огромен арсенал од конвенционална воена техника, оружје и муниција, и тоа огромни залихи чие складирање и одржување секако кошта пари. Добиваат добра реклама за технологијата, потенцијалните купци внимателно гледаат. Единствен вистински трошок е горивото, ама ’муриканците и со тоа се заебаа малку во пресметките со стратегијата на спуштање на цената на нафтата - ниската цена на нафтата значи и ниска цена на летовите на руските авиони!! :D


Значи Русија не само што нема намера да си оди од Сирија, туку и не сака ниту некакво брзо решение на војната во Сирија. Зошто? Па затоа што на Русија не и одговара ниту ирански гасовод кон Европа! ;)
Токму пред војната, Сирија и Ирак потпишаа договор за градење таков гасовод, непосредно после одбивањето на Сирија на иста таква понуда за гасовод од Катар. Тогаш се десија „спонтаните“ демонстрации и оружено бунтување на „демократската опозиција“.


Како и да е, извесно е дека Сирија и Сиријците ќе страдаат уште долго време. :([DOUBLEPOST=1452711942][/DOUBLEPOST]https://prod01-cdn07.cdn.firstlook.org/wp-uploads/sites/1/2016/01/Shia-and-Oil-lg.jpg

Црвените флеки се гасните полиња (црните се нафтените полиња). Тие со жолта ивица се супер полиња. Тоа (поле) во Катар се гледа и без зумирање, но приметете дека го делат со Иран. Од истиот „бунар“ би црпел било кој и да продава на Европа. А ќе продава тој кој ќе направи гасовод - КОЈ МОРА ДА ПОМИНУВА НИЗ СИРИЈА!!!
Русија има интерес конфликтот во Сирија да се продолжи долго. Иранците се свесни за тоа, ама тоа е подобро од паѓање на Сирија во Сунитски раце, и градење на сунитски (катарски) гасовод.
Заплеткано, нели...?
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Пак ќе прашам индирекно кажуваш дека Русија е крива за конфликтот во Сирија? Оти тоа така излегува....
Инаку има многу теории оваа твојата за гасоводот држи вода оти цела Европа е зависна од Рускиот гас....
 
Член од
12 јануари 2016
Мислења
38
Поени од реакции
20
Сирија гладуе, цената на нафтата паѓа ко луда на берза.
Предвидувањата се безполезни дури и од најискусните брокери на берзите кога се работи за реалната цена моментална и во следната година.
Тоа што всушност се случува е дотур на не-евидентирани количини-шверц премолчен на нафта на северно-американскиот пазар.
Нафта купена со крв.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.533
Поени од реакции
33.674
Пак ќе прашам индирекно кажуваш дека Русија е крива за конфликтот во Сирија? Оти тоа така излегува....
Инаку има многу теории оваа твојата за гасоводот држи вода оти цела Европа е зависна од Рускиот гас....
Не, туку сосема директно кажувам дека Русија е „крива“ за конфликтот во Сирија. Ама таа самата (Русија) не е директно, туку индиректно е „крива“. ;)

Малку се шегувам, иако се е баш така како што кажав. Буквално е така. Без Русија конфликтот во Сирија одамна ќе беше готов, ’муриканците преку Сауди Арабија, Катар, Турција, и другите сунитски муслимани, без руската помош досега одамна ќе го симнеа Асад од власт (и ќе изградеа гасовод од Катар кон Европа).
Но ако гледаш кој директно е крив, тоа е ’мурика чии вазали (премалку ги набројав) предизвикаа цивилна војна во Сирија и ги создадоа и ги финансираат, и наоружуваат ИСИС (исто како и Ал Каеда некоја деценија претходно, и сега).
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Тоа и јас помислив само заборавив на гасоводот, или можеби и не сум знаел....
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.376
Поени од реакции
5.011
Па тоа се знаеше уште од претходниот милениум. Ова е очигледно патка на западна пропаганда, онака да се обидат да го испаничат Асад или тие окулу него.
Русија не си оди од Сирија се додека тотално не го загуби геостратешкиот судир со западната банкарско-елитистичка багра. Одење од Сирија за Русија е еднакво на капитулација, откажување на секакво влијание не само на енергетски важниот Близок Исток, туку уште поважно - откажување на секакво влијание во Европа. Пошто нели, целта на западот е низ Сирија да се изгради гасовод од Катар, и целосно да се замени рускиот гас (и политичко влијание).

Притоа треба да се напомне дека на Русија одлично и оди во интервенцијата во Сирија. Не ги кошта многу скапо. И онака имаат огромен арсенал од конвенционална воена техника, оружје и муниција, и тоа огромни залихи чие складирање и одржување секако кошта пари. Добиваат добра реклама за технологијата, потенцијалните купци внимателно гледаат. Единствен вистински трошок е горивото, ама ’муриканците и со тоа се заебаа малку во пресметките со стратегијата на спуштање на цената на нафтата - ниската цена на нафтата значи и ниска цена на летовите на руските авиони!! :D


Значи Русија не само што нема намера да си оди од Сирија, туку и не сака ниту некакво брзо решение на војната во Сирија. Зошто? Па затоа што на Русија не и одговара ниту ирански гасовод кон Европа! ;)
Токму пред војната, Сирија и Ирак потпишаа договор за градење таков гасовод, непосредно после одбивањето на Сирија на иста таква понуда за гасовод од Катар. Тогаш се десија „спонтаните“ демонстрации и оружено бунтување на „демократската опозиција“.


Како и да е, извесно е дека Сирија и Сиријците ќе страдаат уште долго време. :([DOUBLEPOST=1452711942][/DOUBLEPOST]https://prod01-cdn07.cdn.firstlook.org/wp-uploads/sites/1/2016/01/Shia-and-Oil-lg.jpg

Црвените флеки се гасните полиња (црните се нафтените полиња). Тие со жолта ивица се супер полиња. Тоа (поле) во Катар се гледа и без зумирање, но приметете дека го делат со Иран. Од истиот „бунар“ би црпел било кој и да продава на Европа. А ќе продава тој кој ќе направи гасовод - КОЈ МОРА ДА ПОМИНУВА НИЗ СИРИЈА!!!
Русија има интерес конфликтот во Сирија да се продолжи долго. Иранците се свесни за тоа, ама тоа е подобро од паѓање на Сирија во Сунитски раце, и градење на сунитски (катарски) гасовод.
Заплеткано, нели...?
Целта на Русија е да го обезбеди Асад (или било која структура која ќе биде на Руска страна) со што ќе има големо влијание во Сирија и ќе диктира кој смее и не смее да гради нафтоводи и гасоводи. Но се додека на терен не стане мирно, нема да постои гасовод. Нешто што ќе биде тешко, дури и по поразот на сите исламистички групи. Со години нема да се исчисти теренот од бунтовници кои редовно ќе извршуваат напади.

Не е точно дека евентуален гасовод/нафтовод од Катар мора да минува низ Сирија, но е многу пожелно. Секоја обиколка на Сирија би вклучувала ризици не сметајќи ги тука трошоците. Почнувајќи од зависност од една земја транзит, до договарање на цени за транзитот на гасот итн.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.533
Поени од реакции
33.674
Ја погледа таа мапата погоре што ја поставив, со гасните полиња во Персискиот Залив?
Епа Русија не сака ништо од тие огромни гасни резерви да дојдат во Европа, која е рускиот најлукративен енергетски пазар, и геостратешки најважно подрачје на влијание. Затоа во интерес на Русија е конфликтот во Сирија да се оддолжи до недоглед. Русија не го започна тој конфликт, ’муриканските вазали го почнаа со тоа што по наредба на газдите, ги создадоа ИСИС (исто како и Ал Каеда претходно). Русија не го започна тој конфликт, но секако дека ќе го искористи за свои интереси. Тоа е геополитика, реална политика. Нема тука никакви пријатели, само интереси.

Не е точно дека евентуален гасовод/нафтовод од Катар мора да минува низ Сирија, но е многу пожелно. Секоја обиколка на Сирија би вклучувала ризици не сметајќи ги тука трошоците. Почнувајќи од зависност од една земја транзит, до договарање на цени за транзитот на гасот итн.
Теоретски се е можно, можат и да постават подводни цевки окулу Арабискиот Полуостров и низ Суецкиот Канал да излезат накај Европа.
Но како што кажа, колку ќе кошта тоа? Колку време ќе потрае изградбата? И секако, колку ќе биде безбеден тој гасовод? Ќе поминува низ Јеменски територијални води? М’хмм? Таму не се водеше цивилна војна?

Погледај на мапата, Азербејџан колку гасни (и нафтени) полиња има? Зошто никогаш не се изгради гасовод од Азербејџан накај Европа? Азерско-Ерменската војна сега не ти звучи како рандом случување? М’хмм? ;)
Епа од истите причини, и низ Сирија нема да минува гасовод. Барем не без руски амин (и соодветен договор), иако не гледам што тоа Иран може да понуди - а да вреди повеќе од рускиот интерес во Европа.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Погледај на мапата, Азербејџан колку гасни (и нафтени) полиња има? Зошто никогаш не се изгради гасовод од Азербејџан накај Европа? Азерско-Ерменската војна сега не ти звучи како рандом случување? М’хмм? ;)
.
Резервите на гас во Азербејџан не се доволни за еден таков гасовод , кој би задоволувал разумен процент од европскиот пазар . Набуко беше еден таков пробен балон , на крај и САД виде дека од тоа дете не бива ништо и го пушти по вода.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.533
Поени од реакции
33.674
Тоа е званичното објаснување. Можеби дури (делумно) е вистина, но тоа што е сигурно - е дека никој не сака да призне пораз. Цела наука е пропагандата денес, и од никакви спинови и лаги не се либат. Еве во ’мурика на домашните гласачи им пласираат руски снимки од бомбардирања на нафтени конвои од ИСИС. Да гледаш вести од нивни меинстрим медиуми, ќе помислиш дека ’муриканците цела година ипол озбилно се борат против страшните ИСИС. :)

...на крај и САД виде дека од тоа дете не бива ништо и го пушти по вода.
Макар и десетина години да можеа да го експлоатираат, ќе го направеа. Ама факт е дека Русија активира воен конфликт на Азербејџан, со Ерменија, и сега тој конфликт се држи нерешен и замрзнат. Ако притреба уште утре ќе го активираат. Гасовод градење таму е нереална фантазија.
Тоа е тоа што го видоа ’муриканците.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom